Лавајн најдобро забива, Кари најдобар „тројкаш“, Беверли највешт - Канал 5

Лавајн најдобро забива, Кари најдобар „тројкаш“, Беверли највешт

Во Њујорк се одржува НБА „Ол Стар“ викендот, а ноќеска беа одржани натпреварите во забивање, шутирање тројки и вештини.

Лавајн најдобро забива, Кари најдобар „тројкаш“, Беверли највешт
Зак Лавајн од Минесота е победник на натпреварот во забивање. Тој беше убедливо најдобар во трите серии и доби најдобри оценки во споредба со конкурентите Јанис Адетокумбо од Милвоки, Виктор Оладипо од Орландо и Пламли од Нетс.

Во првите две рунди, Лавајн доби максимални 50 поени од судиите, а во финалната рунда беше подобар од Оладипо.

На натпреварот во шутирање тројки учествуваа Стеф Кари, Клеј Томпсон, Кајри Ирвинг, Кајл Корвер, Џеј Џеј Редик, Џејмс Хардер, Марко Белинели и Весли Метјуз. Победи Кари, кој уште еднаш го покажа својот потенцијал и прераснува во можеби најдобриот шутер во лигата.

Патрик Беверли од Хјустон беше победник во „скилс челинџ“ (вештини – брзина, препреки, прецизност) натпреварот, а во финалето беше поуспешен од Брендон Најт од Милвоки. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар

Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата, објави на својот профил на Фејсбук, вицепремиерот Александар Николовски. 

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар

Со овие проекти решаваме животни прашања на голем број семејства низ цела Македонија

Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина.

Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани – деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, како и самохрани родители со малолетни деца.

Драго ми е што оваа политика продолжува и што денеска во Дебар можеме да видиме семејства кои ќе започнат ново животно поглавје во сопствен дом

Во Општина Дебар се реализираат 22 инфраструктурни проекти, кои значително ќе придонесат за подобар квалитет на живот и локален развој. Еден од нив е и булеварот кој ќе ја поврзе оваа станбена зграда. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и да инвестираме во проекти што носат подобри услови за живот за сите граѓани, стои во објавата на Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија соопшти дека во Ормускиот теснец, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“.

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета.

Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима.

Иран бара бродовите да ја користат рутата низ ормуска теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна за пловидба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширување

Проширувањето на ЕУ се забрзува, но во надлежниот оддел на комисијата снемува капацитет за управување со преговорите со неколку земји-кандидатки одеднаш – тврди бриселскиот медиум Евроњуз повикувајќи се на свои извори.

Евроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширување

Притисокот врз Европскиот генерален директорат за проширување и источно соседство се должи на забрзаното затворање на преговарачките поглавја од страна на четири земји кандидатки, што изискува значително прераспределување на ресурсите а според Евроњуз, проблеми со внатрешниот капацитет има и Советот на ЕУ.

„Генералниот директорат, како и многу други оддели на комисијата, во голема мера се потпира на привремени договори и малку постојани службеници. Ова значи дека има висока стапка на флуктуација на кадри и малку искуство во затворањето на преговорите, со оглед на тоа дека последната примена земја во блокот беше хрватска во 2013 година.„ – пишува Евроњуз

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер