Лапид – Од ТВ водител до мандатар на израелска Влада

Јаир Лапид, кој вчера успеа да ја состави најневеројатната коалиција во историјата на Израел, е поранешен лидер на опозицијата и ТВ водител.

Кога Лапид во 2012 година ја основаше центристичката партија „Јеш Атид" некои ја минимизираа важноста на настанот, претставувајќи го како уште еден обид на една ТВ ѕвезда да ја трансформира неговата медиумска популарност во политички успех.

Меѓутоа, неговата посветено секуларна партија на изборите во март заврши на второто место со 17 освоени места во Кнесетот и тој минатиот месец доби мандат да формира влада, откако политичкиот ветеран и сегашен премиер Бенјамин Нетанјаху не успеа да освои мнозинство во парламентот.

На помалку од еден час пред истекот на неговиот рок за формирање влада, во средата на полноќ, Лапид го извести израелскиот претседател дека успеал во тоа што многумина го сметаа за невозможно – да формира коалиција на жестоки идеолошки ривали, од десничарски религиозни националисти до конзервативни Арапска партија.

Тој успех е уште позачудувачки со оглед на минатомесечните граѓански судири меѓу арапските и еврејските жители, што се случија во заднината на огнениот судир на Израел со Хамас, милитантна исламистичка група што ја контролира палестинската енклава Појасот Газа.

Според коалицискиот договор, Лапид ќе биде премиер по две години, а неговиот главен партнер, националистичкиот тврдокорен Нафтали Бенет, ќе биде првиот ротирачки премиер.

Иако неговата партија индивидуално е најсилна и тој ја формира владата, 57-годишниот Лапид во првите две години ќе биде министер за надворешни работи.

Лапид, поранешен водител на вести и медиумска ѕвезда, е роден во Тел Авив, а неговиот татко е поранешен секуларен министер за правда, Јосеф „Томи" Лапид, уште еден новинар кој влезе во политиката. Неговата мајка Шуламит е писателка, драматург и поет.

Јаир Лапид, исто така, бил и колумнист и има објавено десетина книги.

Како боксер аматер, но и ММА-борец, тој некое време важеше за еден од најпосакуваните израелски мажи.

Политички тој почна да „расте" кога неговата партија во 2013 година неочекувано освои 19 места во Кнесетот, што го направи веродостоен фактор во израелската политика.

Во 2019 година, партијата се приклучи кон центристичкиот Сино-бел сојуз, предводен од поранешниот началник на израелската армија, Бени Ганц. Сино-белите беа главниот конкурент на десничарскиот Ликуд на Нетанјаху на три избори за помалку од една година.

Кога Ганц минатата пролет реши да влезе во коалиција со Нетанјаху, повикувајќи се на потребата од единство во време на интензивирање на пандемиите, популарноста на Лапид се зголеми.

Тој го обвини Ганц за кршење на фундаменталното ветување дадено од сино-белите до симпатизерите – соборувањето на Нетанјаху.

Лапид во интервју за АФП во септември изјави дека Ганц наивно верува дека Нетанјаху во коалицијата ќе биде конструктивен.

-Му кажав на Ганц дека јас работев со Нетанјаху, зошто не го слушаш моето искуство. Тој има 71 година и нема да се промени, рече Лапид.

Краткотрајната влада на единство меѓу Нетанјаху и Ганц тој ја опиша како „смешна коалиција" во која министрите честопати не успеваа да комуницираат. Тој, исто така, предвиде дека коалицијата брзо ќе пропадне, што се случи поради жестокиот спор меѓу Нетанјаху и Ганц.

Меѓутоа, сега останува да се види колку ќе трае оваа уште понезгодна коалиција што тој ја создаде, пред да се појават идеолошките тензии.

Првиот тест ќе биде гласањето за владата во парламентот.

Нетанјаху, познат по своите политички вештини за преживување, најверојатно ќе се обиде да ја подели кревката коалиција по што Израелците би можеле повторно да одат на избори.

Почина таткото на Тоше Проески

По тешко боледување, почина Никола Проески – татко на легендарниот музичар Тоше Проески.

Тажната вест денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко. Според пријатели на семејството, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Локални избори во Велика Британија

Во Велика Британија денеска се гласа на локални избори кои се гледаат како последен тест на јавното мислење пред општите избори подоцна оваа година.

Прогнозите покажуваат дека владејачките конзервативци би можеле да изгубат до половина од советничките места што ги бранат и дека партијата очекува „значителни загуби“.

Повеќето места за реизбор последен пат беа оспорени во 2021 година, на врвот на популарноста на Борис Џонсон кога беше воведена вакцината против Ковид-19.

Исто така, се одржуваат вкупно 11 избори за градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на Лондон меѓу фаворитот, актуелниот лабуристички градоначалник Садик Кан и конзервативната предизвикувачка Сузан Хол.

Прогнозите постојано го ставаат Кан пред Хол, а анкетата објавена во средата од Саванта го води Кан за 10 процентни поени, откако неговата предност се намали за време на кампањата. /МИА

Српската министерка за образование : Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во Белград со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое животот го загубија девет ученици и еден работник од училишното обезбедување на 3 мај 2023 година.

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Министерката во изјава за РТС нагласи дека секој 3 мај ќе биде ден на голема тага и сеќавање на жртвите./МИА

притисни ентер