Лажен колекционер украл со измама Ферари од два милиона евра

Човек , кој се претставил дека е колекционер на автомобили побарал да направи пробно возење со Ферари , вредно 2 милиони евра и не се вратил во салонот.

Полицијата од Диселдорф е во потрага по лажниот колекционер , кој седнал на пробно возење во Ферари 288 ГТО од 1985 и исчезнал. Човекот до автосалонот дошол со такси , а тргнал на пробното возење со вработен од салонот. Но , во еден момент кога вработениот излегол од автомобилот за да му го отстапи возачкото место на потенцијалниот купувач , тој нагазил на гас и се изгубил.

Сепак , за среќа подоцна автомобилот бил најден во една гаража во гратчето Гревенброих , во близина на Диселдорф.

Автомобилот бил најден по дојава во полицијата , но крадецот и натаму не се знае каде би можел да биде. Полицијата објави негова фотографија и апелира до сите кои го виделе , да пријават.

Инаку ,,позајменото “ Ферари има поминато самио 43 000 километри , а некогаш било во сопственост на поранешниот Ф1 возач Еди Ирвин. Слични вакви автомобили на аукции се продаваат од 2 до 3 милиони евра.

Најголем проблем за крадецот е тоа што моделот паќа во очи и е тешко да се препродаде на црниот пазар. За секој примерок од овој автомобил има точни податоци и историја , бидејќи биле произведенио само 272 такви автомобили.

Пристигнува уште едно електрично Ауди

Ауди во вторник на 7 јули ќе го претстави електричниот кросовер „Q4 Sportback E-Tron “ концепт.

По минатогодишниот концепт „Q4 E-Tron“, од германскиот произведувач доаѓа и неговата „Sportback“ верзија, со силуета на купе-кросовер.

Ауди премиерата на новото возило ја најави со кратко видео, а повеќе детали за овој концепт ќе се дознаат утре.

Во краткото видео се гледа дека предниот дел од концептот „Q4 Sportback E-Tron “ е сличен ако кај регуларниот „Q4 E-Tron “, а двете возила ќе се разликуваат по задниот дел и линијата на кровот која кај новата верзија ќе биде закосена.

Ауди „Q4 Sportback E-Tron “ концептот најавува идна продукциска верзија која би требало да биде претставена 2021 година.

Спасовски: Масовно на избори на 15 јули во нови победи за Македонија и младите, тие нека се обновуваат во својата партија

„И средношколците и студентите добија домашна платежна картичка, бидејќи сега е моментот да се помогне.“

„ Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално. Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.

Мораме да излеземе и да гласаме, да дојдеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите" повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

притисни ентер