Лазаров со 17 ракометари оди на гостувањето во Романија - Канал 5

Лазаров со 17 ракометари оди на гостувањето во Романија

 Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров одлучи со 17 играчи да отпатува на пријателските натпревари со Романија.

Лазаров со 17 ракометари оди на гостувањето во Романија

Лазаров поради повреди за претстојните тест-средби не може да смета на неколкумина стандардни, а последен кој го откажа учеството е бекот Филип Кузмановски.

Претходно се повредија, Ненад Костески, Томи Јагуриновски и Павле Атанасијевиќ, додека неизвесен е настапот на пивотот Милан Лазаревски.

За натпреварите во Романија македонскиот селектор најави поголема минутажа за помладите кои поретко добиваат шанса да влезат во игра.

Двата натпревара ќе се играат во Браила, на 15 и 16 март. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на Југоисточна Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во среда во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова во рамките на самитот од процесот за соработка на Југоисточна Европа кажа таа во телевизиско интервју.

 Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на Југоисточна Европа

Во рамките на средбата, очекува да се отворат и суштински прашања, бидејќи според неа нема нерешлив проблем. Рече дека тоа е продолжение на средбата во Ереван – едно пријатно женско говорење. Ја споменав неопходноста од мерки за градење доверба. Морам да кажам, кога првпат го сретнав господинот Радев во Софија и се случи оној инцидент со знамињата, се заборави, но сите кои бевме присутни на работниот ручек каде што тој говореше за потребата од соработка во многу области во кои заедно би постигнале подобро, полесно, многу многу успеси. И јас мислам дека тоа е единствениот начин за да можеме ние bona fide да се однесуваме. Да не се навредуваме, да не се повредуваме, да се обидеме да ги мериме зборовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Колку му било ветено на Богац, ЈО да истражи дали наместениот тендер во царина е единствен

Стефан Богоев- Богац, поранешен директор на Царинска управа од СДС, наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра.

 ВМРО-ДПМНЕ: Колку му било ветено на Богац, ЈО да истражи дали наместениот тендер во царина е единствен

Од свиркачи дознаваме дека Богац ќе добиел 10% од тендерот кој самиот го наместил.

Инаку, тендерот бил во вредност од 18 милиони денари, па ако на Богац му биле ветени 10%, тоа значи дека тој ќе инаксирал 1,8 милиони денари.

Според ова, се разоткрива уште една тендерска шема на СДС, а Венко Филипче, како и за сите претходни, не се оградува и не осудува.

Која е мерната единица на СДС и Филипче за да осудат било каков криминал? Ако ова не го сметаат за криминал, колку државни пари требало да украде Богац за да ја премине границата и Филипче да се огради?

Го повикуваме ЈО да истражи дали ова е единствениот тендер кој Богац го наместил за време на мандатот на директор.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нови поскапувања на храната и раст на трошоците за живот, вистината е дека народот нема пари

Лагите на Мицкоски за наводните економски успеси и за тоа дека Македонија е трета економија во Европа се целосно разобличени.

СДСМ: Нови поскапувања на храната и раст на трошоците за живот, вистината е дека народот нема пари

Вистината е дека граѓаните живеат сè потешко, дека имаат сè помалку пари во џебовите затоа што сè е поскапено.

Платите не растат доволно за да го следат поскапувањето, а нема ниту нови мерки за заштита на животниот стандард.

Последните официјални статистички податоци тоа јасно го потврдуваат.

Трошоците на животот во мај годинава се зголемени за 4,8 проценти во однос на истиот месец лани, додека цените на мало пораснале за 5,6 проценти.

Храната, сметките, превозот и секојдневните трошоци стануваат сè поголем товар за семејните буџети.

Реалноста е дека синдикалната потрошувачка кошничка расте, а куповната моќ на граѓаните опаѓа.

Бројките се немилосрдни и ја кажуваат вистината: животот е поскап, животниот стандард е понизок, а граѓаните се посиромашни отколку пред една година.

Доста е со лагите.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер