Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска - Канал 5

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го коментира конфликтот меѓу САД и Европа во врска со иднината на Гренланд доведувајќи го во прашање сегашниот статус на островот како дел од Данска.

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Гренланд не е природен дел од скандинавското кралство, изјави тој за новинарите на годишната прес-конференција во Москва.

Тој додаде дека проблемот со поранешните колонијални територии сега станува сè поизразен.

Лавров нагласи дека Москва нема интерес да се меша во прашања поврзани со Гренланд и дека Вашингтон знае оти Русија нема планови да ја преземе контролата врз островот, спротивно на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој додаде и дека Москва ја следи сериозната геополитичка ситуација поврзана со Гренланд.

НАТО, рече тој, треба да донесе одлука за Гренланд во рамките на самата алијанса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина е длабоко загрижена

Кина е длабоко загрижена поради обновената ескалација на воените конфликти во регионот на Персискиот Залив, изјави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

Кина е длабоко загрижена

Тој, исто така, ги повика сите релевантни страни да покажат воздржаност и „да го одржат тешко постигнатиот прекин на огнот“, објави Синхуа.

Одговарајќи на поврзано прашање за време на редовната прес-конференција, Лин ги повика сите вклучени страни да избегнат враќање на војната.

Тој особено нагласи дека спречувањето на понатамошна ескалација на борбите е клучно за заштита на животите на невините луѓе.

„Почитувањето на легитимните права и интереси на крајбрежните земји на Ормутскиот теснец и брзото враќање на нормалниот и безбеден премин низ теснецот е она што меѓународната заедница сака да го види“, рече Лин, додавајќи дека релевантните страни мора да работат во иста насока и да бараат соодветно решение, соопшти агенцијата.

Централната команда на САД (CENTCOM) објави претходно денес дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран.

САД започнаа неколку бранови напади врз Иран од 7 јули.

CENTCOM соопшти дека нападите биле одговор на иранските напади врз комерцијалниот брод во Ормутскиот теснец.

Техеран одговори со напади врз американските бази во Кувајт, Бахреин и Јордан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

Фејсбук објава на градоначалникот на Град Скоје, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

„30 години голгота - конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

Зборот е збор.

Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос.

Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека.

Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје.

Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години.

Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање.

Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата.

Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи!

Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје!“- напиша Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Бус Македонија. 

ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус

На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2.

Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија.

На средбата беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија.

Инаку, компанијата во април годинава од ВДЛ Ван Хоол Македонија се преименува во ВДЛ Бус Македонија, со што истата започна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој на компанијата, со фокус на понатамошно унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер