Лазаров со Барселона на „Супер Глоб“ - Канал 5

Лазаров со Барселона на „Супер Глоб“

На покана на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), екипата на Барселона за која настапува Кирил Лазаров ќе учествува на овогодинешниот „Супер глоб“ кој ќе се одржи во Доха (Катар) од 25-30 август.

Лазаров со Барселона на „Супер Глоб“
Поканата, како што јави МИА, стигна по веста за згаснувањето на Атлетико Мадрид, кој требаше да ја брани титулата, освоена со Лазаров во ростерот минатото лето.

Ова ќе биде првпат Барселона да учествува на ИХФ Супер глоб - турнир кој го играат шампионите на секој континент, плус неколку тимови поканети од организатророт.

ЗаЛазаров на ИХФ Супер глоб ова ќе биде четврто учество, а во претходните три наврати секогаш играл во финалето: со Ал Саад, со Сиудад Реал и лани со Атлетико Мадрид кога стигна до титулата.

Освен Барселона најавени се и екипите на: европски шампион Хамбург (Германија), шампионот на Азија Ал Рајан (Катар), најдобрата екипа од Африка Етуал де Сахел (Тунис), Пан-американскиот шампион Таубате (Бразил), првакот на Океанија, Сиднеј (Австралија) и два клуба од домаќинот Катар - Ал Џаиш и Ал Саад.

Двете групи од по четири тима ќе бидат формирани наскоро. Првите две од секоја од нив ќе се сретнат во полуфиналето, а големото финале ќе биде на 30 август во „Ал Гарафа арена„ во Доха.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Цените во Македонија со месеци се до плафон, во продавници, маркет, на пазар, насекаде, платите стагнираат а стандардот на граѓаните паѓа.

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со вклучена кирија, додека просечната плата се намали за 1.163 денари.

Ова е последица на погрешните и криминални политики на Владата на Мицкоски која не презеде никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Цените на горивата пораснаа, дизелот надмина 100 денари, а Владата на Мицкоски не мрдна со прст. Не ги намали акцизите, не го намали ДДВ од 18% на 5%. Не ја покачи минималната плата на 600 евра, ниту ги покачи платите и пензиите.

Во вакви услови воведувањето некаква на школскиот прибор нема да има никаков ефект.

На родители им се потребни поголеми плати, за да може децата да ги испратат во училиште, да му обезбедат храна, ужинка, облека, трошоци врзани со образовниот процес...

За Владата на Мицкоски граѓаните не се приоритет туку бизнис интересите.

Затоа граѓаните се оставени сами, без пари, со празни паричници и празни фрижидери.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Гари отворена спомен соба за копаничарот Петре Гарката

Вљубеници на големиот копаничар Петре Филиповски-Гарката отворија спомен соба посветена на Петре Гарката со цел да се зачува споменот на Гарката и неговата копаничарска уметност и традиција на мијачијата. 

Во Гари отворена спомен соба за копаничарот Петре Гарката

Петре Гарката е симобл на иконстасите во црквите и манастрите. Тој и неговата тајфа работеле на многу иконостаси. Најпознати негови иконостаси со неговата тајфа се иконостасите во манастирите „Св. Гаврил Лесновски“, Св. „Јован Бигорски“ и црквата Св. „Спас“ во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска и утре учествува на 21 меѓународна конференција – Бледски стратешки форум во Словенија.

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Како што информираат од МНР, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и југоисточна европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, на која ќе се разговара за геополитичките промени што ги менуваат меѓународните односи. Од МНР информираат и дека во рамки на форумот, шефот на дипломатијата ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, посветен на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан, а на маргините на форумот, предвидени се и повеќе билатерални средби на Муцунски со негови колеги министри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер