Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
2Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
МакедонијаЛазаревски: Грујовски прати закана дека ќе ми го пресечел гркланотПо апсењето на Зоран Верушевски, ми се јави Звонко Костовски, кој во тој момент бил во присуство на Горан Грујоски, и ми пренесе порака од него дека доколку сум бил инволвиран во случајот, лично ќе ми го пресечел гргланот, изјави Ѓорѓи Лазаревски.Лазаревски одговараше на прашање на обвинителот Трајче Пеливанов за моментот кога бил уапсен Верушевски и за неговото пријавување во МВР на барање на Грујовски. -Сватив дека е подобро да пријавам што се случува, иако Зоран Заев објави дека материјалите му ги дале вработени во МВР кои веќе биле во странство. Побарав средба со Горан Грујовски и таму кажав дека јас ги предадов материјалите на Верушевски, нагласи Лазаревски пред судот. Сведокот рече дека пред да појде во МВР го избришал дискот каде што ги чувал податоците и го предал на обвинителството. Бришењето го направил за да биде сигурен дека нема да биде злоупотребен материјалот кој неколку години го предавал на Верушевски. Со сведочење на истиот сведок, одговарајќи на директни прашање на СЈО, рочиштето ќе продолжи на 21 ноември. Судењето беше прекинато доцна поладнево на барање на обвинетата Гордана Јанкуловска, а во согласност на обвинителите и на судечкиот совет. Во „Таргет-Тврдина" освен екс директрот на УБК, Сашо Мијалков, обвинети се и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЗ: Состојбата во Гостивар се следи – намален вкупниот број прегледиМинистерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции.Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето. Министерството за здравство, во координација со надлежните здравствени установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРадеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на ГостиварИма нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар.Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија. Страшно! Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето. Кожни инфекции и бројни други сериозни заболувања и други инфекции предизвикува оваа бактерија. Ова е врв на институционалниот колапс и уште еден здравствен скандал. Системот на Мицкоски и Клековски целосно потфрли во својата основна задача, наместо да го заштити здравјето на граѓаните го загрози. Затоа Мицкоски и Клековски се кријат зад Тошковски и Ангелов, луѓе кои не се стручни за ова и само создаваат забуна и грижа кај граѓаните. Сѐ уште Владата не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Со признанието за присуство на бактерија се потврдува дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа. И повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено исто така поради високото ниво на хлор. Концетрацијата на хлор мора да се спушти на дозволени вредности за да може да се користи. Министерот Клековски најавуваше дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија. Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Ова е страшна информација. Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за: • Христијан Мицкоски; • Сашо Клековски; • Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани. Одговорноста не може и не смее да се избегне. Обвинителството мора да покаже дека законот важи за сите и веднаш да отвори истрага за овој тежок скандал. Прес конференција на Елена Радеска, СДСМТагови: Радеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литарТрговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,806%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,930% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,787%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1423%. Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 46,419 (денари/килограм) Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 05.08.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. РКЕТагови: горивата РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00