3Боледувањата под лупа на МВР - полиција ќе проверуваaт дали тие кои се на боледување се навистина болни
Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
Шоу бизЛајонел Ричи отпуштен од болница: Познатиот музичар се онесвести на сценаАмериканскиот пејач Лајонел Ричи е отпуштен од болница на домашно лекување, откако беше хоспитализиран, најверојатно поради дехидратација.Пејачот Лајонел Ричи, познат по хитовите „Hello“ и „All Night Long“, се пријавил во болница како превентивна мерка откако почувствувал слабост за време на настапот во Сент Луис за време на викендот, што го принудило да пее додека седи на стол, објави „ABC News“. Хоспитализацијата на Ричи се случила повеќе од два месеци откако почувствувал вртоглавица на сцената за време на првата вечер од неговата турнеја „Earth, Wind & Fire“ во Минесота на 24 јуни. Неколку видеа на социјалните мрежи го покажуваат Ричи како настапува додека седи за време на тој концерт. Потоа ги одложил концертите во Колумбус, Охајо, и Чикаго откако лекарите го советувале да се одмори. Ричи треба да одржи концерти во Лас Вегас во октомври и ноември. 🎤 LIONEL RICHIE REALIZÓ SU SHOW SENTADO Y TERMINÓ HOSPITALIZADO TRAS TERMINAR EL ESPECTÁCULO 🎼 El legendario cantante de 77 años debió concluir su reciente presentación en St. Louis sentado frente a su piano debido a complicaciones en su estado de salud. Tras finalizar el… pic.twitter.com/sCs97ifUzN — CANAL 26 (@canal26noticias) September 3, 2026 Извор: Б92Тагови: Лајонел Ричи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
ЗдравјеАлцхајмеровата болест во пораст - се појавува и кај помладиКај најмалку 24 илјади пациенти има Алцхајмерова болест, но нема само еден човек има целото семејство, тоа е живот каде еден член ги губи сеќавањата дека е член на тоа семејство. Во светски рамки, но и во Македонија се во пораст деменциите но и луѓе со симпотми на деменција доѓаат во своите педести години за први симптоми, објаснува доктор Габириела Новотни од клиниката за неврологија. Во Македонија конкретно се очекува овој процент се очекува да се зголеми за 166 проценти што значи ние сега треба да размилсуваме за идните две децении да имаме добар систем кој што ќе ги прифати новите идни пациенти со современи биомаркери“.. Она што е важно е целата грижа да не биде на товар на членови од семејства. Многу често овие лица се оставени и сами, и гледаме дека се бараат на социјалните медиуми како исчезанти, вели доктрка Новотни. Често не само еден член и другите членови во немоќ имаат депресија и здравствени проблеми. Од работни обврски, обврски кон други членови, а треба да се грижат и за лице кое не може само. Денешното мото е „Она што останува е љубов, емоција, емпатија“, и здружението и инстиутот за Алцхајмерова болест и неворнаука ќе имаат настан за подигнување на свеста во 18.30 во нардоната канцеларија на претседателот на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
ЗдравјеЗападнонилска треска: Тројца на интензивна нега, нема нови хоспитализацииЧетири дена по ред почнувајќи од 19-ти септември нема нови нови хоспитализации поради западнонилска треска.Сепак кај дел од пациентите кои се лекуваат на Инфективната клиника, здравствената состојба и натаму е сериозна.Тројца се на интензивна нега, а двајца од нив се на поддршка. Министерот Сашо Клековски, вели дека особено неизвесна останува состојбата на еден од пациентите, кој подолг период е во критична состојба и има потреба од поддршка. Клековски вели дека без разлика дали е прогласена епидемија, мерките на претпазливост остануваат исти – се врши дезинсекција околу местата каде што живеат заболените, а во Скопје е завршено и последното планирано прскање. Тој посочува дека има општини, особено во Повардарјето, каде што воопшто не се прска и каде е потребна поголема претпазливост иако засега нема регистрирани случаи, Наспроти тоа, заболени има и во општини кои се меѓу оние што најчесто спроведуваат дезинсекција. За општините кои не постапуваат по обврските и препораките утврдени од центрите за јавно здравје, Клековски смета дека треба да има и казнени мерки. Според Клековски, потребно е да се анализира и искуството на Грција, каде што значителен дел од случаите се регистрираат во продолжението на Повардарието, и да се утврди кои мерки таму даваат поинакви резултати. На подолг рок, смета дека треба да се менува и начинот на справување со комарците – во разумен период од три до пет години да се напушти авионското прскање и целосно да се премине на дезинсекција од земја. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУставен не поведе постапка по иницијативите на „Левица“ и „Демократи“ за Изборниот законик Уставниот суд не поведе постапка по иницијативите на Левица и Демократи за распределбата на средствата и медиумскиот простор за политичко рекламирање во изборните кампањи. Одлуката е донесена со мнозинство гласови. Претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, појасни дека се работело за прашање за кое Уставниот суд веќе имал одлучувано пред неколку години. -Не поведовме постапка. Со мнозинство гласови беше донесена одлуката. На мое жалење мнозинството судии остана конзистентно на својот став дека станува збор за „пресудена работа“, бидејќи овие одредби од изборниот законик пред неколку години беа оценувани и тогаш судот не поведе постапка. Јас и некои судии имавме поинакво мислење но одлуките на Уставниот суд ги прават мнозинството судии,- изјави – Дарко Костадиновски – Претседател на Уставен суд. Партиите оспорија 4 одредби од Изборниот законик со кои сметаат дека не се обезбедува еднаков третман, бидејќи двете најголеми партии од власта и опозицијата добиваат најголем дел од времето за политичко рекламирање, на сметка на помалите партии. Уставните судии за двете иницијативи расправаа во јули но тогаш немаше доволно мнозинство за да се донесе одлука. Костадиновски вели дека неговиот став и пред три години и сега е ист. -По мое длабоко убедување оваа законска одредба не создава фер и еднакви услови за сите субјекти. изјави – Дарко Костадиновски – Претседател на Уставен суд. Прашањето за фианснирањето на кампањите се очекуваше да биде опфатно и со нвоиот Изборен законик, но неговото доенсување пропадна откако партиите не супее да постигнат консензус... Сега Министерот за правда Јетон Шасивари најавува нови средби со претставници на парламентарните партии во обид тој да биде донесен. -За Иборниот законик планираме средби со сите партии бидејќи се носи консензуално и мора да се постави дијалог и партнерство со сите претставници на политички партии и актери што се значајни во тој процес. Во периодот што следи планирам средби со сите претставници на парламентарни партии и пратенички групи за заокружување на тој процес. изјави – Јетон Шасивари – Министер за правда. Освен моделот на финансирање на партиите во изборната кампања, Клучните несогласувања меѓу партиите остануваат околу барањето за една изборна единица и гласањето на дијаспората. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook