Ламборџини со луда преработка- има шест тркала (ВИДЕО)

Иако сите го поврзуваат Lamborghini со неговите врвни суперспортски автомобили, фокусот на продажбата е на Urus.

И таму специјалните изведби се многу пожелни. Сепак, за најпосебниот се погрижи компанија од Флорида чија специјалност е преобразување на возила во огромни ѕверови 6х6. Токму така, има сѐ повеќе љубители на оваа екстремна компанија, која особено ја популаризираше Mercedes-Benz G 63 AMG 6×6.

Во меѓувреме, Hennessey ги понуди и своите верзии на американски пикап камиони, а сега на ред е Lamborghini Urus. Тешко е да се најдат зборови за да се опише резултатот од оваа преработка. Сепак, мора да се признае дека обработката е направена повеќе од коректно, а сопственикот сигурно платил подеднакво екстремна цена.

Екстензијата ја задржа основната форма на Urus, но со мали надградби на каросеријата и нови бандажи.

Утре без струја делови од Илинден и Арачиново

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од селата Мршевци, Бујковци, Бучинци и Грушино, како и фотоволтаиците Фото Солар, Сити Фешн и Го Страт во општините Илинден и Арачиново.

Од Регионалниот центар за управување со криз Скопје, повкувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопштуваат дека прекинот ќе биде во временскиот интервал од 07 до 14:30 часот.

Зеленски му се заблагодари на Бајден за поддршката за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Киев ја почитува „тешката, но силната“ одлука на американскиот претседател Џо Бајден да се повлече од кампањата за реизбор.

- Украина му е благодарна на претседателот Бајден за неговата непоколеблива поддршка на борбата за слобода на Украина, која заедно со силната двопартиска поддршка во САД, беше и останува клучна, објави Зеленски на Икс.

Тој потсети дека во изминатите неколку години биле донесени многу важни одлуки кои ќе останат запаметени како храбри чекори што ги презеде Бајден како одговор на предизвикувачките времиња.

Болтон: Трамп нема идеја како да стави крај на војната во Украина

 Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп нема идеја како да стави крај на војната во Украина, изјави неговиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон во интервју за Си-ен-ен.

Болтон алудираше на изјавата на Трамп, дадена за време на неодамнешниот разговор со претседателот Володимир Зеленски, дека ќе донесе мир и ќе стави крај на руско-украинската војна.

- Тоа е лудост. Тој нема поим како ќе преговара и како ќе стави крај на таа војна, наведе Болтон.

Поранешниот советник за национална безбедност нагласи дека блискоста на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин ќе доведе до отстапки во корист на Москва што би биле погубни за Украина.

притисни ентер