Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами
1Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
СветЛе Пен на судењето за проневера тврди дека не прекршила ниту едно правило на ЕПФранцуската екстремно десничарска лидерка Марин Ле Пен се појави вчера пред судот во Париз каде што таа и другите француски десничарски националисти се обвинети дека примале средства за лажниот персонал на Европскиот парламент.Заедно со долгогодишниот лидер на Националниот собир, Марин Ле Пен, меѓу 28-те обвинети за проневера на јавни пари е и нејзиниот татко и основач на партијата, Жан-Мари Ле Пен. Марин Ле Пен секогаш ги негираше обвинувањата кои се однесуваат на времето од 2004 до 2016 година, а кои се насочени против партијата Национален собир и против поранешни избрани функционери и нивните помошници. -Не прекршивме никакво политичко правило или правило на Европскиот парламент, рече Ле Пен пред судот пред почетокот на формалното судење. При читањето на обвинението таа одговори дека „ќе одговори на сите поставени прашања“. Според обвинителството, Ле Пен и нејзините колеги од партиите „Национален фронт“ и „Национален собир“ користеле пари наменети за плаќање помошници на пратениците во Европскиот парламент за да им платат на луѓето кои извршувале работа за партијата во Франција. Во случајот наводно станува збор за сума од речиси седум милиони евра. Ле Пен пред една година му врати на Европскиот парламент 330.000 евра. Сепак, од нејзината партија нагласија дека тоа не е признавање на престап. Аферата со години ги оптоварува Ле Пен и нејзината партија. Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите се соочуваат со големи парични казни или до 10 години затвор. Исто така, доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите би можеле да добијат забрана за вршење јавна функција во рок од пет години, што би можело да ја спречи кандидатурата на Ле Пен на следните претседателски избори во 2027 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаПревентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измамиВо непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило.Вчера (13.11.) во Ресен и на излезите од градот, полициски службеници од ОВР Ресен на возачите на моторни возила делеа едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива. Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот. Денеска (14.11.), полициски службеници од Полициската станица Делчево на Градскиот пазар и на повеќе локации во централното градско подрачје во Делчево одржаа повеќе средби со повозрасни граѓани, пензионери, со цел подигнување на свеста за препознавање и спречување телефонски измами. На граѓаните им беше укажано да бидат внимателни при повици од непознати лица кои бараат пари со лажно тврдење дека член на нивното семејство доживеал сообраќајна незгода или се наоѓа во болница. Исто така, им беше укажано да не даваат пари на непознати лица, да ги проверуваат добиените информации преку директен контакт со членовите на семејството и секој сомнителен повик да го пријават на 192 или 112.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветПовеќе од 7.000 луѓе протестираа против самитот за климатски промени „COP31“ во ТурцијаПовеќе од 7.000 луѓе од цела Турција и други земји протестираа на дожд во центарот на АнталијаИлјадници луѓе се собраа во Анталија, местото на годишната конференција на ОН за климатските промени COP31, за да протестираат против собирот за кој велат дека ги игнорира барањата на „вистинските жртви на климатската криза“, јавуваат новинарите на АФП. Свикани од неколку невладини организации за животна средина и човекови права, синдикати и политички партии, повеќе од 7.000 луѓе од цела Турција и други земји протестираа на дожд во центарот на Анталија, според проценките на полицијата. Yaşamı ve dünyayı kurtarmanın tek yolu, bu sömürü düzenine karşı sınıfsal bir dayanışma örmektir. ✊ Sermaye değil yaşam, kâr değil adalet! #COP31 #İklimAdaleti #SınıfsalKriz #Sokaktayız https://t.co/aCJQCo5uoX — Emek Partisi / Antalya (@antalyaemep) November 14, 2026 „Ние ги трпиме последиците од климатската неправда, но нашите гласови никогаш не се слушаат“ „Ние ги трпиме последиците од климатската неправда, но нашите гласови никогаш не се слушаат на COP“, се пожали Халиме Саман од платформата на Народниот климатски самит, која организира алтернативна конференција заедно со COP31, каде што претставници на речиси 200 земји дискутираат за решенија за климатските промени. „Турција е копретседател на COP31, но сè уште нема план да се откаже од фосилните горива. Се отвораат нови термоцентрали и рудници за јаглен. Тие ја имаат крвта од маслиновите дрвја масакрирани во Акбелен на своите раце“, рече таа, осврнувајќи се на шума во југозападна Турција која стана симбол на борбата против проширувањето на рудниците за јаглен. „Компаниите што предизвикуваат уништување на животната средина во Турција се меѓу спонзорите на COP31. Сакаме да ги симнеме овие маски“, додаде Саман. Активист пешачел речиси 600 километри за да учествува во протестот Активистот Јашар Гокоглу, 78, пешачел речиси 600 километри од Адана, во јужна Турција, за да учествува на алтернативниот самит и протест. Неговиот роден град стана една од главните дестинации за пластичен отпад увезен од Европската Унија, што придонесува за загадувањето на Средоземното Море и земјоделското земјиште. „Адана се наоѓа на најплодната земја во светот, но се соочува со безброј опасности: електрани на јаглен и нови петрохемиски проекти. Но, ние сме тука пред сè за да кажеме не на увозот на пластичен отпад“, објасни тој. „Фарса спонзорирана од монополи“ Ѓокоглу не очекува ништо од конференцијата COP31, која ја нарекува „фарса спонзорирана од монополи“. „Ние сме вистинските жртви на климатската криза. За разлика од COP31, од кој знаеме дека ништо нема да произлезе, ние ќе издадеме своја завршна декларација“, рече тој. Извор: Индекс.хрТагови: турција COP31 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: променливо облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook