РакометЛазаров ја заврши тригодишната епизода во Атлетико со над 700 головиКапитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров ја заврши својата тригодишна епизода во шпанскиот клуб Атлетикот од Мадрид. Лазаров во сите три сезони во овој клуб беше прв клубски стрелец во АСОБАЛ лигата и во ЕХФ Лигата на шампионите. Ако се соберат головите во трите сезони во овие две главни натпреварувања, Лазаров постигна 680 гола во тимот што го водеше Талант Душебаев. Со головите од останатите четири натпреварувања - Купот на Кралот, АСОБАЛ Купот, АСОБАЛ Суперкупот и ИХФ Суперглоб, бројката достигнува преку 700 голови. Лазаров пред три сезони мина од Кроација осигурање - Загреб во Реновалиа Сиудад Реал која потоа се преименува во Атлетико. Шпанските медиуми објавија дека следна дестинација на најдобриот македонски ракометар најверојатно ќе биде Барселона. Лазаров потврди дека е во преговори за нов ангажман, но оти се уште нема постигнато договор со ниту еден клуб.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС со години ги запоставуваше студентските домови, а денес глуми загриженостВМРО-ДПМНЕ инвестира и го подобрува студентскиот стандард.СДС повторно се обидува да собира политички поени на грбот на студентите, заборавајќи дека токму во времето на нивното владеење студентските домови со години беа запоставени, без соодветни инвестиции и без сериозен пристап кон решавање на проблемите. Денес, кога конечно се преземаат конкретни чекори за реконструкција на студентските домови и подобрување на студентскиот стандард, СДС се обидува да создаде политичка драма. Наместо да ги поздрават инвестициите, тие продолжуваат со старата практика, критики без одговорност и политички маркетинг без резултати. Но, фактите зборуваат поинаку. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари директна средба со претставниците на студентските парламенти од сите универзитети во државата, со цел отворено да се разговара за реалните проблеми и потребите на академската заедница. Притоа, на маса е и конкретен предлог за унапредување на студентскиот оброк, наместо сегашните 3.500 денари, неговата вредност да се зголеми на 4.500 денари преку дигитална апликација М-услуги, односно со додавање на М-Студентски оброк, со дополнителни попусти од 20 до 25 проценти во ресторани, маркети и други угостителски објекти. Дополнително, беше пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ со капацитет за 1150 студенти со услови по европски стандарди, а до крајот на годината ќе се пушти во употреба и вториот студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ кој е во фаза на реконструкција. Исто така се гради кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ и се работи на подобрување на условите за студентите. Исто така со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ студентскиот стандард во 2026 година е двојно подобрен во однос на 2022 година. Разликата е очигледна, СДС со години ги оставаше проблемите нерешени, само ветуваа студентски градови и ништо не реализираа, а ВМРО-ДПМНЕ презема иницијатива, отвора дијалог и предлага нови решенија. На СДС му пречи што студентскиот стандард конечно станува приоритет, но студентите не живеат од нивните прес-конференции и политички конструкции. Студентите сакаат резултати, инвестиции и подобри услови, а токму тоа го овозможува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Нов инфраструктурен проект во Гази Баба преку владината програма за поддршка на општинитеИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Мицкоски од посетата на Општина Гази Баба.„Добар ден и од мене. Јас сум исклучително задоволен што можам да присуствувам на почеток на уште еден проект којшто е финансиран од онаа програма којашто ја имавме од Владата за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. Важно е што со овој проект речиси ова населено место ќе добие канализација онака како што треба да има во 21 век и јас сум навистина среќен што можам ваков тип на проекти коишто додаваат квалитет во животот на луѓето да ги отпочнуваме заедно со градоначалниците и заедно да ги пуштаме во употреба со граѓаните. Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за посветената работа којашто ја врши овде во Општина Гази Баба, да се заблагодарам на поддршката на советниците кои ја поддржуваат неговата работа, се разбира и на вработените во општината коишто ја подготвуваат оваа документација којашто е неопходна за изработка на ваков тип на проекти. Да се заблагодарам на пратениците од Македонското собрание коишто се борат за проект повеќе за Општина Гази Баба. Добро е што веќе размислуваат градоначалниците и проектираат нови проекти за следниот повик кога ќе биде отприлика некаде втората половина од следната година, за да можеме и од тој повик постепено да реализираме проекти. Така што јас уште еднаш сакам од овде да ги поздравам реализирањето на вакви проекти и да посакам уште многу вакви проекти во периодот којшто следи да реализираме, бидејќи суштината е таа, на една влада и на една локална самоуправа да испорача во рамките на можностите, некогаш и повеќе, како што тоа и ние го правиме од можностите коишто ги имаме да реализираме за граѓаните. Уште еднаш благодарам и благодарност до медиумите што нè следите во сите овие иницијативи.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЧистка во Пекинг: Исклучени 33 члена од Комунистичката партија На Петтиот пленум на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, 33 члена беа исклучени од партијата, откако истрагите покажаа дека тие извршиле сериозни прекршувања на дисциплината и законот.На состанокот, кој се одржува секоја година, присуствуваа 279 полноправни членови, а со него претседаваше кинескиот претседател Си Џинпинг. Тој поднесе извештај за работата на Партијата и за прашања поврзани со подобрување на партиското управување, пренесува „China Radio International“. Меѓу исклучените се поранешниот генерал Џанг Јусија и поранешниот секретар на Партијата во Ксинџијанг, Ма Сингруи, двајцата претходно беа обвинети за корупција. Исто така, се наведува дека Пленумот ја повикал Комунистичката партија уште поцврсто да се обедини околу Централниот комитет – на чие чело е Си Џинпинг – да се посвети на доброто управување и зајакнувањето на државата, како и да го унапреди сеопфатното и строго партиско управување. Извор: Б92Тагови: Кина Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook