51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
151. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
3Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
МакедонијаЛазов: Формирани се 14 стручни комисии од почетокот на годината, 10 поради смртни случаиОд 1 јануари до 13 август 2025 година од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) до министерот за здравство е побарано формирање стручна комисија во 14 наврати. Десет од нив се за починато лице, а четири се како резултат на претставки поради третман во лекувањето. Изминатата година имавме неколку барања за формирање комисија за стручен надзор до министерот и во неколку наврати имавме поведено и постапки за одредени здравствени субјекти, изјави вечерва директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов. Тој во Вести Плус на Канал 5 телевизија рече дека казните се различни, во зависност од тоа дали се работи за мал, среден или голем правен субјект. Информира дека во моментов во процедура се измени и подготовки на 11 закони кои се во надлежност на ДСЗИ и најголемиот дел од нашите закони, како што рече, се во поврзаност со Законот за прекршоци. - Во моментов сметам дека казните не се на ниво, прениски се и како ДСЗИ во овој сегмент дадовме предлози за изменување и дополнување во делот на казнената политика, рече Лазов, додавајќи дека казните се од 1 000 до 10 000 евра за голем правен субјект, но согласно закон секогаш се зема најмалата казна, од 2 000 до 10 000 за голем правен субјект. Од 1 000 до 5 000 евра за среден правен субјект и за мал правен субјект од 50 до 500 евра. Дополни дека за случајот со починатите близначиња, Прилепската болница била казнета со 2 000 евра, а одговорно лице со 1 000 евра. За случајот со младата девојка која починала пред неколку дена во Тетовската болница, Лазов информира дека по негов налог на 11 и 12 овој месец бил спроведен вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Тетово и во избраната матична амбуланта, каде во три наврати, пред хоспитализација и во период меѓу хоспитализацијата починатата пациентка се лекувала. -Ние како ДСЗИ во делот на надзорите ја следиме здравствената евиденција, медицинската документација на пациентот и земаме изјави од здравствените чинители кои биле во текот на лекувањето. И ја водиме хронолошката постапка на лекувањето, каде таа се лекувала и каква терапија примала. Во тој дел е направен извештај од ДСЗИ и не се констатирани недостатоци, а цела медицинска документација заедно со извештајот се проследени до министерот за здравство. Од наша страна е иницирано формирање комисија за стручен надзор која треба да утврди понатаму дали имало грешка во лекувањето, појасни Лазов. Додаде дека починатата пациентка два пати била на лекување кај матичниот лекар, вечерта била примена на Ургентен центар, каде била дадена терапија, пуштена на лекување, повторно била кај матичниот лекар и во неделата, пак, била примена, и се влошила состојбата и починала. Лазов информира дека од 1 јануари 2025 година до денес се извршени седум инспекциски надзори во Детската клиника во Скопје, од кои три се редовни. - Имаме еден контролен надзор, каде имаме издадено решение за констатирање недостатоци и е постапено по тоа решение и три вонредни надзори. И оваа година при овие седум надзори од ДСЗИ не се утврдени недостатоци во делот на санитарно хигиенските услови, како во делот на болничките простории, амбулантно-поликлиничкиот дел и во работните простории. Лани имавме констатирано во тој дел и поведено постапка и согласно решение е постапено, изјави Лазов. Прашан како да се стави крај на инфекциите во болнички услови, Лазов рече дека согласно закон сите микробилошки лаборатории се должни да пријават до надлежниот центар за јавно здравје, МЗ и ДСЗИ веднаш или најдоцна до 48 часа ако се утврдат причинители на заразни болести. Ова важи и за сите здравствени установи и во рамки на секоја болница има формирано комисија за следење на инфективните заболувања. На новинарско прашање за починатите деца во изминатиов период, Лазов информира дека согласно закон стручната комисија ја формира министерот за здравство, која е непостојана и е само за одреден случај, а стручен надзор вршат и коморите, Лекарска, Стоматолошка и Фармацевтска комора. Посочи дека ги разгледувал регулативите, законите во соседството и во други земји. Во некои земји, како Финска, Велика Британија и Холандија, комисијата за стручен надвор е независна, надвор од МЗ, но е во корелација со инспекторксите тела. При изборот на оваа комисија има строги критериуми, како секој член да исполнува независност, стручност, се води грижа за транспарентнсот, за механизми за жалби. Додаде засега кај нас немаат ингеренции и оти има простор во оваа насока. За случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, Лазов објасни дека секогаш кога се формира стручна комисија се внимава да нема судир на интереси со случајот, со здравствената инстируиција или со здравствените чинители, а се бираат експерти од областа и смета дека во тој дел тоа е максимално што може да се направи. За случаите кога специјализантите работат со печат на специјалистот, Лазов рече дека откако ја презел функцијата дал налог за инспекција на сите клиники и било наложено по трета година секој специјализант да извади привремена лиценца за да може да работи самостојно или да работи во присуство на ментор. Во овој дел поради пропусти била казнета Кумановската болница и била поведена постапка за порамнување. Прашан за дијагнозата на јавното здравство, Лазов истакна дека треба работа и додаде оти е неблагодарно е да се даваат оценки. Посочи дека ДСЗИ е коректив во овој дел, вршат контрола и дејствуват превентивно. Лазов не ја поддржува честата смена на министри за здравство. - Ние како ДСЗИ сме во корелација со активностите и политиките на МЗ и во овој дел имаме поинтегриран пристап заедно со МЗ, нема дуплирање на одредени процедури и секое ново законско решение е предизвик. Во моментов имаме и одредени недоречености, но ние сме тука за да ги надминеме. Засега соработката со министерот за здравство е одлична. Имаме неделни координации, разговараме за проблемите и честата смена на министри за здравство не ја поддржувам, рече Лазов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Македонија51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црноВечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Путин сака да окупира украински град под маската на хуманитарна мисијаПутин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф.Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка во источна Украина е всушност план руските сили да влезат во градот и да го окупираат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека таков потег ќе ѝ овозможи на Москва понатамошно напредување кон Краматорск, објави „The Kiev Independent“. „Примитивен потег за окупирање на градот“ „Ова е сосема примитивен потег бидејќи не може да го заземе овој град на кој било друг начин“, им рече Зеленски на новинарите. Според него, прекинот на огнот ќе им овозможи на руските трупи да се прераспоредат на поповолни позиции во самата Костјантинивка и нејзината околина. Зеленски вели дека предлогот му го пренеле американските преговарачи. „Им го објаснив мојот став за Костјантинивка на американските преговарачи. Таму живеат само украински граѓани, а борбите се водат во самиот град“, рече тој. „Ми го донесоа овој предлог, а потоа рекоа: „Да, разбираме“, додаде Зеленски. Предупредување за наплив кон Краматорск Костјановка се наоѓа во регионот Донецк, каде што се водат жестоки борби, и претставува голема пречка за руските напори да го заземат остатокот од регионот. Затоа контролата врз градот е воен и дипломатски приоритет за Москва. Зеленски нагласи дека Украина направила сè што е можно за да ги евакуира цивилите од областа. „Ако ја предадеме Костјантинивка, нивните следни чекори ќе бидат нашите други градови во Донбас“, рече тој. Според Зеленски, украинската страна им дала на Американците список од седум или осум блокирани населби каде што сè уште се присутни цивили, вклучително и деца, како што е селото во близина на Олешки. Тој нагласи дека Русија не предложила хуманитарна операција за ниту едно од овие места. „Зошто? Затоа што по Костјантинивка доаѓаат Краматорск и Славјанск“, заклучи тој. Ситуацијата на терен Путин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, додека борбите продолжуваат во Костјантинивка. Украина ги отфрли руските тврдења дека Москва го контролира градот. Главниот штаб на украинската армија објави дека нејзините сили сè уште дејствуваат против руските пешадиски групи кои се обидуваат да влезат во градот. Советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, ги доведе во прашање мотивите на Москва. Тој потсети на претходната руска понуда за хуманитарна операција во Олешки, во Херсонската област, која, како што тврди, служела за ротација на трупите и доведување дополнителен персонал во областа под маската на привремен прекин на огнот.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измамиВо непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило.Вчера (13.11.) во Ресен и на излезите од градот, полициски службеници од ОВР Ресен на возачите на моторни возила делеа едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива. Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот. Денеска (14.11.), полициски службеници од Полициската станица Делчево на Градскиот пазар и на повеќе локации во централното градско подрачје во Делчево одржаа повеќе средби со повозрасни граѓани, пензионери, со цел подигнување на свеста за препознавање и спречување телефонски измами. На граѓаните им беше укажано да бидат внимателни при повици од непознати лица кои бараат пари со лажно тврдење дека член на нивното семејство доживеал сообраќајна незгода или се наоѓа во болница. Исто така, им беше укажано да не даваат пари на непознати лица, да ги проверуваат добиените информации преку директен контакт со членовите на семејството и секој сомнителен повик да го пријават на 192 или 112.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook