Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво - Канал 5

Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажа своите очекувања за утрешниот натпревар со Катар, втор во Главната фаза на Мундијалот 2025.

Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво

- Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Не очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво. Ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат, изјави Лазаров.

Натпреварот Македонија – Катар се игра утре со почеток во 15:30 часот.

Македонија во пресрет на 2. коло во Група-2 има два бода, Катар е без бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица се лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица се лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило

Сите 15 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, а пет од нив биле малолетници.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Нов паркинг простор во центарот на градот

Изградбата на паркинг и улицата „Браќа Џаферови“ влегуваат во завршна фаза.

Општина Битола: Нов паркинг простор во центарот на градот

Денес се асфалтираше и на оваа локација, а станува збор за површина од 1100 м2.

Новиот паркинг простор ќе обезбеди 25 паркинг места, согласно проектот ќе има и улично осветлување, а изведена беше и атмосферска канализација.

Со ова Битола добива уште еден паркинг простор во центарот на градот.

Вкупната сума на средства кои што ги обезбеди општината од својот буџет изнесува 2.752.772 денари.

И на неколку други локации се работи на новите паркинг места во градот, што е заложба на општината за подобрување на состојбата со сообраќајот во централното градско подрачје.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата

Денеска (06.08.2026) во Министерството за внатрешни работи беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност и Министерството за финансии – Биро за јавни набавки.

МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата

Меморандумот го потпишаа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска.

Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната институционална соработка, со цел зголемување на ефикасноста во размената на податоци по електронски пат, организирање континуирани обуки, како и развивање други форми на соработка од делокругот на работењето на Бирото за јавна безбедност и Бирото за јавни набавки.

Меморандумот ги уредува и начините на остварување координација и меѓусебна соработка во областа на спречувањето и сузбивањето на корупцијата и криминалот поврзани со јавните набавки, преку поефикасна размена на информации и заеднички активности во рамките на законските надлежности на двете институции.

Со оваа соработка двете институции ја потврдуваат својата заедничка заложба за зајакнување на институционалните капацитети, транспарентноста и интегритетот во системот на јавните набавки, како и за поефикасна борба против корупцијата и криминалот во оваа област.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер