АвтомобилизамLBX е најсилниот адут на Лексус во Европа (ВИДЕО)Lexus го претставува својот најмал и воедно најважен модел во европската гама.LBX е дел од премиум понудата што сè уште се создава. Како директни ривали се издвојува DS3, како и Audi Q2, кој наводно се прекинува. Имено, станува збор за Б сегментот каде се уште не се сите присутни. Долг е 4190 mm, широк 1825 mm и висок 1545 mm, со меѓуоскино растојание од 2580 mm и се базира на Yaris Cross. Сепак, Lexus тука направи многу повеќе од редизајнирање на малечкото на Toyota, а автомобилот доби целосно нова каросерија, темелно ревидирана механика и, се разбира, целосно ново искуство во кабината. Тој е најмал, но со сѐ што нуди мора да биде во чекор со остатокот од гамата, велат од Lexus. Купувачите може да очекуваат препознатлив надворешен дизајн и луксузен ентериер со дигитален кокпит и централен екран од 9,8 инчи. Багажникот голта 332 l, што е во согласност со урбаната конкуренција. И ако бараме сличност со Yaris, ќе го најдеме во функцијата. Станува збор за неодамна обновен хибрид со 1,5 трицилиндричен мотор и максимална моќност од 136 КС и 185 Nm. E-Four погон на сите тркала со електричен мотор на задната оска е исто така достапен како опција. За да достигне 100 km/h му требаат 9,2 секунди, а максималната е 170 km/h. Цената се уште не е позната, ниту пак точното пристигнување на моделот на нашиот пазар. Се очекува на почетокот на следната година со почетна цена од најмалку 33.000 евра, колку што е цената на врвната верзија на Yaris Cross. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕвропаШокантен инцидент во Италија: Ученик избоде наставничкаСе обидел да го пренесува нападот во живо на социјалните мрежи.Според неименувани извори, ученик во средно училиште во римската населба Ченточеле денес испрскал наставничка во лицето со спреј-бибер, а потоа ја избодел. Наставничката добила итна медицинска помош. Иако нејзиниот живот не е во опасност, таа претрпела шок, наведуваат изворите, а пренесува агенцијата „ANSA“. 🔵#Roma Un 13enne ha accoltellato una insegnante, dopo averle spruzzato uno spray urticante. Il ragazzino avrebbe tentato di filmare la scena attraverso una videochiamata in diretta. A fermare l’aggressione un compagno di classe. pic.twitter.com/yXVh1Ab4d0 — Rai Radio1 (@Radio1Rai) September 18, 2026 Напаѓачот, 13-годишно момче, се обидел да го пренесува нападот во живо преку својот мобилен телефон, користејќи ја апликацијата „Телеграм“. Според изворите, друг ученик го спречил нападот. Извор: Б92Тагови: Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: „Шарен детски свет“ ќе го краси дворниот ѕид на градинката „Орце Николов“ во Карпош 4Во детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 4 започна изработката на муралот „Шарен детски свет“, со кој просторот наменет за најмладите ќе добие нов, креативен и весел изглед. Автор на муралот е уметникот Драган Китановски – Драш, кој преку својата уметност ќе го збогати просторот каде што секојдневно растат, играат и учат најмладите жители на Карпош. Во реализацијата на иницијативата денеска се приклучи и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој на ѕидот ќе остави свој личен белег преку сопствена креација посветена на децата. Муралот има за цел да внесе повеќе боја, креативност и позитивна енергија во просторот на градинката, создавајќи пријатна и инспиративна средина за најмладите. Општина Карпош продолжува со иницијативи за разубавување на јавните и детските простори, создавајќи средина во која децата растат со повеќе боја, креативност и радост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерацииПо досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата во Ѓорче 2026.Програмата ќе се одвива на Корзото, кај амфитеатарот и во Реонскиот парк, со музика, улични изведби, балет, хорско пеење, базар и детски работилници за посетители од различни генерации. Вечерва, на 18 септември, програмата на Корзото и кај амфитеатарот започнува во 18:00 часот со „Баскерфест“. Во 18:30 часот ќе настапи „Ребис“ – балетско студио, а во 19:00 часот хорот „Фрида“. Во рамките на „На Базар“, посетителите ќе можат да разгледаат што нудат поставените штандови, додека за најмладите ќе бидат организирани детски работилници. Музичката програма на „Октоберфест“ ќе се одржи во Реонскиот парк. Во 20:00 часот ќе настапат „Суперхикс“, во 21:30 часот „Пауза за ракија“, а вечерта ќе ја заокружи DJ Галоски, со настап од 23:00 часот. Програмата продолжува и во сабота, на 19 септември, во Реонскиот парк. The Crew ќе настапат во 19:00 часот, по што во 21:00 часот следува концертот на „Ареа“. Во 22:30 часот ќе настапат „Куку Леле“, а програмата ќе ја затворат трубачите „Левис“, со почеток во 23:30 часот. Преку различните културни и музички содржини, „Звуците на културата во Ѓорче 2026“ ја збогатуваат програмата на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ и создаваат простор за дружење и забава за сите генерации. Настаните се во организација на Општина Ѓорче Петров.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook