Лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ меѓународно оценета со максимален успех - Канал 5

Лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ меѓународно оценета со максимален успех

Лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ меѓународно оценета со максимален успех на надворешниот тест на компетентност за детекција на Ковид-19.

Лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ меѓународно оценета со максимален успех

Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје (ИЗЈ) го помина со максимален успех надворешниот тест на компетентност за детекција на SARS-CoV-2, спроведен од Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ).​

Како што соопшти Министерството за здравство, ова е исклучително значајно признание со кое се потврдуваат заложбите на здравствениот систем за справување со вирусот КОВИД-19.​

Министерот за здравство Венко Филипче, вчера ги посети вработените во Институтот и им честиташе за успехот.

– Неодамна, експертски тим од Светската здравствена организација ја прогласи лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје за национален инфлуенца центар и рамноправен член на глобалниот систем за надзор и одговор на грип. За таа цел, експертскиот тим спроведе мисија за проценка и верификација на капацитетите на лабораторијата. Сето ова е уште една потврда за квалитетот на резултатите кои произлегуваат од лабораторијата на Институтот за јавно здравје, заедно со конфирмацијата на резултатите од референтната лабораторија на СЗО за детекција на SARS-CoV-2 – Шарите од Берлин, Германија", изјави министерот Филипче.

Инаку, како што информира Министерството, лабораторијата за​ вирусологија е опремена со високо софистицирана опрема и современи и валидизирани реагенси и тестови, а воедно е кадровски екипирана со искусен и добро обучен персонал.​

Оваа лабораторија​ е​ референтна лабораторија во земјата за детекција на вирусни заболувања, вклучувајќи​ грип, морбили и рубеола, арбовируси (западно нилска треска, усуту вирус, вирус на крлежен енцефалкит, ЗИКА, вирус на рифт валеј треска и др), како и вируси на хеморагични трески – хантавирус, кримско-конгоанска треска и други, се додава во соопштението на Министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни

СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. 

Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни

СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет.

Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за здравство и Рената Младеновска како директор на Државниот инспекторат за санитарен и здравствен инспекторат не мрднале ни со прст по ниту еден извештај за неисправноста на водата во Гостивар. Молчеле што укажува дека се грижеле за функциите, власта и интересите на мала група на луѓе од власта.

Филипче и Младеновска замислете уста не отвориле за околу 400 документи кои укажувале дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет.

За разлика од нив, од оние седум години владеење на СДС, сега Владата и сите надлежни институции реагираа веднаш, по што за само една недела граѓаните на Гостивар добија технички исправна вода. Во меѓувреме, секојдневно се работи на тоа граѓаните на Гостивар да добијат и флаширана вода за пиење додека се санира ситуацијата и водата не ги добие сите соодветни карактеристики што ќе укажат дека е и за пиење.

Сега останува само надлежните институции од правосудството да реагираат, поточно јавното обвинителство, да ги истражи документите од тој период бидејќи последиците се далекусежни.

Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Свети Николе не е за пиење: Утврдени се микробиолошки отстапувања на две мерни места

Три дена во Свети Николе не се пие водата од водоводот. Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење.

Водата во Свети Николе не е за пиење: Утврдени се микробиолошки отстапувања на две мерни места

„При редовни неделни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа, и покрај утврденото присуство на резидуал хлор од 0,4 мг/л кој е главен индикатор за безбедна вода за пиење, се утврдени и микробиолошки отстапувања. Се работи за примерок земен од чешма која е на отворен простор во јавен објект, кој е непосредно до местото на дефектот, што во моментот се санира и уште еден примерок земен од внатрешна водоводна мрежа на комерцијален објект“, се наведува во соопштението од јкп комуналец свети николе, кое го сподели градоначалникот Владев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во автобус на фудбалски клуб пронајдени 86,5 кг марихуана

Скандал на векот во фудбалот на Боливија. Во автобус на клуб пронајдени 86,5 килограми марихуана!

Во автобус на фудбалски клуб  пронајдени 86,5 кг марихуана

Фудбалскиот натпревар меѓу Боливар и Сао Паоло падна во втор план поради неверојатниот скандал што ја потресе експедицијата на бразилскиот гигант!

Боливиската полиција заплени дури 86,5 килограми марихуана во автобусот што требало да ги превезува фудбалерите на бразилскиот Сао Паоло, а поради целиот случај се уапсени тројца возачи.

Инцидентот се случи во близина на Кочабамба, каде што припадници на боливиската полициска единица УМОПАР (UMOPAR) запреле автобус за рутинска контрола.

Но, неочекуѕвано во автобусот биле пронајдени четири торби полни со дрога, по што следувла голема полициска операција.

Возилото било ангажирано за потребите на експедицијата на бразилскиот клуб, но било запленето пред да може да ги преземе играчите.

Сао Пауло за „UOL“ потврди дека превозот бил организиран од боливиската компанија „Buses Cosmos“, која обезбедила втор автобус по полициската акција.

Така, експедицијата на бразилскиот гигант го продолжила патувањето без проблеми, додека полицијата ги привела тројцата возачи одговорни за возилото. Според информациите од Бразил, компанијата „Buses Cosmos“ ја презела одговорноста за ангажираните возачи и изјавила дека клубот немал никаква поврзаност со запленетата дрога.

Сао Пауло се наоѓа во Боливија за натпреварот од осминафиналето на Копа Судамерикана против Боливар, а клубот изготви посебен план за патување поради надморската височина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер