Лас Вегас , Хаваи или огромен крузер се опциите за доигрување на НБА лигата

Како и остатокот од спортскиот свет, НБА лигата разгледува различни опции за да се стави крај на сезоната, со тоа што некои нејзини официјални претставници се залагаат да играат на едно место, според Њујорк пост.

Според нив, остатокот од регуларната сезона би бил скратен, односно ќе се игра се додека сите клубови немаат 70 натпревари наместо предвидените 82, по што би следел плеј-оф во кој тие би играле во три наместо четири победи. Идејата за елиминациска игра во плеј-офот досега е отфрлена како последно средство.

„НБА лигата е решена да добие шампион“, изјави неименуван официјален претставник за Њујорк пост.

Најлогичното место за целиот остаток од сезоната е Лас Вегас, пишуваат Американците. Летната лига редовно се одржува во градот, што значи дека има услови за вистински натпревари во НБА, кои би се играле еден по друг. Градот има огромни хотелски капацитети кои можат да ги сместат играчите и другите вработени од сите клубови.

Се дискутирало и за Бахамите, Орландо, Атлантик Сити, Хаваи и Луисвил, а ЕСПН дури предложи да се одигра остатокот од сезоната на огромен крузер.

Идејата е, секако, да биде целиот НБА изолиран од остатокот од светот и да се играат натпревари без навивачи.

Но, дури и таквата одлука не би значела дека сè ќе започне порано од очекуваното, односно натпреварите би започнале повторно кон крајот на јуни или почетокот на јули, што би го преместило плеј- офот од крајот на јуни до август, а новата сезона веројатно би започнала околу Божиќ.

притисни ентер