3Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?
3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаЛасовска: Ако СДС има соломонско решение како да се реши проблемот со правосудството нека го кажеАко СДС има соломонско решение како да се реши проблемот со правосудството нека го каже, а не да ги блокира реформите .На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“, вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, која дискутираше на повеќе теми како правосудство, и актуелни политички случувања, меѓу кои беше и темата за случувањата околу пожарите и притоа потенцираше дека овие настани не се во корист на Владата, а за тоа доказ се директорите на Дрисла и комунална хигиена кои се токму од опозициската ДУИ. „Очигледно е дека она што го гледаме и со депониите и со ѓубрето дека потребни се казни, мора и казни да постојат за некој којшто го уништува јавното добро. Во времето кога беше СДС на власт, јас се сеќавам дека Законот за прекршоци се смени и законските казни се многу мали, мораме да интервенираме во Законот за прекршоци да се направат високи казни за вакви нешта. Не може владејачка партија да креира паника, која е апсолутен фаворит на овие избори , и јас кога слушав дента дека има три пожари, и верувајте не само јас. Еве една анкета да направиме ќе ви кажат дека овие пожари не се случајни. Директор на Дрисла е ДУИ, директор на комунална хигиена е ДУИ. Е сега да видиме на кого му одговара да крева паника кај граѓаните? Се разбира на ДУИ“, објасни Ласовска. Пратеничката Ласовска му реплицираше на пратеникот Снопче кој исто така беше дел од дебатата и гостин во емисијата, при што потенцираше: „Која е потребата колега Снопче да го браните ДУИ кога до вчера бевте со нас во Владата? Колегата спомна дека добра реакција имаше во моментите кога министер за здравство беше вашиот сопартиец Таравари тоа ние не го спориме, и сега вие наместо тоа да го кажете вие го браните ДУИ“. Ласовска се осврна и на темата за правосудството во земјава, и потенцираше дека по завршувањето на локалните избори кои следат потребно е да се изнајде решение за проблемите со правосудството во Македонија, при што во реплика на пратеничката од опозициската СДС, Сања Лукаревска, истакна: „Ако вие имате соломонско решение како да го решиме проблемот со јавното обвинителство и со судството кажете. Кога излегуваме на избори втор пилар наш беше борба против корупција и криминал и владеење на правото“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНовак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст. Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами. Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула... View this post on Instagram A post shared by Aman (@aman) Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава. - Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМаксим Димитриевски во „Само Интервју”Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите? ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња? Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард? Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter