Латас и Лазаров се обвинети за промовирање насилство врз жени преку компјутерски систем - Канал 5

Латас и Лазаров се обвинети за промовирање насилство врз жени преку компјутерски систем

​Скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог против Драган Павловиќ Латас и јутјуберот Стефан Лазаров.

Латас и Лазаров се обвинети за промовирање насилство врз жени преку компјутерски систем

Ги товари за кривично дело - Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Во постапаката која беше отворена вчера, од обвинителството наведуваат дека и целокупниот доказен материјал ги потврдува елементите на кривичното дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 5 години.

-Двајцата обвинети преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.- ЈОРМ

Интервјуто во делот во кој Латас раскажувајќи за своето прво сексуално искуство, предизвика лавина реакции, а силна осуда дојде од Хелсиншкиот комитет.

-Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на Јутјуб канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство, евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување.

Вториот обвинет, иако бил свесен за влијанието што го има содржината што ја емитува особено меѓу младата популација, сепак не го спречил или прекинал соговорникот, туку дополнително го наведувал со коментари и потпрашања да го прераскажува спорниот настан.- ЈОРМ

Поради опасност од бегство, обвинителството до судот достави предлог да определи мерка на претпазливост за првиот обвинет – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Како што наведуваат од обвинителството, имајќи ги предвид меѓународните обврски кои произлегуваат од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, но и влијанието и последиците од постапките на двајцата обвинети врз јавниот морал и интерес, за двајцата обвинети предложена е мерка – забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело кое им се става на товар, односно забрана за каков било јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, би посочиле дека посоодветно е поканата да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче. 

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

Впрочем да не заборавиме дека Заев беше тој кој велеше дека Бугарите биле ослободители а не фашисти, дека биле администратори, дека македонскиот јазик е после 44та итн. А Венко Филипче и денес има идентичен став со бугарската политика, прво Бугари во Устав, а после се друго.

Тоа се мотивите на една срамна и предавничка политика, јавно етаблирана во Преспанскиот договор и Бугарскиот договор за добрососедство кои се една иста страна од паричката.

Во однос на удирањето во гради со пренесување на моштите на Цар Самоил во Бугарија, ќе потсетиме дека англискиот крал Ричард I е во Франција, иако тоа не го прави французин. Притоа ќе потсетиме и на мудриот потег на Бугарија во минатото кога моштите на Гоце Делчев ги предаваат на Македонија. Добро е да објасни тогаш што е Гоце Делчев за нив и бугарските гласноговорници? За нас, за разлика од Заев, Филипче или Каракачанов вистината е едноставна, а тоа е дека е еден од најсветлите ликови во македонската историја. За жал, таа мудрост ја нема официјална Софија, но истовремено ја поздравуваме возбудата со која Бугарија го почитува делото на Цар Самоил кој има неизбришива трага за Македонија, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлуенсер јава желка, додека таа положува јајца- Украинецот се извини, Оман му подготвува казна (ВИДЕО)

Украинскиот државјанин Вадим Олејник, фитнес тренер и инфлуенсер, и неговата сопруга се соочија со критики откако беше објавено видео од Рас ал-Хад, Оман, на кое двојката седи на заштитена морска желка која положува јајца.

Инфлуенсер јава желка, додека таа положува јајца- Украинецот се извини, Оман му подготвува казна (ВИДЕО)

Олејник подоцна се извини и рече дека направил грешка бидејќи не бил запознаен со правилата на однесување кон желките, објави Сурфер.

Рас ал-Хад, во државата Оман, во југозападна Азија, е важно подрачје за морските желки кои положуваат јајца таму. Оманските власти постојано ги потсетуваат посетителите да не се приближуваат, допираат или вознемируваат морските желки кои положуваат јајца или нивните младенчиња. Овие животни се заштитени со оманскиот закон, а секое кршење на правилата во врска со нив е казниво со закон. Без оглед на казните, луѓето постојано ги третираат дивите животни како можности за фотографирање или предмети за забава.

Украински фитнес инфлуенсер се соочува со глобална реакција и можни правни последици откако се појави снимка од него како седи на морска желка додека таа положува јајца во заштитен резерват во Оман. Олејник (32) и неговата партнерка Олена Кравченко биле на одмор кога се случил инцидентот во областа Рас ал-Дин во Оман, една од најпопуларните дестинации во Оман каде што заштитените морски желки ги положуваат своите јајца. Фотографиите и видеото го покажуваат Олејник како се качува на оклопот на желката додека таа ги положува своите јајца, додека Кравченко, кој исто така е фотографиран како седи на животното, го снима видеото. Двојката е обвинета и за држење на новоизведените желки.

Олејник првично ја споделил снимката со своите повеќе од 200.000 следбеници на Инстаграм, пред да ја избрише. Сепак, како што често се случува на интернет, снимката брзо се проширила на други платформи и социјални медиуми.

Реакцијата на јавноста била брза: сметката посветена на науката и зачувувањето *Biologicamente* го опишала инцидентот како пример за „перверзен туризам“ и ја критикувала употребата на диви животни како реквизити за содржини на социјалните медиуми. Д-р Кристин Фигенер, биолог специјализиран за морски желки и океански конзерватор, коментираше на една од објавите: „Драго ми е што се соочуваат со правни последици. Зошто е воопшто потребно да се привлече вниманието на луѓето кон загрозениот статус на еден вид? Не е ли доволно што ова е живо суштество кое не треба да се злоупотребува?

Исто така, обрнете внимание на бебето зелена желка во неговата рака.“ Оманскиот орган за животна средина исто така се приклучи на случајот, наведувајќи дека видеата што циркулираат на интернет покажуваат „дела што ги вознемируваат морските желки“ и претставуваат кршење на прописите за заштита на дивите животни. Службениците изјавија дека се преземаат „неопходни законски мерки“ против вклученото лице и повторија дека практиките што им штетат на дивите животни или природните живеалишта нема да бидат толерирани. Имаше извештаи дека Олејник и Кравченко биле приведени, но ова не е официјално потврдено.

Олејник оттогаш се извини

„Не ги видов правилата. Направив грешка и им се извинувам на сите“, рече тој. Олејник се извини директно до Оманскиот орган за животна средина и до организацијата што ги штити зелените морски желки. „Немав намера да ја повредам желката или да ѝ направам нешто лошо“, рече тој.

Олејник, кој се опишува себеси како светски шампион во гимнастика (форма на тренинг за сила) и фитнес тренер, ја избриша оригиналната објава со која се обидуваше да се пофали, но интернетот имаше други планови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се две Србинки, кои шпионирале во корист на Албанија- едната е фатена додека ужива во кафуле (ВИДЕО)

Во синхронизирана операција на Безбедносната и информатичката агенција (БИА), Вишото јавно обвинителство во Јагодина и полициските одделенија во Врање и Јагодина, вчера беа уапсени две осомничени жени под обвинение за шпионажа.

Уапсени се две Србинки, кои шпионирале во корист на Албанија- едната е фатена додека ужива во кафуле (ВИДЕО)

Како што се дознава, Д. Ц. (46) од Шилово (општина Гњилане) е уапсена во Врање, додека Н. П. (50) е уапсена во Јагодина, објави Телеграф.

Снимка од апсењето на еден од осомничените, Д. Ц., се појави на социјалните мрежи. Полициски службеници се гледаат како ѝ се приближуваат додека седи во кафуле, покажувајќи ги своите службени лични карти. Ѝ дозволиле да ги собере своите лични работи, а потоа ја однеле на испрашување без лисици.

Погледнете ја снимката од апсењето

Уапсените жени се товарат за сторено кривично дело шпионажа според член 315 од Кривичниот законик (ставови 1 и 3). Се сомнева дека уапсените лица континуирано собирале и доставувале доверливи информации до Албанската разузнавачка служба (ШИШ), како и до нејзините ограноци во Косово - Косовска разузнавачка агенција (КАА) и Единицата за разузнавање на Косовската полиција.

Според извори од истрагата, осомничените биле заинтересирани за податоци за активни членови на БИА и детали за нивниот теренски ангажман.

Врз основа на наредба на надлежниот суд, извршен е претрес на објектот во Јагодина што го користел осомничениот Н. П. Во таа прилика, запленети се одредена количина електронски уреди и други предмети за кои постои основано сомнение дека се користат за комуникација и извршување на ова кривично дело.

Истрагата е во тек, а надлежното обвинителство продолжува да работи на разјаснување на сите околности на овој случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер