Лара ги осудувала родителите, а потоа ѝ се случила истата судбина - Канал 5

Лара ги осудувала родителите, а потоа ѝ се случила истата судбина

Се заљубила во 20 години постар партнер

Лара ги осудувала родителите, а потоа ѝ се случила истата судбина

Таа мечтаела да запознае некого на своја возраст.

Лара Гибсон израснала во семејство во кое нејзиниот татко бил 15 години постар од нејзината мајка. Како што изјавила за Инсајдер, на училиште честопати се срамела од својот татко и неговата седа коса, бидејќи другарите ја прашувале дали ѝ е татко или дедо.

Признава дека не ги разбирала своите родители и дека ѝ пречела нивната разлика во години. Лара посакувала да запознае момче на нејзина возраст, да основа семејство и заедно да се пензионираат. Но, судбината имала други планови за неа. Сите нејзини планови пропаднале кога го запознала Ден.

Запознавањето со Дан

Лара минатата година била на одмор со пријателите и случајно го запознала Ден на плажа во Египет, кој веднаш ѝ се допаднал.

- Сакаше авантури, да се забавува како моите врсници иако е 20 години постар од мене. Не размислував многу за неговата возраст сè додека мајка ми не ме праша колку години има. Се засрамив, па ја излажав и ја намалив старосната разлика за цела деценија. Но, тогаш пред моите очи осамна непријатната вистина - се заљубив во многу постар маж и го копирам бракот на моите родители - признала Лара.

Таа истакнува дека освен разликата во години помеѓу нејзините родители, постоеле и низа причини поради кои се чувствувала непријатно.

- Бев загрижен за потенцијалниот дисбаланс помеѓу нас бидејќи едната страна, во овој случај Ден, има повеќе пари. Никогаш не сум сакала да бидам во позиција да зависам од мојот партнер – изјавила таа.

Гледајќи ги своите родители, Лара била свесна дека големата разлика во години покренува многу други прашања.

- Мајка ми се подготвува за деценијата кога треба да се грижи за мојот татко. Во мојата ситуација, се прашував дали Ден би сакал да има деца и да ги поминува викендите играјќи си со нив. Се загрижив дека можеби нема да бидеме компатибилни на подолг рок и дека се соочуваме со генерациска неповрзаност. Што ако мисли дека сум премногу млада или незрела? Што ако не можам да се поврзам со него на емотивно ниво бидејќи ми недостасува животно искуство? - ги опишала Лара своите дилеми.

Мислењето на околината

Таа не крие дека била загрижена и за мислењето на својата околина, иако досега никој од нејзините пријатели не ја коментирал големата разлика во годините помеѓу Ден и неа.

- Бев нервозна кога прв пат го запознав неговото семејство, особено што по возраст бев многу поблиску до внуките од неговите браќа. За среќа, моите родители, неговата мајка и неговото пошироко семејство коментираа дека добро се согласуваме во однос на тоа што го сакаме од животот - додава таа.

Како што тврди Лара, нејзе лично никогаш не ѝ пречело што Ден е 20 години постар од неа и дека со тек на време научила да го игнорира тоа.

Таа избрала да биде со него поради неговата добрина, сочувството, ентузијазмот и љубовта кон неа. Парот се венчал и вдомил кученце, а на почетокот на летото за првпат ќе станат родители.

- Тој е пресреќен што за прв пат ќе стане татко. Ден секогаш беше тој што стануваше повеќе пати во текот на ноќта за да се грижи за нашето кученце и не се сомневам дека ќе биде буден и кога ќе се роди нашето бебе -изјавила Лара.

Нејзината врска, а подоцна и бракот со 20 години постариот партнер, ѝ помогнале на Лара подобро да го разбере бракот на нејзините родители.

- Дури сега можам подобро да го разберам односот на моите родители. Мајка ми била помлада од мене кога го запознала татко ми и ми рече дека тој и пружил финансиска и емоционалната сигурност каква што посакувала, а мене тоа не ми беше романтично. Но, кога гледам како уживаат во пензионерските денови и заедно го истражуваат светот, сето тоа ми има смисла. Татко ми се шегува дека мајка ми го одржува млад, а нивната врска очигледно цвета низ децениите и покрај нивната разлика во години. Можам само да посакам мојот брак да биде таков – заклучила Лара.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

Според најновите информации, две лица загинаа во падот на мал авион во Германија, кој се урна на автопатот А2 помеѓу Бург и Кринберг, на североистокот од земјата, соопшти полицијата.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

„Авионот се запали за време на падот. Според сегашните информации, спасувачите пронајдоа две мртви лица во авионот“, изјави за „Билд“ портпаролот на локалната полиција Стефан Бродтрук.

Причината и околностите на несреќата, која се случи непосредно пред 15 часот во покраината Саксонија-Анхалт, сè уште се истражуваат.

Полициската и спасувачката операција траеја неколку часа, а автопатот кон Хановер беше затворен во тој период.

Според порталот „Флајтрадар“, авионот што се урна бил двосед регистриран на воздухопловниот спортски клуб во Кроп, и полетал од нивниот аеродром во Шлезвиг во 12:33 часот, објави Мирор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава.

Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава, за што кажа дека Народната банка веќе најавила сет мерки и како независно регулаторно тело работи да го заштити интересот на граѓаните, додека како што вели, лидерот на СДС повторно се обидува да создаде паника од случување на домино ефект.

„Народната банка претставува една посебна независно регулаторно тело коешто практично е независно и така треба да биде третирано. Банкарскиот сектор исто така спаѓа во она што се нарекува стратешки сектор, економски сектор во државата и кога се пристапува во вакви кризи, треба да се пристапува многу внимателно, имајќи на ум неколку принципи, а тоа е заштита на депозитот и заштедата на граѓаните, меѓутоа и заштита на самиот банкарски сектор. Гледаме дека Народната банка како регулатор, настапува во моментот во насока на заштита на депозитите на граѓаните. Видовме мерки на прес-конференцијата денес во три насоки, зголемување нели на обемот, на местата за пристапност за подигање на готовина“, рече Лефков.

Лефков го посочи и односот на опозицијата и прес-конференциите на лидерот на СДС, каде тој се обидува да создаде паника и како што вели бомбастично најавува некој домино ефект, односно ефект на други банки, за што кажа дека не е точно.

„Апелирам дека политиката и прстите на политиката треба да бидат особено внимателни кога станува збор за банкарскиот сектор и не треба на овој начин да се обидуваат да креираат хистерија. Важно е институциите да го дадат својот одговор, а ние како Собрание на Комисијата за финансирање и буџет да се разгледаат сите оние аспекти во коишто институциите требало да постапат не постапиле или како постапувале“, истакна Лефков и додаде:

„Во дадениот момент се заштитуваат депозитите на граѓаните и се работи активно на мерки и начини за подигање на платите, социјалните придонеси, другите плаќање. Се настојува да се преброди ова и да не се создаде она што Венко го најави како домино ефект во другите банки. Важно е банкарскиот систем да биде стабилен и многу е важно неодговорни политичари да не постапуваат неодговорно, обидувајќи се да добијат некој политички поен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Организиран е превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз .

Организиран е превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина.

Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на банката ќе си ги подигнат своите средства.

Распоредот и местата на поаѓање се следниве:

Прилеп: Плоштад „Методија Антонов-Ченто“ (пред „Реклами“), во 10 часот;

Охрид: градската автобуска станица, во 11 часот;

Ресен: кај маркетот „Кипер“, во 12 часот.

Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени и шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, соопштуваат од НБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер