„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
1„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
3Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
РакометЛазаров: Разочаран сум од толку промашувањаРакометарите на Алкалоид и во реваншот од квалификациите на Лига Европа загубија од Хановер со 29:28. Македонскиот претставник со двата пораза ги заврши натпреварите во елиминациската фаза, па сега остануваат само домашните натпреварувања. - Честитки за Хановер, заслужено победија. Разочаран сум бидејќи на двата натпревара промашивме вкупно девет удари од шест метри. Со ваква статистика невозможно е да се совлада екипа што игра во Бундеслигата. Знаевме дека Хановер е поквалитетен тим, но ова е премногу. Хановер е противник кој победува екипи како Магдебург или Фуксе Берлин, тогаш е јасно колку беше тешко со ваква статистика, изјави по натпреварот тренерот на Алклаоид Кирил Лазаров. Жестоко беше на теренот, особено како што истакна и тренерот на гостите Кристијан Прокоп дека нивна цел била две победи на двата дуела. - Сакам да им честитам на Хановер за победата и да им посакам среќа во групната фаза на ЕХФ Европската лига. За жал, за нас европската авантура завршува тука и нашиот фокус ќе биде насочен кон домашните натпреварувања, изјави капитенот на Алкалоид Игор Ѓоргиев. Пред почетокот на натпреварот Алкалоид – Хановер, на македонскиот тим му беше предаден пехарот од ЕХФ за освоениот Европски куп од ланската сезона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајотКампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот. Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот. Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија. Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСо дрон погодени два трговски брода во Црното море кај брегот на Бугарија Два трговски брода се погодени од дронови во Црното Море, во близина на бугарскиот брег. Едениот брод веќе потонал соопштија од владата на Бугарија. Во тек е потрага по исчезнатите членови на екипажот, а засега никој не е обвинет за нападот, кој според досегашните информации е прв таков напад врз бродови во економската зона на земја-членка на НАТО. Бугарскиот премиер Румен Радев ќе ѝ се обрати на јавноста во 11:15 часот по локално време, на почетокот на вонредната седница посветена на нападите со дронови во кои беа погодени два трговски брода во Црното Море во близина на Бугарија – од кои едниот потона – соопшти владата. Не се знае од каде дошле дроновите. Екипажот на потонатиот брод се води како исчезнат, додека членовите на екипажот на другиот брод се спасени, изјави Румен Николов, раководител на операциите за спасување во Варна, како што пренесе јавниот сервис БНР. Бугарскиот портал Maritime.bg објави дека станува збор за бродовите „Алфа Ватан“ (Alfa Watan), кој плови под знамето на Того и за кој се наведува дека потонал, и „Ејбл“ (Able), кој плови под знамето на Палау. Сите 18 членови на екипажот на вториот брод го напуштиле пловилото откако избувнал пожар и биле спасени од бугарскиот ферибот „Диоскурија“ (Dioscuria). Некои од нив се повредени. Сè уште не е утврдено од каде дошле дроновите, објави порталот. Инцидентот се случи само еден ден откако најмалку еден дрон нападна товарен брод во сопственост на Турција, кој превезувал жито во Црното Море. Бродот на крајот потона по избувнувањето на пожарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Славјанка Петровска на дело покажа дека Филипче е со двојни аршиниСлучајот со Славјанка Петровска на дело покажа дека Филипче е со двојни аршини, зборува за ЕУ а води селективна борба против корупцијата.Случајот со Славјанка Петровска е доказ дека Венко Филипче зборува за корупција и е против, единствено кога тоа му оди во прилог нему. Венко Филипче го отвори случајот во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, што е доказ за двојните стандарди на Филипче. Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра. Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија а самиот води селективна борба против корупцијата и криминалот. Филипче да каже од кога знаел за случајот и зошто молчел? И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот? Филипче како за овој случај така и за останатите доколку има сомнеж за криминал да достави информации до јавното обвинителство. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook