БалканЛајен ја пофали улогата на Унгарија во процесот на пристапување на Ц. Гора, Албанија и СрбијаУрсула Фон дер Лајен ја пофали улогата на Унгарија во процесот на пристапување на Црна Гора, Албанија и Србија.Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен истакна дека за време на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, кое завршува на крајот на годината, била постигната пресвртница во пристапниот процес на Црна Гора, Албанија и Србија. -За време на вашето претседателство, Европа беше проширена и надворешно; оваа недела постигнавте пресвртници на пристапниот пат на Црна Гора, Албанија и Србија, рече Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел синоќа по завршувањето на состанокот на Советот на ЕУ. Црна Гора затвори три поглавја во преговорите со ЕУ оваа недела, Албанија отвори уште еден кластер, а Советот за општи работи на ЕУ одобри испраќање писмо до Србија во кое ја поканува да ги достави своите преговарачки позиции за поглавјата 16 и 19 во рамките на кластерот за конкурентност и инклузивен раст. Фон дер Лајен го пофали шестмесечното унгарско претседавање со Унијата, истакнувајќи дека тоа се случило во период на транзиција помеѓу два политички циклуси, што, како што рече, секогаш е предизвик. Таа укажа на амбициозната декларација од Будимпешта и нејзината истакната цел за конкурентна Европа, како и нејзиниот преглед за тоа што треба да направи ЕУ за да стане водечка дестинација за бизнис. Таа посочи дека и за време на унгарското претседателство, укинувањето на контролите на копнените граници го отвори патот за Романија и Бугарија за целосно интегрирање во слободната Шенген зона, „таму каде што припаѓаат“. -Тоа е голем чекор напред што ја продлабочува Европа внатре, рече Фон дер Лејен. Како достигнувања за време на унгарското претседателство, таа ги наведе и усвојувањето на 15-тиот пакет санкции против Русија за поддршка на Украина, постигнувањето договор на Г7 за кредитна рамка и организирањето на многу успешен самит на Европската политичка заедница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЦрна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУЦрна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ.Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот парламент ги усвои предлог-измените на уставот што се однесуваат на судскиот и тужителскиот совет и на централната банка. Фото: ВИТагови: ЕУ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
ФудбалМанчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда. „Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска. Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра. Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСоветниците на СДСМ во Пехчево против дата центарПобараа тргање на точката од дневен ред!„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook