Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
2Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
МакедонијаЛабудовиќ: Не ветувам чуда - ветувам знаење, посветеност и одговорност„Заедно со мојот тим и со граѓаните ќе изградиме подобар, почист, поуреден, позелен и похуман Центар. “„Заедно со мојот тим и со граѓаните ќе изградиме подобар, почист, поуреден, позелен и похуман Центар. Затоа што Центар е повеќе од општина - тој е енергија, приказна и начин на живот, место каде што се среќаваат уметноста, младоста, историјата и секојдневнието што го создаваат духот на Скопје“, порача на завршната прес конференција кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ. Тој најави дека еден од најубавите капитални проекти предвидени во неговата програма е изградба на Плоштад Феникс, како симбол на новата енергија. „Тоа ќе биде нов, модерен и зелен плоштад - место за култура, уметност, музика, семејства и пријатели. Место каде ќе градиме нови спомени, место кое ќе стане симбол на градот Скопје и гордост на центарци“, рече Лабудовиќ. Плоштадот ќе биде дел од комплексот за нова општинска зграда, која ќе биде пример за самоодржливост, еколошки пристап и иновација. „Важно е да напоменеме дека под целиот овој простор предвидени се подземни паркинг места за жителите на општина Центар. Општинската зграда, подземниот паркинг и сите капитални инвестиции ќе го направат животот во Центар полесен и поуреден“, нагласи Лабудовиќ. Тој најави борба против бетонизацијата што го задушува Центар и враќање на зелената боја, рамнотежата и убавината во општината. „Бетонизацијата и корупцијата мора да се запрат во корен. Ќе садиме дрвја, ќе создадеме мини-паркови, детски и спортски игралишта. Ќе го претвориме секој запуштен агол во простор што носи живот, а не бетон“, рече Лабудовиќ. Лабудовиќ истакна дека еден од неговите приоритети се децата и најави подобрување на условите за образование, безбедносни рути до училиштата и поддршка на младите таленти. „Во Центар, секое дете ќе има здрав, топол и вкусен оброк, подготвен од лиценцирани нутриционисти со свежи, домашни и внимателно избрани производи. Во секое училиште ќе има 24/7 физичко обезбедување затоа што безбедноста на децата не смее да зависи од буџетот на родителите“, посочи Лабудовиќ. Ќе има значително зголемување на капацитетите за паркирање, со нова катна гаража во Буњаковец, но и воведување смарт-систем. Паркирањето ќе биде лесно и достапно, како што му доликува на Центар. Со проекти како Центар хаб и Здравствен хаб ќе се создададат нови простори за дружење и грижа. Лабудовиќ ги повика граѓаните да излезат на гласање в недела, испраќајќи пораката: „Јас не ветувам чуда, но ветувам знаење, посветеност и одговорност. Ветувам општина што ќе ги слуша граѓаните и заедно со нив ќе изгради поубав и подостоинствен Центар.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери. Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија. Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки. Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија. И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облекаМузејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше... Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет. Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година. Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз. Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед. https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embedТагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаПијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот ОкеанПијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари. Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет. Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон. Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба. Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот. Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден. Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот. Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода. „Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој. „Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter