Лавров: Русија е подготвена да ги проучи мировните иницијативи на Трамп за Украина - Канал 5

Лавров: Русија е подготвена да ги проучи мировните иницијативи на Трамп за Украина

Русија е подготвена да ги проучи мировните иницијативи на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за војната во Украина, кога следната недела ќе ја преземе функцијата, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Лавров: Русија е подготвена да ги проучи мировните иницијативи на Трамп за Украина

Лавров предупреди дека Трамп за војната, за која претходно рече дека ќе биде прекината во рок од 24 часа по неговото враќање во Белата куќа, зборувал пред неговата инаугурација, но додаде дека Русија го поздравува фактот што тимот на Трамп почнува да зборува за „реалноста. на теренот“ кога станува збор за Украина.

Шефот на руската дипломатија рече дека тоа се одразува во изјавите и на Трамп и во коментарите на неговиот иден советник за национална безбедност Мајк Волц.

Волц пред два дена во интервју за телевизијата Еј-Би-Си изјави дека е јасно дека војната некако мора заврши со дипломатски средства.

-Едноставно не мислам дека е реално да се каже дека ќе го исфрлиме секој Русин од секоја педа украинска почва, дури и од Крим. Претседателот Трамп ја призна таа реалност и мислам дека тоа беше огромен чекор напред за целиот свет. да ја прифатиме таа реалност Ајде да одиме сега напред, рече Волц за телевизијата./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меланија разговарала и со Путин и со Зеленски, Трамп ја испофали: Подобра е од професионалец (ВИДЕО)

Меланија Трамп навести дека може лично да отпатува во Украина, а воедно му се заблагодари и на папата Лав XIV за неговата поддршка.

Меланија разговарала и со Путин и со Зеленски, Трамп ја испофали: Подобра е од професионалец (ВИДЕО)

Меланија Трамп навести дека може лично да отпатува во Украина, а воедно му се заблагодари и на папата Лав XIV за неговата поддршка, во услови на контроверзии околу улогата што ја играше поглаварот на Римокатоличката црква во преговорите за локален прекин на огнот, објавува „Њујорк пост“.

„Ќе видиме“, изјави првата дама на САД за „Њујорк пост“ во саботата, кога беше прашана дали би отпатувала во земјата разорена од војна, на што Доналд Трамп додаде:

„Тоа може да се случи“.

Меланија Трамп за прв пат јавно проговори за прекинот на огнот за кој тврди дека посредувала меѓу Русија и Украина, а кој се однесува на градот Олешки, кој се соочува со глад и хуманитарна катастрофа.

Првата дама откри дека разговарала и со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски како дел од нејзините активности.

„Разговаравме. Потпишавме договор“, откри таа.

Претседателот Трамп, кој се обидува да посредува во долгорочен прекин на огнот меѓу двете земји, рече дека неговата сопруга работи подобро од неговите официјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

„Таа е поуспешна од нашите професионалци“, рече Трамп, насмевнувајќи се.

Тој не ја исклучи можноста да ја испрати да се придружи на разговорите.

„Мислам дека таа во моментов работи подобро од професионалците. Таа има прекин на огнот. Станува збор за деца, луѓе и стари лица“, рече американскиот претседател.

Олешки, во регионот Херсон, е на работ на хуманитарна катастрофа. Градот, на околу пет милји од линијата на фронтот, има околу 2.000 жители, претежно деца и стари лица, кои се принудени да јадат трева за да преживеат.

Меланија Трамп ја изненади јавноста во петокот објавувајќи дека посредувала за локален прекин на огнот во градот, за да можат жителите да бидат евакуирани, а хуманитарната помош да може да стигне до оние на кои им е потребна.

Нејзиниот ангажман беше дочекан со меѓународни пофалби, но во саботата се појавија прашања за улогата на папата Лав XIV, откако беше објавено дека и тој разговарал со Зеленски и Путин, повикувајќи ги да се согласат на прекин на огнот. Неговите разговори се одржаа неколку дена пред првата дама да објави дека е постигнат договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел погоди факултет во Газа- има загинати и повредени

Тројца вработени од универзитетот во Газа загинаа, а осум студенти се ранети во израелски воздушен напад, според локални палестински извори.

Израел погоди факултет во Газа- има загинати и повредени

Тројца вработени од универзитетот во Газа загинаа, а осум студенти се ранети во израелски воздушен напад, според локални палестински извори, кои исто така објавија четири смртни случаи на други места во енклавата.

Напад на израелско беспилотно летало го „намета“ Исламскиот универзитет во Газа, во северниот дел на територијата, при што загинаа тројца „безбедносни лица“ и беа ранети осум студенти, изјавија за АФП неколку извори во институцијата.

Болницата Ал-Шифа во градот Газа потврди дека примила три тела и дека лекувала осум ранети по нападот.

Меѓу ранетите студенти, кои беа во кампусот и посетуваа настава, „некои се во критична состојба“, соопшти палестинското Министерство за образование, кое го осуди „молкот на светот пред нападите насочени кон студентите и универзитетите“.

Не е прв пат

„Десет студенти и наставници се убиени во изминатите шест дена“, соопшти Министерството, додавајќи дека „95 отсто од зградите кои припаѓаат на универзитетските институции“ биле оштетени во тригодишната војна меѓу Израел и Хамас.

Според Цивилната заштита на Газа, спасувачката служба под исламистичкото движење, четири лица биле убиени и на други места во енклавата.

Две лица загинаа во воздушен напад во Кан Јунис на југ, едно во Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа и четврто во израелски оган на северот на Појасот Газа, изјави портпаролот на службата за AFP.

Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето кое стапи на сила на 10 октомври 2025 година, по две години војна предизвикана од најголемиот напад на палестинското движење на израелска територија на 7 октомври 2023 година.

Повеќе од 1.500 Палестинци се убиени од почетокот на прекинот на огнот, според Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, и чии податоци ОН ги сметаат за сигурни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еден од најбогатите луѓе на светот јаде ќебапи во Берлин- оставил голем бакшиш (ФОТО)

Шефот на технолошкиот гигант Nvidia, милијардерот Џенсен Хуанг, за време на неговиот престој во Берлин одлучи да вечера во популарен донер наместо во луксузен ресторан. 

Еден од најбогатите луѓе на светот јаде ќебапи во Берлин- оставил голем бакшиш (ФОТО)

Тој ги изненади и вработените со дарежлив бакшиш, пишува heute.at.

Пет ќебапи и три порции помфрит

Хуанг со сопругата и обезбедувањето го посетил ресторанот „Рјујам“ во градскиот кварт Шенеберг. Нарачал пет ќебапи со салата без лут сос и три порции помфрит. Посетата беше настан за вработените, кои објавија неколку фотографии со Хуанг на Инстаграм. Милијардерот се фотографирал со персоналот и го оставил својот потпис на ѕидот од барот.

Бакшиш со три бројки

Кога ја плаќал сметката, Хуанг бил особено дарежлив. Вработениот Висам потврди дека шефот на Nvidia оставил трицифрен бакшиш. Тој не ја откри точната бројка, но потврди дека се работи за најмалку 100 евра. „Беше навистина дарежлив“, коментира вработената.

Деловен самит, потоа брза вечера

Посетата на Хуанг на Берлин беше официјална. На покана на канцеларот Фридрих Мерц, тој учествуваше на инвестициски самит со околу двесте директори на големи компании и ги најави новите инвестиции на Nvidia во Германија. Nvidia е една од клучните светски компании во секторот за вештачка интелигенција, а нивните напредни чипови го направија Хуанг еден од најбогатите луѓе во светот.

Се чини дека и покрај неговото богатство, луксузот не му е секогаш приоритет. Настанот доби и смешен епилог на социјалните мрежи, каде еден корисник на Инстаграм на почетокот не го препознал извршниот директор на Nvidia, туку мислел дека тоа е актерот Џеки Чен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер