МакедонијаЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?Дали ја гледате логиката или живееме во некој надреален, паралелен свет? Во истите овие денови, поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, се соочува со судови и притвор за потрошени 8,3 милиони евра дивиденда, додека новата Влада гордо организира прес-конференција за да се пофали како потрошила 5,5 милиони евра од истата таа дивиденда! Како е можно ова да се случува симултано? Дали за оваа Влада ова е воопшто нормално и до кога мислат да ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните? Дали можеби Перпарим се врати во државата за лично да им даде рецепт како да ги дособерат и преостанатите 3 милиони евра? Па потоа по веќе воиграното сценарио: да се повлечат една-две години во странство, договорено да си се вратат дома, да си организираат избори и да се надеваат дека народот ќе го заборави целото ова лудило како уште една безуспешна приказна? За нивна несреќа, не живееме во камено доба. Живееме во дигитално време каде што сѐ се зачувува, сѐ се следи и сѐ останува трајно забележано. Европската Унија многу внимателно ги гледа овие институционални гимнастики и сѐ ќе биде прецизно нотирано во претстојните извештаи за владеење на правото и корупција. А на оваа Влада, за да ги сними, зачува и обработи сите небулозни оправдувања, пропаганди и лудории што ги прави на дневна основа, нема да ѝ биде доволен само еден, туку ќе ѝ требаат барем уште пет нови државни дата-центри за да ги соберат сите гафови и манипулации што ѝ ги сервира на јавноста! Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАртета: Не сум многу задоволен затоа што сакавме да го победиме Баерн во МинхенАктуелниот европски вицешампион Арсенал одигра одличен меч на гости на Алианц арената во Минхен против германскит првак Баерн, и покрај многуте шанси на двете страни и извонредниот фуддбал мечот заврши без победник, 2:2. Гигантот од Лондон со ремието во Минхен ја прекинаа низата победи во групната фаза во Лигата на шампионите започната уште минатата сезона, но сепак предводникот на топчиите Артета треба да биде задоволен од епилогот на дербито. По мечот во Минхен, тренерот на Арсенал, Микел Артета израи мало незадоволство зошто неговиот тим не победил. Топчиите имаа поголем посед на топка, упатија повеќе удари кон голот на противникот, изведоа повеќе корнери, но на крајот се задоволија со еден освоен бод на теренот на германскиот првак. „Го прифаќам ремито, но тоа не значи дека сме многу среќни. Тоа е така затоа што се подготвувавме да дојдеме тука и да победиме. Сакавме од првата минута да го притиснеме Баерн. Бевме доминантни во првите 20-25 минути кога и дадовме гол за водство. Но, во раната фаза се случи повредата на Бујако Сака. Потоа, направивме некои грешки и Баерн Минхен е тим кој тоа знае да го казни. Ова беше дуел на два тима кои сакаат постојано да напаѓаат. Моите играчи покажаа дека сакаат да играат без калкулации, да победат. Тоа многу зборува за нашата екипа и за духот кој го имаме. Честитки за играта на моите фудбалери, успеаа да се вратат и кога бевме во негатива“, рече Артета по дуелот на „Алијанц Арена“. Стратегот на Арсенал, го искажа својот став и за повредата на Сака воопшто не делува наивно, но дека е потребно да има детални прегледи, за да се знае колку долго ќе паузира. „Ваквите натпревари имаат голем интензитет во текот на сите 90 минути. Видовте и на ПСЖ – Барселона што се случи, кога се повредија неколку фудбалери. Повредата на Букахо не изгледа добро, но ќе чекаме конкретни резултати“, додаде Артета. Инаку во вчерашните мечеви од 3 коло во Лигата на шампионите постигнати се следниве резултати. Астон Вила - Викинг 3:1 (2:0) Баркли 23, Буендија 37.п, Хегхајм 62. аг - Кристијансен 84 Баерн - Арсенал 2:2 (1:1) Дејвис 35, Кејн 61.п - Езе 25, Рајс 81 Бетис - Феенорд 1:0 (0:0) Околу 59 п.н.е Клуб Бриж - Ленс 3:0 (1:0) Ванакен 45+3, вели 50, Форбс 72 Интер - Шахтјор 1:0 (0:0) 77 август Реал Мадрид - Лајпциг 4:1 (1:0) Силва 44, Ѓулер 52, Мбапе 83, Диоманде 87 - Гомис 85 Спортинг - ЛАСК 2:3 (1:1) Суарез 5.п, 89 - Ланг 15, Калајџиќ 63, Данек 68 Комо - М. Јунајтед 4:1 Паз 2, 57, Дувикас 49, Рамон 76 - Циркзе 90+1 Лил - Галатасарај 2:4 Дијаун 7, 39 - Акгун 2, Батраков 44, Озер 52. аг, Осимен 61Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора.Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската унија. На главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.По повод претстојниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. РСБСП укажува: Почитувајте ги ограничувањата на брзината. Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци. Не користете мобилен телефон додека возите. Користете сигурносен појас на секое патување. Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште. Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри. Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување. Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се. Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома. Вози одговорно. Секој живот е важен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter