3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра, сега нека ги достави доказите до ЈО а не да молчи и да се крие
МакедонијаЛДП: 12 денари за килограм индустриско јаболко е минимумот за опстанокот на производителитеЛиберално-демократската партија (ЛДП) бара итно решение за производителите на јаболко, кои се соочуваат со исклучително тешка состојба на терен.Во овој момент на производителите им се нуди откупна цена од само 4 денари за килограм индустриско јаболко, плус 2 денари субвенција. Тоа е далеку под производствената цена, која е околу 10 денари за килограм. Во услови на суша, зголемени трошоци за гориво, пестициди и останати репроматеријали, ваквата цена не ја обезбедува ниту минималната економска одржливост на производството. Затоа ЛДП бара откупната цена на индустриското јаболко да биде најмалку 12 денари за килограм. Ова не е само прашање на моменталниот приход на производителите, туку и прашање дали во иднина ќе има интерес за одгледување јаболка, особено во Ресен и околните населени места. Земјоделецот не може постојано да испорачува под производната цена. Ако државата сака да го задржи земјоделското производство, ќе мора да обезбеди предвидливи и одржливи услови за производителите. Во следниот период ЛДП ќе предложи и законско решение за организиран откуп на стратешки земјоделски култури во Македонија, особено на производи кои имаат потенцијал за извоз и создавање девизен прилив, меѓу кои тутунот, грозјето, оризот, пиперката и јаболкото. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и преку обезбедување на бесплатна правна помош. Крајно време е земјоделците да бидат третирани како рамноправни партнери во економијата, а не како последни алки на синџирот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП. Улица и патишта. Известување за одлагање на датум за изведба на активности на мост „БлизнакЈП Улици и патишта-Скопје известува дека планираните активности за санација на заштитната ограда на мост „Близнак“,кои беа предвидени за денес 08.10.2026г., се одложуваат.За новиот термин на реализација на активностите граѓаните ќе бидат навремено информирани. Ви благодариме на разбирањето. Со почит,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Обновување на сообраќајната сигнализација пред училиштата и градинките во КарпошОпштина Карпош започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација пред училиштата и градинките со цел да ја подобри безбедноста во сообрачајот.Активоста која се реализира во рамки на годишната програма на Секторот за комунални работи, опфаќа пребојадисувањето на пешачките премини и уличните училишни ознаки, пред десетте основни училишта во Карпош. Во рамки на акцијата ќе бидат ќе бидат обновени и пешачките премини пред десетте објекти на четирите детски градинки во Карпош. Со обновување на сигнализацијата се обезбедува поголема видливост на пешачките премини и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Апелираме за внимателно и одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра, сега нека ги достави доказите до ЈО а не да молчи и да се крие Филипче не смее и не може да си поигрува и да си прави внатрепартиски пресметки кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреби.Венко Филипче излезе во јавност со обвинувања и сомнежи и директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра. Филипче расфрла пердуви за криминал од 37 милиони евра и сега молчи и се крие. Не може сериозни обвинувања за злоупотреба на десетици милиони евра да се користат како оружје во внатрепартиски конфликти. Ако постојат докази, Филипче треба да ги достави до надлежните институции и целосно да се истражат. Граѓаните имаат право да знаат кој носел одлуки, кој ги одобрил набавките и дали државниот буџет бил оштетен. Наместо партиски пресметки на Филипче, очекуваме институционална постапка и одговорност. Секој сомнеж за злоупотреба на јавни средства мора да биде расчистен. Правдата не смее да зависи од тоа кој со кого е скаран. Филипче треба да знае дека непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59