КултураЛазар Ристовски: Сознанието дека глумата е нешто што е стварно, е голем товар за понатамошно занимавање со оваа професијаВо рамките на програмата на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ кој се одржува во Дојран, годинашниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“, српскиот актер, Лазар Ристовски по прв пат одржа мастерклас.Во рамките на програмата на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ кој се одржува во Дојран, годинашниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“, српскиот актер, Лазар Ристовски по прв пат одржа мастерклас на тема „Aктерството во уметноста на филмот и местото на актерот во филмската индустрија денес“. Во Музејот на Град Дојран, Ристовски го сподели неговото прво искуство со актерството кога снимале филм со негов колега. -Требаше да глумам студент по виолина, живеев во студентскиот град и требаше да дојдам меѓу студентите, во метежот кога доаѓа автобусот и јас треба да влезам во тој автобус. Мојот колега снима од 30-40 метри оддалеченост сокриен зад еден камион, а јас пред да влезам во автобусот требаше да се онесвестам и да паднам, а кај него да исчезнам од објективот. Тој така ја замислил сцената. Почнавме да снимаме, голем метеж, се потам и одеднаш сфатив дека овие луѓе не знаат што се случува. И не го направив тоа, си замина автобусот и не ја снимивме сцената. Кога ме праша што се случува му реков, срам ми е да ги лажам луѓето. Да знаат дека се снима филм, да се подготвени, тогаш е во ред, но вака не можам. Ајде почнавме со вториот обид, повторно доаѓа авобусот, метеж луѓето слегуваат, се качуваат...и јас пак не можам да паднам во несвест. И по трет пат почнавме да снимаме, се одново, но овој пат јас се онесвестувам, но овој пат вистински. Се освестив во студентската кантина кога ме прскаа со вода. Ете тоа беше мојата прва средба со актерството, раскажа Ристовски. Рече дека спознавањето на тоа дека глумата е нешто што е вистинско, што е стварно, е голем товар за понатамошно занимавање со глума, а со глума се занимава 50 години. Вечерва во чест на лауреатот во 20 часот во Амфитеатарот во Дојран ќе има проекција на филмот „Дневникот на машиновозачот“ во кој главна улога игра Лазар Ристовски, а по проекцијата ќе следи и разговор на Лазар Ристовски за неговата кариера, за актерството, за животот посветен на уметноста на филмот- сесија прашања и одговори со публиката.Тагови: Дојран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месецСпоред анализата на „CNN“ на извештаите од руските медиуми, само во септември најмалку 16 лица загинале во напади од мечки низ Русија.Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека во земјата годишно вообичаено се регистрираат меѓу 20 и 30 напади од мечки врз луѓе. Оваа година, мечките навлегле во населени места во повеќе од 40 руски региони. С конца августа в России медведи терроризируют села и города. Их замечают в Сибири и других частях России, даже около Петербурга. Хищники едят собак и скот, громят дома — и нападают на людей. Счет смертей по всей стране пошел на десятки, хотя прежде ежегодно гибли единицы. pic.twitter.com/VQMkk1TCwB — Ilya Varlamov (@varlamov) October 3, 2026 Жена нападната веднаш откако излегла од својот дом Минатата недела во регионот Краснојарск, мечка убила 51-годишна жена откако таа излегла од својата куќа. Два дена претходно, еден чувар загинал во напад на паркинг за камиони во шумска област. Претходно во септември, биле пронајдени и телата на две постари жени кои одделно отишле да берат печурки, нивните повреди укажувале на напад од мечка. 🐻Когда сосед сверху шумит, а сосед за окном — медведь. На Красной Поляне это уже почти норма Местный житель снял косолапого прямо из окна и признался, что к таким встречам уже привык «Пойду куплю водки и достану балалайку, чтобы соответствовать стереотипам», — пошутил автор pic.twitter.com/UtVbN6Bqbq — Игорь Лиепас (@igorkushnarev2) September 28, 2026 Смртоносни напади се случиле и на други места во Сибир. Во Тува, таткото на рускиот НХЛ-играч Андреј Кузменко загинал во напад од мечка додека рибарел кон крајот на септември. Во август, во регионот Алтај, мечка искинала шатор, одвлечкала 29-годишна жена во шумата и ја убила. Зошто се приближуваат до луѓето? Експертите со кои разговараше „CNN“ наведуваат неколку можни причини за порастот на опасните средби во одредени делови на Сибир. Зоолозите како клучен фактор го посочуваат исклучително слабиот род на борови јатки и шумски плодови, што им го отежнува наоѓањето храна на мечките пред зимскиот сон. Големите шумски пожари исто така уништиле делови од нивното природно живеалиште. Во есенскиот период, мечките интензивно бараат храна за да натрупаат доволно масни резерви за зимскиот сон. Доколку нема доволно храна во дивината, тие сè почесто се приближуваат до населби, депонии за отпад и други локации каде што храната е лесно достапна. Експертите исто така предупредуваат дека ширењето на индустриските активности во претходно оддалечени природни предели ја зголемува веројатноста за средби меѓу луѓето и мечките. Полициски часови и затворање на паркови Во текот на изминатите два месеца, властите во најмалку десет региони низ Сибир и рускиот Далечен Исток ги предупредија жителите за зголемена активност на мечките. Во делови од регионите Алтај и Бајкал се воведени ноќни ограничувања на движењето, додека властите во Краснојарск го затворија Националниот парк „Краснојарски столбови“ и популарната планинарска патека на гребенот Торгашински. Регионалните власти исто така формираа мобилни ловни тимови и нудат парични награди за убивање мечки. Во регионот Краснојарск се нуди награда од над 35.000 рубљи – приближно 420 долари – за нивно отстрелување. Ага, в Ленинградской области шастают.... Пару дней назад, 2 дурака грибника, сутки от медведя бегали, пока не приехали спасатели... Ты за калитку не выходи, на всякий случай☝️хотя, такому пофиг и калитка pic.twitter.com/COstRaAAbz — Наталья Питерская (@nat22p) September 26, 2026 По смртта на еден турист во регионот Алтај, убиени се повеќе од 50 мечки, а издадени се дозволи за отстрел на уште 157. Властите во регионот Краснојарск најавија отстранување на повеќе од 180 животни кои се сметаат за потенцијално проблематични. Експерти: Масовниот отстрел нема да го реши проблемот Зоологот Сергеј Колчин смета дека, иако отстрелот на агресивна мечка што навлегува во населено место понекогаш е неопходна итна мерка, сепак предупредува дека масовното убивање животни нема да го намали бројот на инциденти на долг рок. Според него, суштинскиот проблем е лесно достапниот отпад што ги привлекува мечките кон населбите. Ако се убие една мечка во близина на депонија, друга може едноставно да го заземе нејзиното место. Како долгорочни решенија, експертите ги наведуваат подоброто обезбедување на отпадот, едукацијата на жителите за тоа како да се однесуваат во живеалиштата на мечките, како и употребата на електрични огради и други средства за одвраќање. Извор: Индекс.хрТагови: мечки русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook