Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
1Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
СветЛами: Русија мора да прифати „итен, целосен и безусловен прекин на огнот“ во УкраинаБританскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, по разговорите во Париз за Украина со неговите американски и европски колеги, изјави дека Русија мора да се согласи на „итен, целосен и безусловен прекин на огнот“, јави ДПА.Лами сподели неколку детали за серијата состаноци што се одржаа во француската престолнина, но нагласи дека разговорите ја нагласиле заедничка посветеност на глобалната безбедност. Делегации од Германија и Украина, вклучително и украинскиот министеро за надворешни работи Андриј Сибига и шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, исто така беа присутни во Париз, како и американскиот државен секретар Марко Рубио и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф. - Во нестабилен свет, единството е нашата сила. Денешните состаноци со Франција, САД, Украина и Германија ја нагласуваат нашата заедничка посветеност на глобалната безбедност. Мораме да видиме праведен и траен мир во Украина и стабилност на Блискиот Исток. Напорно работиме со сојузниците за да обезбедиме траен мир во Украина. Русија мора да се согласи на итен, целосен и безусловен прекин на огнот, како што направи Украина, изјави британскиот министер. Разговорите за можен мир се одолговлекуваа откако Москва го отфрли предлогот за прекин на огнот за кој преговараа САД и Украина минатиот месец. Рубио и Виткоф се сретнаа и со францускиот претседател Еануел Макрон, а американскиот Стејт департмент соопшти дека разговорите се „да се унапреди целта на претседателот Трамп за ставање крај на руско-украинската војна и запирање на крвопролевањето“./МИАТагови: русија украина Луми Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДербито во ЗМанлестер за бранителот на тронот ПСЖ, Реал со пресврт до триумф во Рим Спектакл во Манчестер и Рим, но не помалку возбудливо беше и во другите градови, каде што се одигра 2. коло од Лигата на шампионите! Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Манчестер Сити со 4:2 на „Етихад“, додека Реал Мадрид, по неверојатен пресврт, ја победи Рома со 4:3 на Олимпискиот стадион. Уште од самиот почеток, ПСЖ покажа дека е подготвен за уште еден голем европски подвиг, а прашањето за победникот практично го реши уште во првото полувреме. Од друга страна, Реал Мадрид и Рома приредија вистински фудбалски трилер во италијанската престолнина. Кралевите од Мадрид со резулатски превсрт ги освоија бодовите против Рома. среда ЛАСК Линц - Ливерпул 3:6 Феенорд - Комо 3:2 Бетис - Порто 3:2 Рома - Реал Мадрид 3:4 Астон Вила - Фенербахче 6:0 Боде Глимт - Борусија Дортмунд Манчестер Сити - Пари Сен Жермен 2:4 Шахтјор - АЕК 3:1 Слован Братислава - Штутгарт 0:3 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаМаск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува Илон Маск посочи дека американската влада можеби стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува и да остане поврзано со интернет мрежата Старлинк и Спејс икс.„Старлинк“ е витална алатка што му овозможува на Киев да насочува беспилотни летала кон руски цели, а исто така и да го штити сопственото небо, но во вторник вечерта Украина соопшти дека неочекуваните нови ограничувања на брзината ги нарушуваат нејзините мисии на бојното поле. Советник на Зеленски рече дека верува оти ограничувањата не се случајност и се поврзани со најновите тензии меѓу Киев и Вашингтон. Маск рече дека „Старшилд“ е контролирана од американската влада и „сите ограничувања на брзината или употребата ги одлучува американската војска и на крајот Маск - пишувајќи на X - одговараше на молбите од украинските власти за враќање на поврзаноста, вклучително и од Зеленски, кој за британските медиуми изјави: „Се надевам дека е грешка, можеби технички проблем. Владата на САД не коментираше.во раните утрински часови во четврток, руските напади убија две лица во регионот Дњепропетровск, изјави регионалниот гувернер. Иако обете компании се во сопственост на „Спејсикс“ на Маск, „Старлинк“ е цивилна услуга што користи сателити во ниската земјина орбита за да обезбеди пристап до интернет, особено во оддалечени области, додека „Старшилд“ е дизајниран за владина и воена употреба.најмалку 600.000 луѓе низ цела Украина останаа без електрична енергија, а жителите рекоа дека не добиле никакво предупредување за дроновите пред да удрат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Апокалиптични сцени во Истанбул: Улици под вода, буица носи возила, затворени училиштаОбилните дождови предизвикаа големи поплави низ Истанбул, при што улиците се претворија во реки, автомобили останаа заглавени во водата, а беа поплавени и домови и деловни објекти. Во невремето настрада и едно момче, откако стапна во локва во парк. Момчето, идентификувано со иницијалите М.И., починлоа во паркот „Чукур Бостан“, во истанбулската населба Балат, во општината Фатих. Според информации од кабинетот на гувернерот на Истанбул, момчето било пренесено во болница во бесвесна состојба, но починало и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Надлежните органи започнаа истрага за да ги утврдат сите околности на овој случај. 🇹🇷 De violentes inondations soudaines ont frappé Istanbul, en Turquie, emportant des véhicules et submergeant les transports en commun https://t.co/SfeVIyGZ31 — Press TV Français (@fr_presstv) October 15, 2026 Разорните врнежи предизвикаа хаос низ градот, при што службите за итни случаи примија вкупно 2.518 повици поврзани со временските неприлики. Евидентирани се 1.277 случаи на поплавување, 15 свлечишта и 47 ситуации во кои луѓе останале заглавени поради водата. Исто така, пријавени се 13 паднати дрвја и два оштетени покриви. Според достапните податоци, невремето зафатило 808 станбени објекти, 280 деловни простории и 76 возила. Куќи, продавници, патишта и подвозници се поплавени, а бројни автомобили останаа заробени во водата. Во еден дел од градот, минувачи спасија жена која била носена по улицата од водената стихија, додека пожарникари извлекоа лице заробено во поплавен подрум. İstanbulda yağan güclü leysan nəticəsində küçələri su basıb. #İstanbul #leysan #oxuaz https://t.co/ep0LovPVNG — Oxu.Az (@oxuaz) October 15, 2026 Најсилните врнежи беа регистрирани во областа Омерли, во општината Бејкоз, на азиската страна на Истанбул. Таму беа измерени 193,84 литри дожд на квадратен метар. Во Арнавуткој беа регистрирани 125,9 литри на квадратен метар, додека во областа ИТУ Маслак, во општината Саријер, наврнаа 124,72 литри. Во Чаталџа беа измерени 75,2 литри на квадратен метар, во Картал 14,3 литри, а во Бакиркој 6,8 литри. Количината на врнежи на одредени локации доведе до брзо излевање на водата на улиците и поплавување на објекти, што дополнително го отежна движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот. Поради опасните временски услови, властите одлучија во четврток да ја прекинат наставата во училиштата низ Истанбул. Исто така, забранет е сообраќајот за мотоцикли поради опасностите на патиштата.Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter