Лажна е снимката на Тесла, што застанува пред семафор (ВИДЕО) - Канал 5

Лажна е снимката на Тесла, што застанува пред семафор (ВИДЕО)

Во видеото објавено во 2016 година за да ја промовира способноста за автономно возење на своите електрични автомобили, компанијата Тесла покажала способности што системите на возилото ги немале во тоа време, сведочи инженер вработен во Тесла.

Лажна е снимката на Тесла, што застанува пред семафор (ВИДЕО)

Видеото, кое сè уште може да се види на веб-страницата на Tesla, покажува дека возилото може да застане кога на семафорот е црвено. На почетокот на видеото може да се види натписот: „Лицето на возачкото седиште е таму само од правни причини. Тоа не прави ништо. Автомобилот вози сам“.

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, тогаш твитнал дека видеото покажува „автомобил Тесла како вози сам“. Но, директорот за софтверот за автономно возење на Tesla, Ашок Елусвами, во писмена изјава пред судот во јули 2022 година рече дека Model X, кој беше прикажан на видеото, не возел сам.

За да го направи видеото, Тесла користел 3Д мапирање на однапред одредена рута од нејзиниот дом во Менло Парк, Калифорнија, до тогашното седиште на Тесла во Пало Алто, рече тој. Возачите интервенирале за да ја преземат контролата во тестовите, рече Елусвами. Кога се обидел да покаже дека Model X може сам да се паркира без возач, тест автомобилот удрил во оградата на паркингот на Tesla.

„Намерата на видеото не беше да се прикаже што точно им беше достапно на клиентите во 2016 година. Тоа беше да покаже што може да се вгради во системот“, рече Елусвами, според транскриптот од неговото сведочење.

YouTube video

Елусвами, Маск и Тесла не одговориле на барањето за коментар. Сепак, компанијата ги предупредува возачите да ги држат рацете на воланот и да ја одржуваат контролата над своите возила додека користат автопилот.

Технологијата на Tesla е дизајнирана да помогне при управувањето, сопирањето, брзото возење и промената на лентата, но нејзините карактеристики „не го прават возилото автономно“, вели компанијата на својата веб-страница. Американското Министерство за правда отворило кривична истрага за тврдењата на Tesla дека нејзините електрични возила ќе можат сами да возат во 2021 година, по серијата несреќи во кои учествуваше автопилот, од кои некои биле фатални.

Сведочењето на Елусвами е поднесено во тужба против Тесла за несреќата во Маунтин Вју, Калифорнија во 2018 година, во која загина инженерот на Apple, Валтер Хуанг. Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) во 2020 година заклучил дека фаталната несреќа на Хуанг најверојатно била предизвикана од неговото одвлекување и ограничувањата на автопилотот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

 Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна  затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. 

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица.

Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица.

Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово.

Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународни

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Во Полска и денеска продолжуваат протестите пред Уставниот суд во Варшава, по синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата. 

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Политичката криза ескалираше откако судијката Ана Корвин-Пјотровска донесе одлука за едномесечна суспензија на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик.

Одлуката предизвика остри реакции од десничарската опозиција, која ја оспорува нејзината законитост по што доцна синоќа пред судот избувнаа протести. Дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Според полицијата приведени биле вкупно пет лица, меѓу кои и маж осомничен за напад врз жена, кај кого биле пронајдени нож и гасен пиштол.

Ескалацијата на кризата го натера полскиот претседател Карол Навроцки да го прекине патувањето кон Сенегал и итно да се врати во Варшава. По полноќ, придружуван од обезбедувањето, влезе во зградата на Уставниот суд, при што дојде до турканици на влезот. Навроцки повика на почитување на правото и враќање на уставниот поредок во земјата, оценувајќи дека случувањата претставуваат незаконско преземање на институцијата.

На кризата ѝ претходеше соопштението на министерот за правда и главен јавен обвинител Валдемар Журек дека поднел пет барања за одземање на имунитетот на двајцата судии од Уставниот суд.

-Како главен обвинител, поднесов пет барања до Уставниот суд за одземање на имунитетот. Овие барања имаат вкупно 224 страници. Овие случаи вклучуваат различни видови кривични дела и во суштина се се однесуваат на две лица: вршителот на должноста претседател на Уставниот суд и неговиот заменик. Веќе знаеме дека највисоката судика Ана Корвин-Пјотровска, ги суспендираше претседателот на Уставниот суд и неговиот заменик. Таа тоа го стори врз основа на релевантни одредби согласно Уставот суд – изјави– Валдемар Журек, министер за правда на Полска.

Демонстрантите, пак, ја обвинуваат Владата дека се обидува да воспостави контрола врз независните институции и најавуваат продолжување на протестите.

„Уставниот суд во Полска е заземен од полициски сили испратени од премиерот Туск. Владата се обидува да ги контролира сите независни институции, веројатно за да го избегне поразот на изборите следната година.“ изјава – демонстрант.

Премиерот Доналд Туск ги отфрла обвинувањата и тврди дека Владата работи на враќање на владеењето на правото, додека опозициската партија Право и правда, најавува продолжување на протестите.

Политичката криза е последица на долгогодишниот спор околу легитимноста на Уставниот суд. Владата го оспорува начинот на кој дел од судиите биле именувани за време на претходната власт, додека сегашната опозицијата ги оценува актуелните е промени како незаконско преземање на институцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер