ЛДП: Пржино заврши, понижување е дека македонците се понеспособни од естонците – треба систем, а не функции - Канал 5

ЛДП: Пржино заврши, понижување е дека македонците се понеспособни од естонците – треба систем, а не функции

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја зацврстува својата позиција за итна модернизација на изборниот процес. 

ЛДП: Пржино заврши, понижување е дека македонците се понеспособни од естонците – треба систем, а не функции

Потребна е вистинска дебата со реални решенија од 21-от век. Виолета Здравковска, со своето долгогодишно искуство со телекомуникациите и дигитализацијата, упати јасна поддршка на тезата на претседателката Моника Зајкова – дека времето на технички влади и партиско манипулирање со изборниот процес е поминато, а иднината е во електронското гласање.

Здравковска, која доаѓа од реалниот сектор на дигитални технологии и е член на ИО на ЛДП, нагласува дека како држава веќе немаме изговори за одложување на овој процес. Според неа, овонеделната дебата за „Пржинска влада“ е изместена и неповрзана со реалните проблеми и можности кои ги нуди 21-от век.

„Како човек кој секојдневно работи со користење на најсовремени технолошки системи, тврдам дека е крајно понижувачки за нашите граѓани да се убедуваат дека сме понеспособни од Естонците. Естонија е земја-близнак на Македонија по големина и тие гласаат електронски веќе две децении. Ако нашиот граѓанин може дигитално да функционира во Германија или Белгија, зошто некој го потценува дека не може тоа да го прави дома?“, прашува Здравковска.

Таа ја потврди пораката на Зајкова дека ЛДП не е заинтересирана за министерски лимузини и нови кабинети кои само го цедат буџетот, туку за воспоставување на систем кој е отпорен на малверзации. Здравковска истакнува дека технологијата е единствениот механизам кој нема партиска книшка и кој не може да биде уценет.

„Пржино како поглавје е затворено. Стравот од манипулација не. Неверојатно е дека единствено ЛДП понуди решение со електронско гласање. Ние имаме знаење, имаме поддршка од ЕУ и имаме биометриска идентификација како прв чекор. Единствено што фали е политичка волја кај големите партии да го тргнат фокусот од парадирањето и да воведат ефикасен систем“, децидна е Здравковска.

ЛДП јасно порачува дека ќе продолжи заедно со граѓаните да инсистира наместо трошење милиони за функции во држава која едвај го преживува секој инфлаторен шок, тие пари и енергија да се насочат кон електронско гласање – решение кое е модерно, европско и пред сè, достоинствено за македонскиот граѓанин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

Популарната босанка пејачка  Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците.

Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено.

Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд.

Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Најдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. 

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен.

Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи.

На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето.

На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер