ЛДП одржува изборно собрание, за претседател номинирани тројца кандидати

Либерално – демократската партија денеска  го одржува седмото изборно собрание, на кое членовите на партијата ќе гласаат за претседател и за генерален секретар на партијата.

За функцијата претседател номинирани се тројца кандидати и тоа Горан Милевски, кој досега ја извршува оваа функција, неговата колешка од парламентот Никица Корубин, член на извршен одбор на ЛДП Мирко Спирковски, член на централен одбор на партијата.

За функцијата генерален секретар на ЛДП кандидиран Боби Мојсоски, член на централниот одбор на партијата.

На свечениот дел ќе се обратат претставници од Алијансата на либерали и демократи од Европа (АЛДЕ), од сестринските партии и од либералната интернационала.

Во овој дел свое обраќање ќе има и актуелниот претседател на ЛДП Горан Милевски.

Барселона подготвува трансфер удар

Барселона планира да го ангажира 22-годишниот Пау Виктор од Жирона на лето по успешната сезона на десно крило како позајмен во вториот тим на клубот.

Каталонскиот гигант има опција да го купи шпанскиот фудбалер за 3 милиони евра, кои имаат намера да ги искористат, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, но додаваат дека клубот се уште не е запознаен со какви средства ќе има за трансфери на лето.

Пау Виктор е водечки стрелец за Барселона Атлетик и беше повикан на пет од натпреварите на првиот состав предводен од главниот тренер Чави Ернандез. Тој не забележа минутажа во првиот тим, останувајќи на клупата./МИА

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ не е спремна за јасни интеграции

„Доблест е да се прими пораката,а со тоа и да се промените откако сте ја примиле“

Ако има еден политичар кој што покажал прифаќање на различностите, тоа сум јас. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател Сиљановска, која што дури и името во Собрание името ми го чита како Сречко, ксенофибијата и е до ниво што и пречи и да види документ на Албански јазик. Мојата досегашна работа покажува дека доблест ми е поддршка на различностите. Не видовме програмска определба, освен дека на слоганот стои „Македонија повторно твоја“, тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се одтргне од албанофобијата и кзенофобијата. Треба да пазите кога зборувате за „твоја“, туку наша. Го осудивме и однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за меѓусебните препукувања, по кои се билдаат меѓусебните рејтинзи, а не се нудат решенија, рече Фатмир Битиќи во Само Вистина.

Мурињо посочи тројца фаворити на ЕП 2024

Жозе Мурињо именуваше три селекции за кои верува дека можат да го освојат претстојното Европско првенство во Германија. 61-годишниот тренер е без работа од јануари кога доби отказ од Рома.

-Според мене, трофејот ќе го освои некој помеѓу Португалија, Франција или Англија. Ова се трите најсилни селекции. Можни се изненадувања, да. Гледајќи ги квалитетите на играчите, мислам дека Португалија може да оди во финалето со идеја да замине со златото, изјави португалскиот стручњак.

Тој неодамна откри дека двапати ја одбил понудата да ја преземе репрезентацијата на својата земја.

-Вратата на Португалија ми беше отворена двапати. Првиот пат беше кога бев во Реал Мадрид. Тогаш претседателот Флорентино Перез ми рече дека е невозможно да заминам, па јас го прифатив тоа. Вториот пат беше неодамна кога сè уште бев во Рома. Дали се каам за вториот случај? Не, не ми е жал. Не ми е жал поради причината што не прифаќам. Сега ќе играме на ЕП со селектор (Роберто Мартинез) кој заврши одлична работа и има одлична генерација играчи, додаде Мурињо. /МИА

притисни ентер