Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите - Канал 5

Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите

Македонската ракометна репрезентација за пласман на Светското првенство 2027 во Германија во баражот од третата фаза ќе игра со победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка што се игра во март годинава.

Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите

Селекторот Кирил Лазаров повика на внимателност и сериозен пристап, без разлика кој ќе биде противник.

- Треба да бидеме задоволни од извлекувањето. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на добар пат да обезбедиме ново учество на голем настан и да ја продолжиме традицијата на успеси. Мораме да бидеме сериозни и професионално да се однесуваме. Имаме максимална почит кон националните тимови на Украина и на Словачка. Наскоро ќе дознаеме и точно против која репрезентацијата ќе играме, но ние мора уште од сега треба да направиме добар план и подготвени да ги дочекаме тие два натпревари во мај, изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија.

Првиот натпревар македонските ракометари ќе го играат на гости 13-14.мај, а реваншот на домашен терен 16-17.мај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Утревечер во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube  во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му  гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. 

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот.

Утре вечер на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Библија, Куран и „Мајн Кампф“ биле пронајдени во станот на терористот од Париз

Импровизирана експлозивна направа со гасни боци е пронајдена во станот на 39-годишен осомничен во пукотница во францускиот департман Ивлин во близина на Париз, во која загина едно лице, а петмина беа ранети, соопштија извори блиски до истрагата. 

Библија, Куран и „Мајн Кампф“ биле пронајдени во станот на терористот од Париз

Истражителите, исто така, пронајдоа копија од книгата на Адолф Хитлер „Мојата борба“, како и Библија и Куран за време на претресот, објавија BFM TV и дневниот весник Le Monde.

Маж пукал во неколку луѓе од автомобил во Ивлин, во западниот париски регион, во петокот, а подоцна бил уапсен во градот Коањер, соопштија француските власти.

Пет други лица се ранети во нападот, од кои тројца се тешко повредени. Меѓу нив имало и 12-годишно девојче. Идентитетот на жртвата сè уште не е познат, а француските медиуми известуваат само дека станува збор за 26-годишен маж.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја опиша пукотницата како „пресвртница“ и го осуди нападот како чин извршен под влијание на расистичка идеологија. Тој ги повика граѓаните да не се повлекуваат од идеите што се сè пораспространети и можат да го оправдаат таквото насилство.

Според француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (PNAT), осомничениот Кевин Т. не е регистриран во базата на податоци S, која вклучува лица кои претставуваат потенцијална закана за националната безбедност, но е познат на полицијата по претходни кривични дела.

Осомничениот е уапсен во Коињер од страна на припадници на Бригадата за борба против криминалот (BAC).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бекам започна со бизнис што носи милиони- дневно заработува огромни суми

Сер Дејвид Бекам докажа дека може да го пренесе својот успех надвор од фудбалскиот терен во светот на бизнисот. 

Бекам започна со бизнис што носи милиони- дневно заработува огромни суми

Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед заработува околу 17.250 фунти дневно од своите парфеми, производи за после бричење и други луксузни брендови.

Според финансиските извештаи, неговиот бизнис минатата година остварил приход од 6,3 милиони фунти, од кои 5,4 милиони фунти биле профит. Компанијата има 7,9 милиони фунти во готово, додека нејзината актива се проценува на 10,4 милиони фунти.

Еден од најпознатите производи од неговата колекција е парфемот „Instinct“, а во понудата се вклучени и „Classic Blue“, „True Instinct“, „Bold Instinct“ и „Classic Homme“. Цените на производите за после бричење се движат од 12 до 50 фунти.

- Секој што го запознал Дејвид знае колку добро мириса, па затоа не е изненадувачки што неговите парфеми се толку популарни. Тој почнал да ги произведува во 2000-тите и е многу горд на нив. „Се чини дека неговите обожаватели сакаат да мирисаат како него“, рече еден од неговите пријатели.

Парфемите и другите луксузни производи на Бекам се управувани од Seven Global LLP, а неговиот бизнис ја вклучува колекцијата Eyewear by David Beckham. Тој соработувал и со познати брендови како што се Breitling, Armani, Gillette и Biotherm Homme.

Во финансискиот извештај се наведува дека неговиот глобален комерцијален и лиценцирачки бизнис генерира значајни резултати и обезбедува долгорочен приход.

За разлика од бизнис империјата на Дејвид, модниот бренд на неговата сопруга Викторија Бекам неодамна оствари профит за прв пат по 18 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер