Лазаревски: Горд сум на нашите таеквондисти кои настапија на Светското првенство во Италија - Канал 5

Лазаревски: Горд сум на нашите таеквондисти кои настапија на Светското првенство во Италија

 Претседателот на Македонската традиционална таеквондо федерација, Марјанчо Лазаревски искажа пофални зборови за Владимир Димитриевиќ и Божидар Димитриевиќ кои учествуваа на Светското првенство во Јесоло, Италија.

Лазаревски: Горд сум на нашите таеквондисти кои настапија на Светското првенство во Италија

- Секој тренер, секој селектор би се гордеел да има натпреварувачи, кои иако од мала земја, не се аутсајдери и прават да се гордееме со нивните настапи со нивните победи, кои гордо и достоинствено ја претставија Македонија на ова Светско првенство. Овие успеси не би биле доколку не ја имавме поддршката од Генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, Министерството за спорт и Општината Охрид, изјави Лазаревски.

Божидар Димитриевиќ, црн појас II дан - се натпреваруваше во сениори 18-34 години во борби -92 кг., во неговата категорија имаше 17 натпреварувачи, кои беа поделени во 5 групи.

Владимир Димитриевиќ, црн појас I дан - се натпреваруваше во сениори 18-34 години во борби борби – 78 кг. во неговата категорија имаше 31 натпреварувачи, кои беа поделени во 8 групи.

- Како и секое првенство, така и ова нашите натпреварувачи покажаа одлични борби, носејќи се рамо до рамо со многу поискусните. Иако првпат излегуваат на Светско првенство како сениори, релативно млади, постигнаа вкупно три победи, од кои Божидар Димитиревиќ во неговата група извојува една победа над Монголија, додека две загуби од Бугарија и Грција, а Владимир Димитириевиќ како најмлад натпреварувач во сениорска конкуренција кој пред еден месец наполни 18 години извојува две победи во неговата група над Норвешка и Аргентина, додека со противникот од Русија изгуби со тесна разлика и за жал не отиде во четвртфинале, потенцира Лазаревски.

На првенството (5-12 октомври) настапија повеќе од 2.500 натпреварувачи од 74 држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Јамал видно уморен и исцрпен по дуелот против Франција

Шпанија е во големото финале на Светското првенство по победата над Франција (2:0), но една снимка од стадионот предизвика вистинска бура меѓу навивачите на „Црвената фурија“. 

Видео: Јамал видно уморен и исцрпен по дуелот против Франција

По завршувањето на натпреварот, камерите го снимија Ламин Јамал како го напушта теренот видно исцрпен, а она што им падна в очи на сите беше фактот дека младиот ас буквално едвај одеше.

Секој чекор изгледа болно, а социјалните мрежи за рекордно време се вжештија од коментари на загрижените навивачи.

По мундијалското полуфинале Шпанците се пожалија на грубоста од француските фудбалери кон младата светска фудбалска ѕвезда.

Во текот на целиот натпревар, Французите не бираа средства за да ја запрат најголемата ѕвезда на Шпанија. Јамал беше под постојан притисок, претрпе бројни дуели и стартови, а токму врз него беше направен прекршокот по кој Шпанија доби пенал за водство.

YouTube video

Иако видеото на кое тој тешко се движи воопшто не е пријатно за навивачите на „Црвената фурија“, првите информации од шпанскиот табор влеваат оптимизам. Не се очекува повредата да го загрози неговиот настап во финалето; станува збор попрво за последици од жестоките дуели и големиот физички напор за време на полуфиналето.

Сепак, јасно е дека шпанскиот медицински тим внимателно ќе ја следи неговата состојба во наредните денови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху ќе патува во САД, сака да се сретне со Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе патува во САД во сабота, објави „Џерусалим пост“.

Нетанјаху ќе патува во САД, сака да се сретне со Трамп

Се очекува Нетанјаху да остане во Вашингтон до вторник, а за време на престојот планира да присуствува на комеморација за сенаторот Линдзи Греам, објави весникот.

Израелскиот премиер сака да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, но средбата сè уште не е официјално договорена, соопштија израелски извори. Посетата на Вашингтон ќе биде првото официјално патување на Нетанјаху во САД од почетокот на војната со Иран. Неговата последна посета на САД беше во февруари.

За време на неодамнешниот телефонски разговор во кој Нетанјаху му честиташе на Трамп за 250-годишнината од американската независност, двајцата лидери се согласија да се сретнат „наскоро“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерот Ристески на работна средба со претставниците на поголемите стопански комори

Поддршка за компаниите од 5,4 милиони евра за вработување на 1385 лица.

Заменик-министерот Ристески на работна средба со претставниците на поголемите стопански комори

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори, Стопанската комора, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

На средбите Ристески пред присутните ја презентираше мерката од јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“ во рамки на Оперативниот план за вработување, преку која се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации.

- Креирањето на нови работни места е приоритет за Владата и Министерството за економија и труд, а годинава преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година создаваме повеќе од 3.500 нови работни места. Со мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ обезбедуваме поддршка на компаниите за зголемување на бројот на вработени, годинава со оваа мерка ќе бидат опфатени 1385 лица, а вкупниот буџет изнесува 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра – кажа заменик-министерот Ристески.

Со јавниот повик една компанија може да аплицира за финансиска поддршка за најмногу 5 работни места и вкупна поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања. И оваа година најголема финансиска поддршка од 250.000 денари се предвидува за вработување на младо лице до 29 години.

Ристески и претставниците на стопанските комори апелираа до сите компании кои имаат интерес и ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат во некој од центрите на Агенцијата за вработување.

Јавниот повик е отворен до 24 јули 2026 година

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Македонија (https://av.gov.mk/).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер