Лансирана нова верзија на „Буки“ - дигиталната платформа за транскрипција на говор - Канал 5

Лансирана нова верзија на „Буки“ - дигиталната платформа за транскрипција на говор

Креаторите на новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“, која овозможува унапредено користење на официјалниот јазик при креирање текстови во дигитална форма.

Лансирана нова верзија на „Буки“ - дигиталната платформа за транскрипција на говор

Креаторите на новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“, која овозможува унапредено користење на официјалниот јазик при креирање текстови во дигитална форма, ја пуштија во употреба новата верзија 2.0 која е побрза, поточна и овозможува транскрипција од аудио фајл.

Како што соопшти Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Дејан Порјазовски, еден од експертите кои работеа на создавање на алатката и кој истражува на Универзитетот „Аалто“ во Финска, вели дека придобивките од имањето на транскрипт, меѓу другото, е во тоа што е многу полесно да се пребарува содржината.

-Телевизиите имаат огромен број на архивиран аудиоматеријал којшто не е транскрибиран. Со помош на Буки-моделите, тој материјал може да се транскрибира. Во врска со образованието, доколку предавањата што се одвиваат онлајн се транскрибирани, тоа би им помогнало на студентите полесно да ја најдат содржината што им треба. Пример доколку некој студент сака да најде што е зборувано во врска со некое прашање, наместо да го слуша целото аудио, коешто може да трае еден час, ќе може многу полесно да го најде одговорот во транскриптот, истакнува Порјазовски.

Според ректорката Биљана Ангелова, имплементирањето и употребата на македонскиот јазик во дигиталниот свет е од исклучителна важност за негово негување и афирмација.

-Лансирањето на „Буки“ е од огромно значење за нашето општество и ќе овозможи олеснување на работењето во многу сфери, истакнува Ангелова.

Професорот Никола Стиков, од Техничкиот универзитет во Монтреал, Канада, кој е иницијатор за создавање на „Буки“, како што информира УКИМ, „посочи дека неговата цел била да се зачува македонскиот јазик и наследството, нагласувајќи дека илјадници часови снимени материјали се распаѓаат во влажните ќошиња на македонските институции чекајќи да бидат пребарани и индексирани“.

-УКИМ почна кампања „Донирај глас“ и секој кој сака да придонесе, ќе може да го донира својот глас – да прочита текст на македонски и да го прикачи на платформата Мозила, потсетува Стиков.

Презентирајќи ја практичната примена на оваа алатка, д-р Димитар Вељановски, специјалист радиолог и супспецијалист интервентен неврорадиолог, порачува дека „’Буки’ може да спаси живот“.

-Со ова алатка се отвора светла иднина во нашето радиолошко друштво, веќе сме на праг да станеме побрзи, повешти и поточни правејќи го нашето секојдневие посреќно, но и нашите пациенти. Точната и брза дијагноза е од суштинско значење во третманот на пациентот кој е наш приоритет. На тој начин, можеме да испишеме нова радиолошка историја која ќе биде темел на еден модерен здравствен систем кој луѓето ќе го препознаваат, ќе се чувствуваат сигурни, со тоа ќе се засилува довербата на народот во здравствените работници кои неуморно се борат да постават точна дијагноза која значи долг живот, а пак ние, радиолозите, ќе се гордееме затоа што и „радиобуки“ може да спаси живот“, потенцира Вељановски.

Од УКИМ информираат деја процентот на погрешни зборови (word-error rate) се намалил од 13.8 на 10.2 за моделот Buki-wav2vec2, кој сега има споредливи перформанси со Buki-Whisper (word-error-rate 10.5) но е далеку побрз.

-Стигнавме до 120 часа за тренинг на Буки 2.0, двојно повеќе од 60-те часа со кои го создадовме Буки 1.0. Имаме многу повеќе говорници и акценти, како и неколку часа снимени детски гласови. Ова е сѐ уште далеку од посакуваните 600 часа транскрибиран говор, но убедени сме дека во 2025 ќе ја оствариме и таа цел, наведуваат креаторите на платформата.

Новата алатка е достапна на линкот: https://huggingface.co/spaces/Macedonian-ASR/Bookie-w2v2-Macedonian-ASR .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Малиот булдог Каси им го спаси животот на своите сопственици- загина во борба со разбеснета мечка

Омилениот француски булдог на една двојка умре обидувајќи се да ги спаси своите сопственици од разбеснета мечка откако дивото животно ги нападна во дворот на нивниот дом во руралните делови на Северна Калифорнија.

Малиот булдог Каси им го спаси животот на своите сопственици- загина во борба со разбеснета мечка

Џеф и Мелори Вилсон биле во нивниот дом во округот Тринити кога нивното куче Каси само еднаш лаело. Доцна ноќното лаење го натера Џеф да излезе надвор и да го провери дворот, објави Њујорк Пост.

Само што ја отвори вратата, Каси слезе од терасата, а зад мебелот од градината се појави мечка . Мечката потоа го нападна Џеф и го собори на подот.

Несвесен за фаталниот напад, Мелори се разбудил од вревата и излегол надвор да провери што се случува. Мечката потоа ја нападна и неа, нанесувајќи и тешки повреди на лицето и телото.

Во еден момент од нападот, мечката со устата го фатила Каси и почнала да бега. Мелори фрли стол кон мечката, поради што ја испушти Каси. Џеф потоа ја турнал грејачот на градината кон мечката, по што животното конечно побегнало.

Двојката верува дека мечката испаничила откако била закачена меѓу мала ограда околу куќата и отворена порта.

„Мислам дека мечката беше изненадена од нас исто како и ние од неа“, рече Џеф.

Двојката итно ја однела Каси на операција за да ѝ ги санира повеќекратните рани од каснување и длабоките исеченици по должината на 'рбетот. Кога по два дена сама почнала да оди и да пие вода, почувствувале наплив на надеж дека ќе закрепне. Трагично, таа починала следното утро.

Според страницата GoFundMe што ја започнала Рејчел Москоне, пријателка на парот веќе 20 години, Џеф се здобил со две скршени ребра, како и бројни рани од каснување и канџи, додека Мелори претрпела тешки повреди на главата и лицето, скршена рака и дополнителни рани од каснување и убоди.

„Каси се фрли меѓу Џеф и мечката во обид да го заштити“, рече Москон.

Таа додаде дека 7,5-годишната женка француски булдог била сакана членка на семејството Вилсон и „кога на Џеф му била најпотребна, ова мало куче храбро застанало меѓу него и мечката“.

„Таа никогаш не требаше да биде херој, таа не беше наш чувар.

Двојката одлучила да живее во рурална Северна Калифорнија за да биде поблиску до природата и нејзиниот див свет и биле уништени од нападот.

„Ова беше неиспровоциран и крајно необичен состанок што никој од нас не можеше да го предвиди. Можеме да тагуваме за Каси и да бидеме скршени од она што се случи, додека сè уште го почитуваме дивиот свет што припаѓа на овие места“, рече парот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сите гледаа во Дакота Џонсон- на премиера во Лондон се појави во прѕирен фустан (ФОТО)

Дакота Џонсон вчера вечер се појави на лондонската премиера на „Verity“ во проѕирен фустан од чипка под кој се гледаше долната облека.

Сите гледаа во Дакота Џонсон- на премиера во Лондон се појави во прѕирен фустан (ФОТО)

Актерката избра беж фустан направен од нежна чипка од дизајнерката Колин Ален за црвениот тепих. Креацијата имаше длабоко деколте со јака слична на шал и крој без ракави. Под проѕирниот фустан, 36-годишната Џонсон носеше контрастна црна долна облека од Fleur du Mal.

Изгледот го комплетираше со нејзината препознатлива права кафеава коса, црн маникир и златен ѓердан, нараквица и неколку прстени.

На премиерата, таа позираше и со Џош Хартнет, со кого глуми во нов психолошки трилер. Во филмот глуми и Ен Хатавеј. За настанот, Хартнет избра црно одело без вратоврска, широки панталони и модерна кроена јакна.

Проѕирните фустани станаа нејзин заштитен знак

Џонсон е веќе позната по изборот на транспарентни материјали за формални настани. На премиерата на филмот „Madame Web“ во Лос Анџелес во 2024 година, таа носеше мрежест фустан од Гучи украсен со кристали, под кој носеше долна облека во боја на кожа.

Во текот на септември 2025 година, таа двапати носеше транспарентни креации. Прво, таа избра црн фустан од чипка со цветен вез за вечерата „Грижа за жените“ на Фондацијата Керинг, а потоа светло виолетов фустан од Гучи на Филмскиот фестивал во Цирих.

На Меѓународниот филмски фестивал Црвено Море во декември 2025 година, таа носеше бел фустан од чипка со длабоко деколте од Клое.

„Се чувствувам убаво во нив, затоа ги носам“

Кога во октомври 2025 година германскиот Вог ја праша дали се грижи дека нејзините фустани се „премногу секси“, Џонсон одговори дека „едноставно не е загрижена“.

„Имав можност да носам некои од најубавите фустани и се чувствувам убаво во нив, затоа ги носам“, изјави таа за списанието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника во Берлин: Маж почина, повеќе лица се затруени со гумени бонбони

Повеќе луѓе во Берлин биле сериозно отруени, а еден 42-годишен маж почина откако консумирал гумени бомбони за кои се верува дека содржат THC. 

Паника во Берлин: Маж почина, повеќе лица се затруени со гумени бонбони

Берлинската здравствена служба издаде итно предупредување за опасните слатки. Властите истражуваат три поврзани случаи и се сомневаат дека сите жртви претходно јаделе THC бомбони, пишува БИЛД.

Најлошиот регистриран случај се случил на 22 септември во берлинскиот округ Нојкелн. На Киницер Штрасе, службите за итни случаи пронашле 42-годишен маж со срцев удар во 10:26 часот наутро. „Беше извршена реанимација, но за жал не беше успешна. Телото на починатиот беше предадено на берлинската полиција“, изјави портпарол на надлежната служба за БИЛД. Постојат индикации дека овој маж ги консумирал и спорните гумени бомбони пред неговата смрт.

Четири дена претходно, на 18 септември, беа пријавени два случаи на истата адреса во округот Фридрихшајн во Берлин. Пожарникарите прво интервенирале на Миленштрасе во 10:43 часот наутро поради 30-годишна жена со тешко нарушување на свеста. Според првичните информации, и таа јадела бомбони со THC. Малку повеќе од еден час подоцна, брзата помош пронашла 40-годишен маж со идентични симптоми на истата адреса.

Двајца биле успешно третирани

Двајцата биле пренесени во болница. Сите инциденти биле пријавени во Берлинската здравствена служба. Неговата портпаролка Дерте Арнолд потврдила за БИЛД дека се регистрирани неколку случаи во кои луѓето по консумирање на гумени бонбони со THC имале „различни степени на интоксикација со клиничка слика на опиоиден токсидром“.

Симптомите се во согласност со труење со опиоиди како што се фентанил, хероин, морфиум, оксикодон или метадон. Типични знаци вклучуваат конфузија или губење на свеста, бавно и плитко дишење и зеници со големина на глава на шпенадла. Во најтешките случаи, може да се случи прекин на дишењето и смрт.

Арнолд додаде дека Здравствената служба веднаш ги предупредила градските окрузи, клиниките и советувалиштата за опасностите од ваквите производи. Сè уште не е прецизно утврдено за која супстанца станува збор. Според информациите од BILD, двајца преживеани пациенти биле успешно третирани со налоксон. Станува збор за лек кој ги поништува ефектите на опиоидите и може брзо да ја запре респираторната депресија што е опасна по живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер