ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на власт
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на власт
БалканЛајчак утре во Белград на средба со Вучиќ Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог на Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан Мирослав Лајчак, утре, вторник, 14 ноември доаѓа во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.Во краткото соопштение од Службата за соработка со медиумите на српскиот претседател се наведува дека „Лалчак ќе се сретне со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ“, а во соопштението не е наведено дали ќе има прес конференција по средбата. Лајчак минатата недела ја посети и Приштина каде што се сретна со шефот на преговарачкиот тим Бесник Бисљими и претставници на косовската опозиција, кои потврдија дека разговарале со Лајчак за нацрт-статутот на Заедницата на српските општини (ЗСО) предложен од ЕУ и САД, а портпаролот на ЕУ Петер Стано изјави дека посетата е дел од напорите на ЕУ за почеток на процесот на дијалог. Следната средба на шефовите на преговарачките тимови на Србија и Косово на техничко ниво, чиј домаќин ќе биде специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, ќе се одржи во Брисел на 16 ноември, потврдија за Гласот на Америка во ЕУ. Портпаролот на ЕУ Петер Стано изјави дека фокусот ќе биде ставен на следните чекори во процесот на нормализација и спроведувањето на она што досега го договориле двете страни. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на властНа лагите од СДС им нема крај. Од СДС на Венко Филипче, континуирано си поигруваат со граѓаните и им создаваат паника.Еве неколку бројки со кои можеби на раководството на СДС поставено од Филипче ќе му биде појасно. Во месец јуни 2017 година просечната плата изнесувала 22.808 денари, а во мај 2024 година просечната достигнала 41.252 денари. Тоа е зголемување од 18.444 денари за 84 месеци, што значи дека просечната плата во просек се зголемувала за околу 220 денари месечно. Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше 40.961 денар. Во мај 2026 година, просечната плата достигна 49.544 денари. Тоа е зголемување од 8.583 денари за 23 месеци владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Во просек, просечната плата се зголемувала за околу 373 денари месечно. Во периодот на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата растела околу 70% повеќе месечно отколку во периодот кога на власт беа СДС и ДУИ. Не се потребни празни зборови и политички пароли. Бројките зборуваат сами за себе. Поголеми плати значат повеќе пари за семејствата, поголема куповна моќ и подобар животен стандард за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, а резултатите се гледаат во бројките. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМузичка програма за сите генерации на карпошовото културно летоВтората вечер од 17. издание на Карпошовото културно лето, на плоштадот „Делфина“, понуди разновидна музичка програма за сите генерации. Вечерта започна со настапот на најмладите членови на детскиот фестивал „Поточиња“, кои со своите песни внесоа посебна атмосфера и ги забавуваа најмладите посетители. Пред присутната публика настапи и „Пензионерски хор Карпош“, кој со изведба на македонски фолклорни песни придонесе кон негување и промоција на традиционалното музичко творештво. Музичката програма продолжи со настапот на „Тумбао Салса Бенд“, предводен од Петар Реџов, заедно со познатиот македонски музичар Сашо Гигов – Гиш. Тие пред бројната публика изведоа авторски песни и македонски музички евергрини, создавајќи енергична и позитивна атмосфера. На втората вечер од манифестацијата присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и членови на Советот на Општина Карпош, кои заедно со граѓаните уживаа во музичката програма. Во рамки на 17. издание на Карпошовото културно лето, годинава за првпат се реализира програмата „Кино на отворено“, наменета за сите љубители на филмската уметност. Програмата започна со проекција на филмот „Приказна за Силјан“, која се одржа во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“. До 27 август, секоја вечер од 20:00 часот, граѓаните ќе имаат можност секоја вечер да проследат филмски проекции на македонски филмови под отворено небо. Карпошовото културно лето продолжува со богата програма исполнета со музика, уметност, култура и содржини за сите генерации. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Македонија искачи 29 места на светската ранг-листа за сајбер-безбедностВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи значаен чекор напред во зајакнувањето на сајбер-безбедноста на државата. Како резултат на преземените мерки, Македонија се искачи од 59 на 30 место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, со 84,17 поени. Владата донесе нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, ја усвои Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 со Акциски план и ги зајакна механизмите за координација и реакција при сајбер-инциденти. Со овие мерки се создава посигурна дигитална инфраструктура, подобра заштита на податоците на граѓаните и поголема отпорност на државните системи. Ова е конкретен резултат од реформите и голем чекор кон модерна и безбедна дигитална држава, во интерес на сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook