Лазаров: Имаме сили и доволно мотиви за победа над Чешка - Канал 5

Лазаров: Имаме сили и доволно мотиви за победа над Чешка

За машката ракометна репрезентација на Македонија останува уште последниот дуел од квалификациите за Европското првенство во Хрватска. Утре во Скопје, Македонија е домаќин на Чешка.

Лазаров: Имаме сили и доволно мотиви за победа над Чешка
Оптимизам кај капитенот Кирил Лазаров во пресврт на дуелот со ривалот, со кој играме често последните години.

- Атмосферата е добра во репрезентацијата. Некој на почетокот да ни ја понудеше оваа ситуација ќе ја прифатевме со две раце. Сега со победа и со еден гол разлика ќе бидеме први во групата и што е исто така важно ќе бидеме и во подобар „шешир“ на извлекувањето за групите на Европското првенство во Хрватска. Имаме сили и имаме доволно мотиви да победиме особено што веќе имаме доволно видео материјали за утрешниот противник, вели Лазаров.

На чело на табелата во групата е Чешка со 6 бодови, Македонија и Украина имаат по 5, а последен е Исланд со 4. Дуелот Македонија – Чешка се игра утре со почеток во 20:45 часот во ВИП Арена во СЦ „Борис Трајковски“, а во исто време играат и Исланд – Украина.

Билетите за натпреварот Македонија – Чешка се продадени и се очекува македонските ракометари да имаат максимална поддршка од трибините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клима уред или отворени прозорци? Еве кога возачите трошат повеќе гориво

За време на летните горештини, многу возачи се прашуваат што е поекономично - возење со отворени прозорци или вклучување на клима уредот.

Клима уред или отворени прозорци? Еве кога возачите трошат повеќе гориво

Истражувањата покажуваат дека одговорот зависи првенствено од брзината на возилото.

Според студија на Друштвото на автомобилски инженери (SAE), границата е околу 72 км/ч. При помали брзини, поекономично е да се отворат прозорците и да се лади кабината природно.

Меѓутоа, при поголеми брзини, отворените прозорци значително го зголемуваат отпорот на воздухот, па потрошувачката на гориво може да се зголеми до 20 проценти.

Од друга страна, користењето на клима уред генерално ја зголемува потрошувачката на гориво до 10 проценти, што го прави поекономично решение на отворен пат и автопат.

Експертите забележуваат дека резултатот е под влијание на бројни фактори, како што се аеродинамиката на автомобилот, бројот на отворени прозорци и интензитетот на клима уредот.

Меѓутоа, правилото од 72 км/ч може да послужи како добра насока.

Во градското возење, дополнителен проблем е загадувањето на воздухот.

Затоа, се препорачува климатизацијата да се користи со вклучена рециркулација на воздухот, за да не влегуваат издувните гасови од околината во кабината на возилото. Заклучокот е едноставен: во град, отворените прозорци можат да бидат поекономични, додека при поголеми брзини, климатизацијата е често подобар избор и за удобност и за потрошувачка на гориво.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијание

Европскиот парламент во својот извештај за Македонија јасно и недвосмислено укажува на сериозни ризици од странско мешање и влијание кое директно го загрозува европскиот пат на државата.

СДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијание

СДСМ навреме предупредуваше и гласно зборуваше за овие ризици а очигледно е дека ситуацијата е многу посериозна.

Во извештајот се нагласуваат руските напори за проектирање влијание, кинеското економско и политичко влијание, како и растечките врски со Србија која спроведува илиберална агенда во регионот.

Европратениците изразуваат загриженост од регионалните наративи и влијанието на „српскиот свет“ кое е насочено против европската ориентација на Македонија.

Ова не е прв пат Европскиот парламент да укажува на овие опасности.

Но, ова е прв пат кога ваквите предупредувања доаѓаат во момент кога Владата на Христијан Мицкоски отворено ја копира политиката на Вучиќ и „српскиот свет“ и во реторика, и во наратив, и во политичкиот модел.

Додека Мицкоски и ВМРО секојдневно го туркаат антиевропскиот наратив, го навредуваат секој што се залага за ЕУ и ја блокираат европската иднина на граѓаните, Европскиот парламент јасно порачува дека странското мешање - руско, кинеско и преку регионални актери, станува сериозна закана за Македонија.

Наместо да се бори против овие влијанија, Владата на Мицкоски активно учествува во нивното ширење.

Наместо да ја зајакнува отпорноста на државата, ја слабее преку политички прогон, контрола на медиуми и откажување од реформи.

Европскиот парламент го кажа она што граѓаните го чувствуваат секој ден.

Македонија е изложена на странско влијание, а Владата на Мицкоски не само што не го спречува, туку активно придонесува за него.

СДСМ останува јасно и доследно на страната на европскиот пат, на владеењето на правото и на отпорноста од секое странско мешање - било тоа руско, кинеско или регионално.

Граѓаните заслужуваат Македонија да биде дел од Европа, а не заложник на туѓи интереси и туѓи наративи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Менуваме“ со кривична приајва до ОЈО за Министерството за социјална политика

Коалицијата „Менуваме“ со апел да се разгледа според нив незаконското намалување на работното време на услугите за лична асистенција за лицата со  попреченост, издавањето лиценци со кршење на законските процедури.

„Менуваме“ со кривична приајва до ОЈО за Министерството за социјална политика

Коалицијата „Менуваме“ поднесе кривична приајва до ОЈО за Министерството за социјална политика.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер