Лајчак денеска во Косово во обид за обновување на дијалогот меѓу Приштина и Белград - Канал 5

Лајчак денеска во Косово во обид за обновување на дијалогот меѓу Приштина и Белград

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак се очекува денеска да го допатува во Приштина, во нов обид за обновување на дијалогот меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лајчак денеска во Косово во обид за обновување на дијалогот меѓу Приштина и Белград

Како што изјави Лајчак минатата недела, цел на неговата денешна посета е да подготви средба на ниво на главните преговарачи на двете земји во рамките на дијалогот што се одвива со посредство на ЕУ.

Овој пат, според извори од Брисел, по Приштина Лајчак нема да го посети Белград.

Минатата недела, додека учествуваше на безбедносниот форум Глобсек во Прага, европскиот емисар се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во меѓувреме, портпаролот на ЕУ, Петер Стано, ги повтори повиците до косовските власти да се воздржат од еднострани и некоординирани чекори, кои според Унијата би можеле да ги зголемат тензиите на северот на земјата, населен со мнозинско српско население.

„Ние се ангажираме со нашите партнери во Косово, им испраќаме пораки и се надеваме дека конечно ќе можеме да ги решиме овие прашања таму каде што им е местото, во рамките на дијалогот што го олеснува Европската Унија“, изјави вчера Стано./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лав растргна лавица во зоолошката во Загреб- објавена е снимка од нападот (Вознемирувачко видео)

Здружението „Анималекс“ го објави нападот на лавицата Тајри, која вчера беше нападната и убиена од лавот Уганда во Зоолошката градина во Загреб.

Лав растргна лавица во зоолошката во Загреб- објавена е снимка од нападот (Вознемирувачко видео)

На своите социјални мрежи денес објавија видео за кое тврдат дека ги прикажува вчерашните последни моменти на лавицата во Зоолошката градина во Максимир, објави Индекс.

Видеото прикажува лав покрај лавица како лежи на земја во живеалиштето. Од однесувањето на лавот и лавицата, не е јасно дали станува збор за игра или за нешто посериозно. Надвор од кадарот се слушаат гласови на луѓе и повик на лав. Од самата снимка не е можно да се утврди кога е направена или што се случило пред и по снимката. „Анималекс“ тврди дека смртта на лавицата е предизвикана од неодговорното однесување на дресерот и другите одговорни лица.

„Непрофесионалното, неодговорно и невнимателно однесување на дресерите и другите „експерти“ доведоа до смрт на лавицата, која беше насилно сместена во живеалиште со лав по 10 дена, без постојан надзор и без соодветна реакција на дресерите на нападите што ги доживуваше секој ден“, објави здружението.

Не е познато што го натерало лавот да нападне.

„Анималекс“ понатаму тврди дека најмалку тројца посетители биле сведоци на нападот и дека персоналот на Зоолошката градина се обидел да го спречи лавот со викање. Тие тврдат дека лавицата била повредена претходно. Здружението бара оставка од директорот на Зоолошката градина и лицето кое одлучило да стави лав и лавица заедно во заеднички живеалиште.

За потсетување, Зоолошката градина вчера изјави дека животните биле успешно споени во помошниот простор на 10 јули, додека од 21 јули престојувале заедно во надворешниот дел од живеалиштето. „Двојката се сложувала добро и немало индикации дека може да се случи таков настан“, објавија вчера.

Директорот на Зоолошката градина, Иван Цизељ, изјави дека животните биле под постојан надзор од нивното пристигнување и дека живееле заедно во последните 12 дена без инциденти. Од Зоолошката градина изјавија дека сè уште не знаат што го натерало лавот да нападне. Тие изјавија дека нивните вработени постапиле во согласност со протоколите по нападот и дека посетителите и вработените во ниту еден момент не биле загрозени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гевгеличанец во БМВ „летал“ со 204 км/час кај Смоквица, уапсен е

Гевгеличанец возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволеното, запрен е и лишен од слобода, следува соодветна пријава.

Гевгеличанец во БМВ „летал“ со 204 км/час кај Смоквица, уапсен е

На 29.07.2026 во 21:26 часот на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ж.Д.(29) од Гевгелија.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ж.Д. управува патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.

Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица

Акциска контрола во угостителски објекти во гостиварско, затекнати 15 странски државјанки, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица

Денеска (30.07.2025), во периодот од 02:00 до 04:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во два угостителски објекти на подрачјето на ОВР Гостивар.

При контролата во с.Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот од слобода е лишен М.Х.(50) од с.Форино, гостиварско. Тој, откако ги забележал полициските службеници пред објектот, ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат, но по брза реакција на полициските службеници на задниот излез било спречено бегство на повеќе женски лица – странски државјанки.

Додека, пак, во угостителски објект на подрачјето на Полициското одделение Галате, полициските службеници го лишија од слобода А.А.(53) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена марихуана.

При контролите во двата објекта, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, приведени се вкупно 15 странски државјанки на возраст од 19 до 40 години од Србија, Албанија и Колумбија, од кои 11 во угостителскиот објект во с.Чегране и четири во угостителскиот објект во подрачје на Полициското одделение Галате.

Сите се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер