ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се! - Канал 5

ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!

Владата се чини ја користи истата добро позната финансова шема од проектот „Скопје 2014“ за 35-годишнината од независноста. 

ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!

Како што тогаш вајарката Валентина Стевановска наводно за себе исцица речиси 3 милиони евра за авторски хонорари — од кои само за „Воин на коњ“ зеде 649.000 евра од вкупно 10,5 милиони евра потрошени за споменикот — така денес Владата зад непрегледни извештаи крие милионски суми за еден проект за јубилејна прослава. Народот повторно гледа иста матрица: прослава од 5,5 милиони евра потрошени за 18 настани, каде што просечно се „инвестирало“ по над 300.000 евра од настан за празнење на касата на Државна Лотарија, наместо да се вратат во Буџетот кој ете, бил празен.

Од вкупно потрошените 5,5 милиони евра, дури 2,1 милион евра се заведени како „хонорари за артисти“, но Владата крие колку точно од тие пари легнале на сметката на Дејвид Гета, а колку добиле другите. Прашуваме, дали им беа фрлени трошки на домашните музичари и дали тоа некој на големо се офајди? Исто така ја прашуваме Владата, кога дознавте дека има криза со цената на горивата, а со тоа и во Буџетот, па решивте да фрлате милиони народни пари за прослави? Не можеа ли парите од дивидендата од Државна Лотарија да се искористат порационално, а прославата да биде достојна, но согласно буџетот на граѓаните?

„Ова не е прослава на независноста, туку пресликана матрица од 'Скопје 2014', каде што преку спектакли и задкулисни договори се испумпуваат народни пари. За жал, на јавноста ѝ е кристално јасно дека ниту се промени матрицата на трошење, ниту желбата за местење милионски бизниси под превезот на културата, додека граѓаните тонат во сиромаштија, а институциите се распаѓаат“, порачуваат од ЛДП.

ЛДП упатува директен и остар апел до Јавното обвинителство: До кога ќе молчите и ќе спиете? Ајде што не можевте да се соземете и да се разбудите од летните одмори во текот на целиот септември, но веќе сме средина на октомври и немате повеќе никаков изговор за пасивноста! Јавното обвинителство мора итно да се разбуди, по допрен глас да ги отвори сите договори за 5,5-милионската прослава и да истражи кои компании и поединци ги прибрале милионските маргини.

Граѓаните бараат одговори и одговорност, а не нови фасади, скапи светла и криење зад 81 страница формални извештаи. ЛДП нема да дозволи народните пари повторно да завршуваат во приватни џебови под маската на патриотизам и забава, додека вистинските темели на државата се наоѓаат на колена.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари - Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработка

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, во Истанбул, каде што двајцата учествуваат на Меѓународниот самит за правда.

Шасивари - Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработка

Средбата беше можност за непосреден разговор за состојбите во правосудството, институционалните искуства и предизвиците со кои се соочуваат државите во обезбедувањето ефикасна и достапна правда.

Различните правни системи и институционални искуства нудат можност за размена на гледишта за улогата на правосудството и значењето на владеењето на правото во современите општества.

Соговорниците ја истакнаа вредноста на отворениот дијалог и меѓусебното разбирање како основа за развивање контакти и разгледување можности за идна институционална соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на работната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со Филип Ивановиќ, заменик-претседател на Владата на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи.

Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка

На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, продлабочување на добрососедските односи и можностите за интензивирање на соработката во областите од заемен интерес.

Посебен акцент беше ставен на европската интеграција на земјите, регионалната соработка и значењето на заедничката посветеност на европската перспектива на регионот.

Беше заклучено дека на регионот му се потребни партнерства, регионална повраност и економска соработка. Македонија е подготвена да биде активен партнер во создавањето таков регион, истакна на средбата вицепремиерот Николоски.

Соговорниците ја потврдија важноста на отворениот дијалог и континуираната комуникација, како основа за зајакнување на партнерството меѓу двете земји како и унапредување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежа

Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“.

Јанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежа

Ј.П. Комуналец Кавадарци во соработка со Општина Кавадарци, започна со реализација на проект за откривање дефекти и истекувања во водоводната мрежа, со примена на современа технологија за поефикасно управување со водните ресурси.

Во рамки на овие активности, директорот на ЈП Комуналец потпиша Меморандум за соработка со компанијата Ecotip, со цел примена на современи технолошки решенија за откривање дефекти и намалување на загубите на вода во водоводната мрежа. Проектот предвидува поставување на 20 акустични сензори на карактеристични локации во градската водоводна мрежа. Преку 24-часовни мерења и обработка на податоците со специјализиран софтвер, ќе се овозможи попрецизно лоцирање на потенцијалните истекувања и дефекти.

Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“, а во наредниот период ќе продолжат и на улиците „Илинденска“, „Тиквешко востание“ и на други локации.

Со примената на оваа технологија ќе се овозможи откривање дефекти што тешко се забележуваат со вообичаените методи, без непотребно оштетување на постојната инфраструктура. Очекуваните придобивки се намалување на загубите на вода, побрзо санирање на дефектите и поефикасно одржување на водоводната мрежа.

Преку соработката со Општина Кавадарци и компанијата „Ецотип“, ЈП „Комуналец“ продолжува со воведување современи решенија за унапредување на комуналните услуги и поодговорно управување со водните ресурси, во интерес на сите граѓани, објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер