Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
1Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
2Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
СветЛавров вели дека е подготвен да се сретне со Марко Рубио: Има еден услов Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио, но дека, како што рече, интересите на Русија мора да се земат предвид при постигнувањето мир во Украина.Кремљ во петокот ги отфрли шпекулациите дека Лавров ја изгубил наклонетоста на претседателот Владимир Путин откако напорите за организирање самит меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп беа замрзнати минатиот месец. Вашингтон го откажува новиот самит Според Ројтерс и други медиуми, Вашингтон го откажа планираниот самит откако руското Министерство за надворешни работи испрати порака во која се вели дека Москва не е подготвена да попушти на своите барања во врска со Украина. „Фајненшл тајмс“ цитираше извори кои велат дека исходот од разговорите на Лавров со Рубио дополнително го зајакнал ставот на Вашингтон дека во моментов нема услови за одржување нов состанок на високо ниво. „Комуницираме по телефон и сме подготвени да се сретнеме“ „Државниот секретар Марко Рубио и јас ја разбираме потребата од редовна комуникација“, изјави Лавров за руската новинска агенција РИА. „Важно е да се разговара за украинското прашање и да се промовира билатералната агенда. Затоа комуницираме по телефон и сме подготвени да одржуваме средби лице в лице кога е потребно“, додаде тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 1. октомври 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 1. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Во текот на денешниот ден вашите лични односи ќе се доведуваат во ред и малку по малку ќе се подобруваат. Кариера Алтернативците одлично ќе ги води интуицијата , а креативците едноставно ќе уживаат во својата работа. Здравје Здружете се со младите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние во подолга врска успешно ќе го обноват својот сексуален живот. Оние кои сеуште се сами , нека излегуваат зашто ќе им биде убаво. Кариера Со која работа и да се занимавате , денеска би можеле успешно да го споите убавото со корисното. Здравје Игнорирајте го немирот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов За вас ни денеска нема пречки. Отворени ви се многу љубовни врати , а ваше е да изберете. Кариера Количината на мислите во вашата глава ќе биде значителна , но ниту една нема да биде поврзана со работата. Здравје Поминете си убаво. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата најдрага личност ќе може да се потпре на вас , а со тоа ќе ви се подигне самодовербата. Кариера Во моментов ништо не ве загрижува. Ако треба да се работи , во ред , ако треба да се оди во борба за работа , и тоа не ви пречи. Здравје Почнете да вежбате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Како што ќе минува денот, ќе имате се поголема потреба дасе повлечете од другите и да се завлечете во четирите ѕида на домот. Кариера Некои меѓу вас ќе посакаат одмор . Можно е да посакаат и да добијате неколку слободни денови. Здравје Преиспитајте се себеси. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку се контролирате и ја пшочитувате другата страна, може да очекувате подобрување на личните односи. Кариера Веројатна е многу пријатна соработка со деловни партнери од странство или со луѓе од иста професија. Здравје Ќе ви олесни. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе поверуваат дека се на прагот на конечно решение, но ќе се покаже дека треба уште да поработат на својот однос. Кариера Ќе ве интересира се што може да придонесе кон вашата сигурност. Некои ќе ги анализираат финансиите , а другите ќе ги проверат бравите во станот. Здравје Немате причина за страв. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин . Некои тукушто ја започнале , па нека одат полека. Кариера Можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите , бидејќи на работното место сега ви помагаат.Но , и тоа ќе помине. Здравје Одморете се за утре. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашето љубовно расположение ќе биде во пад, додека партнерот ќе има потреба за повеќе нежност. Бидете тактични. Кариера Во деловната кореспонденција ќе бидете многу оригинални . Со своето изразување ќе поттикнувате , но и ќе ги збунивате другите. Здравје Денеска сте возач различен од сите други. Рак 22.6-22.7. Љубов Помалку ќе приговарате , па вашиот партнер ќе станува се посреќен и позадоволен , а секако и вие со него. Кариера Би можеле да ги проширите вашите деловни хоризонти со нови знаења , помодерен пристап или со истражување без компромис. Здравје Вежбајте јога. Лав 23.7-22.8. Љубов Немојте да се споредувате со другите , зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате. Кариера Имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа. Здравје Верувајте во подобро утре. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сентименталноста или потребата од нежност ќе предизвика голем копнеж кај вас доколку сте сами , или пак желба да му угодувате на партнерот. Кариера Уметниците ќе имаат многу впечатливи настапи и денеска , а другите навистина ќе уживаат во публиката. Здравје Аплаузот е загарантиран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаВладо Мисајловски во „Само интервју“Вечерва во „Само интервју“ ќе гостува Владо Мисајловски.Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски. Коските што му се припишуваат на Самоил од Солун кон Софија ќе патуваат ден по посетата на Фон Дер Лајен, каква порака ни праќаат соседите, а што ќе ни донесе претседателката на Европската комисија? Извесен ли е старт на нашето „европско патување“ преку постепена интеграција и уставни измени со одложено дејство? Што купува армијата и колку тоа ја чини земјава, со какво темпо се модернизира? Имаме ли војска согласно НАТО стандардите? САД или ЕУ – што ќе избереме ако се продлабочи јазот во Алијансата? Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ЗдравјеЗошто ни е тешко да ги пуштиме луѓето кои нè повредилеЕве што според психолозите нè држи заглавени во минатото.Постојат лица со кои повеќе не се гледаме, не се слушаме и со кои можеби немаме никаков контакт, а сепак успеваат да заземат значаен простор во нашите мисли. Го враќаме филмот, размислуваме што би можеле да направиме поинаку, се прашуваме зошто се однесувале така со нас и замислуваме како би изгледало кога би постапиле поинаку. Американското здружение на психијатри наведува дека таквото размислување може да го одржи емотивното страдање, а се поврзува со поголем ризик од анксиозност и депресивни симптоми. Проблемот не е секогаш во тоа што личноста ни недостига Понекогаш, не ни недостига лицето што нè повредило, туку одговорот што никогаш не сме го добиле. Кога чувствуваме дека ни е нанесена неправда, умот се обидува да пронајде објаснување за да ја комплетира приказната. Затоа се враќаме на деталите: Зошто направи така? Дали нешто погрешив? Како не сфати колку ме повреди? Ќе се покае ли некогаш? Токму тука остануваме заробени, наместо минатите случувања да останат само спомен, тие ментално повторно се проживуваат. Истражувањата за руминација – повторно враќање на негативните случки, чувства и нивните причини и последици - покажуваат дека негативното размислување не ги решава проблемите, туку дополнително ги одржува непријатните емоции. Колку повредата била поголема, потешко е да се прифати дека односот завршил Да пуштиме некого особено е тешко кога во односот сме вложиле многу емоции, време, доверба или надеж. Тогаш не жалиме само за личноста. Жалиме за онаа верзија на иднината што сме ја замислувале. Затоа прекинувањето на односот или оддалечувањето од некого некогаш подразбира многу повеќе од прифаќање на фактот дека таа личност повеќе не е дел од нашиот живот. Потребно е да прифатиме дека нешто што сме го посакувале толку многу, повеќе нема да се случи онака како што сме замислувале. Да се прости не значи и да се заборави Една од најголемите заблуди е дека простувањето значи оправдување на нечие однесување, заборавање што се случило и повторно пуштање на таа личност во животот. Клиниката Мајо наведува дека простувањето не значи да заборавите и да ја оправдате штетата, ниту подразбира да се смирите со лицето кое ве повредило. Психолозите често на прошката гледаат како на процес во кој личноста постепено го намалува чувството на огорченост и желба за одмазда. Со други зборови, може да признаете дека некој ви нанел неправда, да поставите граница и сепак да одлучите повеќе да не ѝ дозволувате на таа личност да зазема толку простор во вашиот живот. Најважно е да престанеме да чекаме поинаков крај Да пуштите некого не значи дека она што се случило не е важно. Понекогаш важи токму спротивното – да си признаете себеси дека било важно, дека болело и дека можеби никогаш нема да го добиеме посакуваното објаснување. Истражувањата велат дека колку помалку се враќаме на негативните случки, чувства, причини, толку сме поспремни да простиме. Додека, пак, намалената огорченост и способноста личноста ментално да се оддалечи од случувањето се поврзува со подобро ментално функционирање. Извор: srecne.republika.rs Затоа „да се пушти“ не мора да значи да престанеме со сеќавањата. Можеби вистинската цел е сеќавањето повеќе да нема моќ да ни влијае на расположението, одлуките и сликата за себе. Бидејќи, понекогаш, личноста која нè повредила добива уште една победа кога постојано ја носиме во мислите и покрај тоа што ја нема во нашиот живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter