СкијањеЛара Гут најбрза на првиот супервелеслалом сезонаваШвајцарката Лара Гут е победничка на првата трка сезонава во дисциплината супервелеслалом што вечерва по европско време се возеше во Лејк Луис, Канада. Гут оствари време 1:18.46 минути.Вчерашната спуст победничка Линдзи Вон го освои второто место со време 1:18.83 минути и со тоа дефинитивно потврди дека се враќа во извонредна форма по двегодишната пауза поради повредата на ногата. На победничкиот подиум место имаше и за Словенката Тина Мазе која патеката ја мина со време 1:19.27. Со оваа трка завшри северно-американската турнеја за скијачките кои по традиција сезоната ја почуваат на американскиот континент. Во Генералниот пласман на првите три места се Мазе со 320 бодови, пред Австријките Катрин Цетел со 250 и Ана Фенингер со 231 бод.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53
МакедонијаПецовски: Производите од медицински канабис повеќе не се табу тема за граѓанитеСе зголемува интересот за производи базирани на медицински канабис. темата која пред десет години беше табу тема, денес е нашироко позната меѓу граѓаните, вели во интервјуто за Канал 5, Душан Пецовски, генерален директор на „РЕПЛЕК“. Посебно е важно што РЕПЛЕК отвори „КА“ -информативен центар каде што граѓаните може да добијат и бесплатни стручни совети за употребата на производи со медицински канабис.. Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со него. Целиот разговор погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Воведуваме две нови линии од Полска до ОхридНа охридскиот аеродром утрово слета првиот авион од Вроцлав, Полска со што започнува новата авиолинија, додека од вторник ќе има уште една и тоа од Катовице, Полска до Охрид.На охридскиот аеродром утрово слета првиот авион од Вроцлав, Полска со што започнува новата авиолинија, додека од вторник ќе има уште една и тоа од Катовице, Полска до Охрид – истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николкоски. Ова според Николовски ќе значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу охридското крајбрежје.. Денеска од Охрид, каде изврши и увид во реконструкција на аеродром Св.Апостол Павле истакна дека домашните аеродроми имаат најголем раст во регионот со преку 31 % раст во првите пет месеци од годината, што се очекува да се надмине бројка од 3,5 милиони патници на годишно ниво.... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53
МакедонијаЗемјоделците загрижени поради падот на откупните цени на доматите за двојноПадот на откупните цени на доматите од 50 на 25 денари за килограм уште на стартот на масовната берба сериозно ги загрижи струмичките градинари. Земјоделците предупредуваат дека доколку продолжи откупуто по вакви ниски откупни цени и со ограничувања од трговиците кои најавуиваат дека не можат да откупат големи количини, ќе претрпат сериозни загуби, нема да можат да ги покријат ниту основните трошоци за производство и во струмичкото поле на секој чекор ќе се формираат депонии од фрлени домати.. Според нив, цените кои во моментов ги нудат откупувачите се значително пониски од очекуваните. Дел од производителите се сомневаат дека на домашниот пазар можеби влијае и увозот од Албанија, која важи за сериозен конкурент во производството на градинарски култури. Земјоделците велат дека вложувањата годинава биле високи, а дополнителен проблем претставуваат поскапите репроматеријали, наводнувањето и работната рака. Се надеваа дека барем на почетокот чќе имаат добри цени за да покрија дел од тие зголемени трошоци за да не бидат во загуба. Од министерството за земјоделство засега велат дека ги следат случувањата со откупните цени на доматите. Откупната цена на доматите не ја утврдува Министерството за земјоделство, туку се формира согласно пазарните услови. Но, Министерството внимателно ја следи состојбата и ќе остане во редовна комуникација со сите производители и откупувачи. Откупувачите, пак, имаат поинакво објаснување за состојбата. Велат дека во овој период нагло се започнати бербите во Македонија, со што значително се зголемила понудата на пазарот. Во исто време за берба стасуваат и доматите во Србија, како и во другите балкански земји каде што традиционално се извезува македонското производство. Она што се откупуваше во мај полесно се продаваше и имаше дробра цена за извоз иако Албанија бере многу порано од нас. Според нив, зголемената понуда во регионот и намалената побарувачка на извозните пазари довеле до пад на откупните цени. Тагови: домати Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook