Лазаров: Сезонава да направиме чекор напред - Канал 5

Лазаров: Сезонава да направиме чекор напред

Екипата на РК Алкалоид ги почна подготовките за новата сезона.

Лазаров: Сезонава да направиме чекор напред

Ракометарите фаќаат ритам на тренирање во „Автокоманда“, има осум нови играчи кои му се приклучија на тимот, а впечатоците од актуелниот состав и очекувањата за следната сезона ги сподели тренерот Кирил Лазаров.

- Целата стратегија, поставеноста на клубот е од година во година да се прави чекор напред. Не сакаме тие чекори да бидат крупни, туку да одиме постепено и да го развиваме клубот. Јас како тренер сум среќен и горд што и оваа сезона останавме во истиот македонски концепт, во ростерот ќе имаме 23 играчи, од кои 21 ќе бидат македонски. Одлучивме да продолжиме по истиот пат, да даваме шанса на македонските играчи и да се биде поконкурентен како во Македонија, така и во европски рамки. Задоволен сум од во преодниот рок успеавме да донесеме нови играчи, во ростерот имаме осум нови имиња, потребно ќе ни биде време да се воиграме, затоа и малку порано стартуваме од сите останати суперлигаши, изјави Лазаров.

Алкалоид подготовките ги почна во Скопје, следната недела оди во Маврово, па следува турнеја во Србија, Хрватска и Словенија каде се предвидени осум пријателски натпревари.

Посакува неговиот тим да ја подобри реализацијата во македонското првенство.

- Во едно европско полуфинале ние даваме над 40 гола, а во македонско првенство се игра многу поспоро и не можеме да ја минеме границата од 25 гола. Тука би требало да се поправиме, смета Лазаров.

За квалификациите во Европската лига на ЕХФ и средбити со Хановер, тренерот Лазаров фаворитската улога ја препушти на бундеслигашот.

- Како клуб одлучивме да излеземе од комфорната зона и да играме во Европската лига, по оној освоен ЕХФ Куп во кој има силни противници, тоа може да се види по листата и оваа година. Сакаме да одиме чекор понапред, прифативме ризик. Имавме малку незгодна ждрепка, добивме бундеслигаш. Успеав по ждрепката да изгледам неколку мечеви и увидов зошто во текот на Бундеслигата во поголемиот дел беа на првото место. Се работи за систем со екстра-квалитетен тренер, бивш селектор на репрезентацијата на Германија, на секое зошто има затоа. Ривалот е фаворит, но ние ќе се бориме и нема да се предадеме, потенцира Лазаров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрес на Мајкл Џордан се продава за 100 милиони долари!

Дресот што славниот НБА кошаркар, Мајкл Џордан го носел на натпревар од финалето во 1998 година против Јута ќе биде најскапиот во спортската историја.

Дрес на Мајкл Џордан се продава за 100 милиони долари!

Во 1998 година, Чикаго Булс ги победија Јута Џез со 4-2 во финалето на НБА и станаа шампиони, а за најкорисен играч (МВП) на финалната серија беше прогласен никој друг туку Мајкл Џордан.

„Летечкиот Мајкл“ одигра неверојатна серија и постигна 24 поени на третиот натпревар, во кој Чикаго победи со 96:54 – односно со разлика од 42 поени – што и ден-денес претставува најубедливата победа во историјата на финалните натпревари.

Сега, 28 години подоцна, дресот на Мајкл Џордан од третиот натпревар е ставен на продажба и ќе стане најскапиот во историјата, бидејќи се предвидува дека ќе се продаде за неверојатни 100 милиони долари!

Американските медиуми објавија дека сопственик на овој дрес е инвеститорот и актер Роб Гоф, кој рано ја започнал својата „потрага по богатство“ и успеал да дојде до тој дрес.

Мајкл Џордан и „Чикаго Булс“ тогаш ја освоија втората „триплета“, односно по вторпат успеаја да освојат три шампионски титули по ред, а во 1998 година, Чикаго беше последниот НБА шампион.

„Не знаев каде се наоѓа и не ми беше лесно да го најдам. Ја најдов вистинската личност која ме упати кон друго лице, но за жал, никогаш не се запознав со сопственикот на дресот бидејќи сè платив преку посредник, кој заработи милиони долари од тоа“, додаде Роб Гоф.

Гоф стана сопственик на овој дрес пред четири години, а сега го продава; се проценува дека тоа ќе биде првиот дрес носен на натпревар што ќе се продаде за толку голема сума пари, односно 100 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се десет возачи- деветмина возеле без возачка, од кои двајца малолетници

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници.

Уапсени се десет возачи- деветмина возеле без возачка, од кои двајца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца биле малолетници, а еден возач предизивикал сообраќајна незгода со материјална штета. Едно лице возело под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременост

Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била бремена во 34-та недела, е убиена синоќа во семејната куќа во селото Кервасари во близина на Малишево во Косово.

Маж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременост

Нејзиниот 26-годишен сопруг е осомничен за тешко убиство, потврди утрово Основното обвинителство во Ѓаковица.

Сопругот е исто така тешко ранет од огнено оружје и е во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина. Тој е интубиран и поврзан на респиратор, а лекарите ја опишуваат неговата состојба како многу сериозна и нестабилна.

Парот пронајден ранет во спалната соба

Полицијата добила пријава за пукањето синоќа околу 23:20 часот. По пристигнувањето во куќата, полицајците ги пронашле сопружниците со прострелни рани во спалната соба.

Двајцата биле пренесени во болница. Универзитетскиот клинички центар на Косово објави дека 25-годишна сопруга била донесена околу 00:15 часот без знаци на живот. И покрај обидите за реанимација, нејзината смрт е потврдена. Таа била бремена во 34-та недела.

Нејзиниот сопруг е тешко повреден. Директорот на службите за итни случаи, Насер Сила, изјави дека мажот бил интубиран и поврзан со респиратор, како и дека се извршени потребните тестови.

Обвинителство: Сопругот е осомничен за тешко убиство

Основното обвинителство во Ѓаковица потврди дека 26-годишниот сопруг на убиената жена се води како осомничен во овој случај. Покрената е постапка за тешко убиство и неовластено поседување, контрола или поседување оружје.

На местото на злосторството е пронајдено и огнено оружје за кое се сомнева дека е употребено во пукањето. По наредба на обвинителот, телото на убиената жена е пренесено во Институтот за судска медицина во Приштина за обдукција.

Полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата за да ги утврдат сите околности на злосторството. Засега, официјално не е објавен можен мотив, ниту е потврдено како сопругот ги претрпел повредите.

Членовите на семејството се збогуваат со убиената 25-годишна жена на социјалните мрежи. Косовски Клан објави дека нејзиното име е Јетлира Фониќи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер