Лафчиски учествуваше на 28. конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) - Канал 5

Лафчиски учествуваше на 28. конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 28. конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5).

Лафчиски учествуваше на 28. конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на 28. конференција на началниците на Генералштабовите на Вооружените сили од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), која се одржува во Тирана, Република Албанија.

На денешната конференција, чиј домаќин е началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Босна и Херцеговина, генерал-потполковник Гојко Кнежевич, се дискутираше на темата „А-5 за стабилност и соработка: Изградба на безбедна средина преку цивилно-воена синергија и регионален дијалог“.

Во рамките на конференцијата генералот Лафчиски ја истакна важноста на цивилно - воената соработка помеѓу А-5 земјите, особено во време на глобални предизвици кои бараат заеднички одговор и координација. Генералот нагласи дека регионалната соработка претставува клучен елемент за изградба на стабилност, безбедност и доверба. Дополнително, се даде акцент на силната соработка на Армијата со цивилните структури на нашата држава, што претставува значаен пример за ефикасно користење на сите општествени капацитети во справување со елементарните непогоди, кои ја зафатија државата.

По завршување на конференцијата потпишана е заедничка изјава со која се потврдува заложбата за натамошно зајакнување и продлабочување на односите, како и проширување на воената соработка со цел унапредување на регионалната безбедност.

Во рамките на програмата генералот Лафчиски оствари билатерални средби со дел од началниците на Генералштабовите од земјите членки на А-5, како и со врховниот командант на Сојузничките сили во Европа (SACEUR) воедно и командантот на европската команда на САД за Европа (EUCOM), генералот Алексис Гринкевич.

Како набљудувачи на конференцијата присуствуваа и воени претставници од Генералштабовите на Вооружените сили на Словенија и од Косовските безбедносни сили, а во улога на гости беа и командантите на Националните гарди од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите членки од А-5.

Ден претходно се одржа конференција на главните подофицери на Вооружените сили на земјите членки на А-5.

Канцеларија за воени односи со јавноста

Генералштаб на Армијата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

Од полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

.Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ.

Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада.

Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта Кос

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер