ЖивотЛав зграпчи директор на зоолошка градина: Го влечеше за вратот како играчка (Вознемирувачко видео) Директорот на зоолошка градина во Крим се бори за живот откако во неделата бил нападнат од лав додека го хранел!Животното брутално го нападнало Олег Зубков (57), нанесувајќи му сериозни повреди на главата и белите дробови. Нападот се случил во оградена област во сафари паркот Тајган што Зубков го основал на Крим. Медиумите известуваат дека е извршена „сложена операција“ и дека лекарите прават „невозможно“ за да го спасат, објави Дејли Меил. - Преовладувала страшна паника... Лавот го влечел човекот за вратот како играчка - рекол еден сведок. Ѕверот го извлекол Зубков од платформата за гледање. Вработената во сафари паркот Татјана Алексагина (58) го ризикувала својот живот приближувајќи се кон количката и фрлила кофа кон лавот, а потоа го ослободила Зубков од неговите вилици и избегала. Потоа еден посетител на паркот се спуштил по цевка во оградениот простор за да ѝ помогне да го спаси Зубков. Друг човек скокнал по неа. Снимката го покажува моментот кога го носат тешко ранетиот и крвав Зубков во возило. Зубков е познат по тоа што бестрашно влегува во кафезот за лавови, а луѓе од целиот свет доаѓаат да го видат. Се вели дека лавот што го нападнал е еден од оние што Зубков одбил да ги убие кога неговата колешка Леокадија Перевалова била убиена во зоолошката градина минатиот октомври. Перевалова тогаш направила фатална грешка со тоа што не ја затворила заштитната порта.Тагови: Зоолошка градина лавот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречкоСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско. Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец. Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население. Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МетеоДенес сончево и многу топлоВремето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончевo УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook