3Со „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на Македонија
РакометЛазаров по пласманот во осминафиналето на Европскиот куп: Тоа беше нашата зацртана цел -Тоа беше нашата зацртана цел и ја остваривме.Ракометарите на Алкалоид со две победи над Вест Виена од Австрија изборија осминафиналето на Европскиот Куп. Тренерот Кирил Лазаров е задоволен од остварување на целта, но искажа критики за дел од играчите кои добија шанса да настапат на двомечот со австрискиот тим. - Најважно ни беше да се пласираме во следната фаза и тоа го остваривме. Игравме против една квалитетна и млада екипа од Австрија која покажа на сите нас како се игра и како се бори до последен здив, на специјален и модерен начин. Им дадов шанса на сите играчи во овие два натпревари, знаев дека во моментов сме подобар и поискусен тим, малку и ризикувавме, но треба да знаеме со што располагаме. Морам да кажам дека сум незадоволен од презентацијата на неколкумина наши играчи, треба да работиме и сите да се свесни дека мора да менуваме стари навики доколку сакаме да бидеме на ниво кое јас како тренер го посакувам и ние како клуб Алкалоид го посакуваме. Загрижен сум, затоа што во иднина не очекуваат потешки натпревари. Околу следната фаза, не ги знам сите имиња на можните ривали. Но, од оние кои се тука, скандинавските екипи ни се непознаница, би сакал да го избегнеме Олимпијакос, но ќе видиме кога ќе ја добиеме целата листа, истакна Лазаров на прес-конференцијата по синоќешниот дуел со Вест Виена. Алкалоид победи со 32:29 и со вкупни 70:56 оди во осминафиналетоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп побарал одложување на нападот врз Иран, но Израел сепак возвратилИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа по телефон во синоќа. Трамп му рекол на Нетанјаху да го одложи лансирањето на одмаздничкиот напад врз Иран, според американски функционер, со надеж дека ќе се спасат сè покревките дипломатски напори. Трамп го предупреди Нетанјаху да не ги ескалира веќе растечките тензии во регионот, рече функционерот, и нагласи дека верува дека е блиску до договор со Иран. Повикот се случил откако израелската војска соопшти дека пресретнала ракети испукани од Иран за прв пат од почетокот на април. Иако Трамп и Нетанјаху имаа жесток телефонски разговор минатата недела, разговорот во неделата не се претвори во слично жестока размена на зборови, соопштија официјални лица. Трамп ги сигнализираше своите ставови во разговорите со новинарите пред состанокот, што го прави малку веројатно дека неговата порака до Нетанјаху била изненадување за премиерот. Сепак, израелскиот премиер не го послушал и Израелците возвратија само неколку часа по иранскиот напад. Демократскиот сенатор Крис Марфи му се потсмеваше на Трамп за ова. „Оваа војна беше понижувачка за Трамп и американската моќ воопшто. И кога Трамп ќе објави дека ќе му се јави на Нетанјаху и ќе му каже да не возвраќа, а за неколку часа Нетанјаху возвраќа, понижувањето само се зголемува“, рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
ЖивотРеализиран -„Лајка Фест - Повеќе од настан“Во изминатите три дена, ЈП Лајка - Скопје го реализираше „Лајка Фест - Повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните.Во изминатите три дена, ЈП Лајка - Скопје го реализираше „Лајка Фест - Повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните околу една тема што со години е присутна во нашето општество - проблемот со бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија. Фестивалот започна со панел дискусија во Собранието на Град Скопје, каде претставници од Факултетот за ветеринарна медицина, Агенцијата за храна и ветеринарство, ЗЕЛС, невладини организации, прифатилишта од државата, како и гости и експерти од Загреб, Сараево и Шпанија, разговараа за реалната состојба со која се соочуваме, предизвиците во пракса и можните решенија базирани на европски искуства и модели. Во текот на неколкучасовната дискусија се отворија важни теми поврзани со одговорноста на институциите, потребата од координирано делување, улогата на локалната самоуправа, важноста на стерилизацијата и одговорното сопствеништво, како и неопходноста од едукација и подигнување на јавната свест. Посебен акцент беше ставен и на фактот дека проблемот со бездомните кучиња не започнува на улица, туку најчесто со неодговорно сопствеништво, напуштање и неконтролирано размножување. Како продолжение на оваа порака, наредните два дена Градски парк стана место за дружење, едукација, вдомување и позитивна интеракција помеѓу граѓаните и животните. Преку забавно-едукативниот дел од „Лајка Фест“, темата беше доближена до јавноста на поинаков, позитивен и интерактивен начин. Во рамки на фестивалот учествуваа повеќе од 50 пријавени учесници во натпреварите и активностите, голем број посетители, повеќе од 20 спонзори и партнери, како и претставници на невладини организации кои ја поддржаа иницијативата. Посетителите имаа можност да ги запознаат кучињата од ЈП Лајка, да разговараат со вработените, ветеринарите и дресерите, да учествуваат во едукативни и интерактивни содржини за деца и возрасни, како и да бидат дел од изложбите, игрите и активностите посветени на вдомените миленици и одговорното сопствеништво. Особено значајно беше присуството на голем број семејства, деца и сопственици на миленици, што уште еднаш покажа дека сè поголем број граѓани сакаат активно да бидат дел од создавање похумано и поодговорно општество. „Лајка Фест“ не беше само настан за љубители на животни, туку обид да се покаже дека преку соработка, едукација, заедништво и современ пристап може да се отвори поинаков разговор за проблемот со бездомните кучиња - разговор во кој решението не се бара во насилство и поделби, туку во одговорност, систем и долгорочна промена. ЈП Лајка упатува благодарност до сите институции, организации, експерти, спонзори, волонтери, посетители и граѓани кои беа дел од „Лајка Фест“ и помогнаа овие три дена да испратат порака дека промените се можни кога постои заедничка волја за подобро и похумано општество.Тагови: ЈП Лајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Богоев наместил тендер во Царина и зел мито, кое требало да стигне до 10% од вредностаБогоев наместил тендер во Царина и зел мито, кое требало да стигне до 10% од вредноста, за Филипче да го смета за криминал колку пари треба Богац да украде?Криминалната и корупциска матрица е главната идеологија на СДС. За нив е прифатлива корупцијата и во тоа не гледа криминал претседателот на партијата, Венко Филипче. Поранешниот директор на Царинска управа од редовите на СДС, Стефан Богоев – Богац наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони денари. Богоев тендерот за чистење го наместил со сопартиецот, сива еминенција од огранокот на СДС во Прилеп, Александар Спирковски – Џемо, а за ова Богац зел мито од две илјади евра. Аферата со Богац, детето на Зоран Заев и негов несуден наследник не е обична, туку трага која не води до многу поголем криминал. Преку медиумите, македонската јавност дозна дека Богац бил подмитен со 2.000 евра од Џемо, а ние од наши извори дознаваме дека тоа биле првите од илјадниците што требал да ги инкасира пуленот на СДС. Но, во оваа корупциска афера на некогашниот претставник на младите во СДС, Богоев, само Венко Филипче не гледа криминал. Па го прашуваме, колку државни пари требал да украде Богац, за Венко Филипче тоа да го смета за криминал? Можеби требал сам да ја подготви тендерската спецификација, како Филипче за модуларните, па после тоа да потпише и анекс со кој цената би се зголемила за 20%, а парите да завршат во негов џеб. Од друга страна, го повикуваме ЈО да истражи дали е точна информацијата дека Богац требал да добие 10% од наместениот тендер вреден 18 милиони денари, што изнесува 1,8 милиони денари? Ова не е изолиран случај и личен инцидент на еден поединец. Не треба да заборавиме дека Богоев, на позицијата директор на Царина бил поставен од СДС, и Џемо негов соработник со кој го наместиле тендерот и го договарале митото и разни награди, е исто така човек од СДС. Двајцата партиски, како што се нарекуваат, другари ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и во државната институција си наместиле милионски тендер. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter