Ле Пен: Нема да се кандидирам за претседател со алка на ногата - Канал 5

Ле Пен: Нема да се кандидирам за претседател со алка на ногата

Лидерката на парламентарната група на крајнодесничарската партија Национален собир (RN), Марин Ле Пен, изјави дека не ја изгубила надежта оти ќе може да се кандидира на претседателските избори в година.

Ле Пен: Нема да се кандидирам за претседател со алка на ногата

Лидерката на парламентарната група на крајнодесничарската партија Национален собир (RN), Марин Ле Пен, изјави дека не ја изгубила надежта оти ќе може да се кандидира на претседателските избори в година, но дека нема да се кандидира ако судот ѝ наложи да носи алка на ногата, дури и ако ѝ се укине забраната за јавни работи.

Во интервју за телевизијата БфМ, таа рече дека ако нејзината забрана се укине и се смени во домашен притвор, таа нема да се кандидира за функцијата шеф на државата.

„Не можете да водите кампања под овие услови. Можете ли да водите кампања без да можете да одите на митинзи со вашите гласачи? Тоа би бил уште еден начин да ме спречите да се кандидирам. Не сум резигнирана, јас сум мудра. Знам дека одлуката не зависи од мене“, рече Ле Пен.

Таа додаде дека неизвесноста во врска со одлуката на судот ја спречува нејзината партија да почне претседателска кампања иако во моментот води на анкетите за првиот круг од изборите.

Според неа, доколку судот ја спречи да се кандидира за претседател четврти пат, таа ќе му даде предност на својот партиски колега Жордан Бардела (29), кој има добри резултати на анкетите.

Таа додаде дека Бардела исто така ќе почне со подготовките за кампањата по локалните избори во Франција во март и ќе остане вклучена во кампањата, дури и ако не се кандидира, но нема да се стреми да го засени својот штитеник.

Во случај на пресуда на 7 јули на Ле Пен може да ѝ биде забрането да води кампања.

„Ова чекање ми е тешко, не поради мене лично, туку затоа што претседателската кампања може да почне на 1 март, но всушност тоа нема да биде можно пред 7 јули. Кога си патриот, кога имаш волја, а тој има квалитети, волја, јасност на визијата да биде кандидат“, рече Ле Пен.

Во интервјуто Ле Пен го критикува лидерот на Непокрона Франција, Жан-Лук Меланшон, обвинувајќи го дека со своите изјави поддржува насилство и ја легитимира екстремната левица, која, тврди таа, сака да го дестабилизира политичкиот систем.

Зборувајќи за екстремно десничарските групи поврзани со Националниот собор, Ле Пен повтори дека ги исклучила таквите групи веднаш по преземањето на партијата тврдејќи дека Националниот собор сега е целосно дистанцирана партија од нив.

Ле Пен исто така коментира за општинските избори нагласувајќи дека нејзината партија нема да ги повлече своите кандидати и ќе се обиде да освои што е можно повеќе градови, иако не даде конкретни цели.

„Не се плашам од избори. На Французите им беа скратени парламентарните избори. Сега ќе може да кажат што мислат“, рече таа.

Таа исто така го критикува претседателот Емануел Макрон за тоа што не им дозволил на Французите да го кажат своето мислење преку предвремените парламентарни избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе

Аутопсијата откри од што почина центарфорот на шпанскиот второлигаш Тенерифе, Хесус де Мигел!

Пристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе

30 годишниот напаѓач на Тенерифе починал како последица на трауматска повреда на градниот кош, здобиена при тежок судир со голманот на Андора, Хесус Овоно.

Првичните наоди дадоа одговор за причината за смртта на фудбалерот, кој го загуби животот еден ден по натпреварот, додека истрагата за сите околности на трагедијата сè уште трае.

Според информации од шпанските медиуми, повредата е оценета како причина што би можела да доведе до фатален исход.

Сепак, форензичките испитувања сè уште не се завршени, а конечниот извештај треба да даде поцелосна слика за тоа што се случило. Истрагата е сè уште во тек, а истражителите ги проверуваат сите околности на трагедијата, вклучително и медицинската помош што фудбалерот ја добил по судирот.

Шокатниот настан се случи на 2 ноември, за време на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора во втората шпанска лига.

Натпреварот беше во самиот финиш се играше судиското надополнување, резултатот беше 2:2, а Де Мигел тргна во напад по долгата асистенцијата од своите дефанзивци, се обиде да стигне до топката, но скоро на половина терен се случи стратотниот судир со противничкиот голман.

Голманот на Андора, Хесус Овоно, беше излезен далеку од својот шеснаесетник за да интервенира. Во обидот да стигне до топката, тој го удри Де Мигел со нога во горниот дел од телото. Напаѓачот на Тенерифе веднаш падна на тревата и остана неподвижен.

Фудбалерите на двата тима веднаш почнаа да повикуваат лекарска екипа. Судијата му покажа директен црвен картон на Овоно, наведувајќи дека голманот го удрил противникот со подигната нога и со прекумерна сила, додека топката била во игра.

Лекарскиот тим пристигна брзо до повредениот фудбалер и започна со давање на медицинската помош. Потоа, Де Мигел беше изнесен од теренот на носила и пренесен во болница, каде што беше примен во тешка состојба.

За време на транспортот, тој доживеал срцев застој, но лекарите успеаја да му го вратат пулсот. Сепак, и покрај напорите на медицинскиот персонал, неговата состојба се влоши, а во вторникот наутро беше потврдена неговата смрт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјите од групата „Квад“започнува голема воена вежба

Земјите од групата „Квад“ (Quad) – Соединетите Американски Држави, Јапонија, Австралија и Индија–денеска започнаа заедничка поморска воена вежба наречена „Малабар“ во водите кај регионот Канто, во близина на Токио, соопштија јапонските поморски сили.

Земјите од групата „Квад“започнува голема воена вежба

Во соопштението се наведува дека четирите земји имаат за цел да ги зајакнат меѓусебните врски преку заедничка обука, која ќе трае до 12 ноември и ќе опфати вежби за реагирање на дејствијата на подморници и поморски сили, пренесе агенцијата „Кјодо“.

„Безбедносната ситуација во регионот на Индо-Пацификот станува сè посложена“, изјави вицеадмиралот Кацуши Омачи, командант на јапонската флота, на свеченото отворање на вежбата, одржано на хеликоптерскиот носач „Исе“, закотвен во поморската база Јокосука, недалеку од Токио.

Околу 200 претставници од четирите земји-членки на „Квад“ (Quad) присуствуваа на церемонијата со која беше означен почетокот на вежбата. Поморската вежба „Малабар“ започна во 1992 година како билатерална иницијатива на морнариците на САД и Индија, додека поморските сили на Јапонија се приклучија во 2007 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Моментално сум бездомник“: Шок-признание на актер кој на сметката има 30 милиони

Шок-признание на  мегапопулараниот актер, холивудската ѕвезда Николас Кејџ  кој на сметката има 30 милиони, купувал замоци, а сега спие по хотели

„Моментално сум бездомник“: Шок-признание на актер кој на сметката има 30 милиони

Актерот Николас Кејџ ги изненади многумина кога објави дека морал привремено да ја напушти својата вила во Малибу, вредна 10,5 милиони долари, откако огромна дупка во земјата го оштетила теренот околу неговиот имот.

Актерот Николас Кејџ неодамна ги шокираше обожавателите кога на еден настан отворено изјави дека „моментално е бездомник“.

Кејџ призна дека во моментов нема дом, откако во близина на неговата вила во Малибу, Калифорнија, се појавила огромна дупка во земјата – настаната како последица на ерозија на почвата – која предизвикала оштетувања што го оневозможуваат неговото враќање дома. Актерот бил принуден да се евакуира, па затоа привремено престојува во хотели.

За ова тој зборуваше за време на своето гостување на „Лос Анџелес Комик Кон“ (Los Angeles Comic Con) на 31 октомври. Зборувајќи за своите планови за Ноќта на вештерките, Кејџ објасни дека оваа година нема да може да ги пречека децата од соседството во својот дом.

„Во моментов сум бездомник“, прокоментира актерот.

Оваа ситуација е особено необична, со оглед на имотот што го поседува актерот.

Тој го купил имотот во Малибу во 2024 година за приближно 10,5 милиони долари. Луксузна куќа покрај океанот сега е во центарот на проблем што надминува обично оштетување на имотот. Тој не може нормално да го користи својот имот и морал да најде сместување на друго место, пишува „Glossy“.

Сè започна во септември, кога обилните дождови и крајбрежната ерозија предизвикаа уривање на земјиштето до куќата. Настанатата дупка со текот на времето го проголта пристапниот пат, како и дел од надворешните објекти.

Богатството на Николас Кејџ се проценува на околу 30 милиони долари. Во периодот помеѓу 1996 и 2011 година, тој заработил над 150 милиони долари, а на врвот на својата слава, неговиот годишен приход изнесувал повеќе од 40 милиони долари.

Поради својот екстравагантен начин на живот – купување замоци, острови, скапи автомобили, па дури и черепи од диносауруси – како и поради огромните даночни долгови, тој западнал во сериозни финансиски проблеми и банкрот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер