L'Equipe: Судијата го упропасти натпреварот, заслужи чиста единица - Канал 5

L'Equipe: Судијата го упропасти натпреварот, заслужи чиста единица

Франција го победи Парагвај со 1–0 во натпревар од осминафиналето на Светското првенство, одигран на екстремна жештина со температури што надминуваа 40 степени. 

L

Јужноамериканската екипа долго време им одолеваше на нападите на актуелните вицешампиони на светот, но Французите на крајот ја обезбедија победата благодарение на голот од пенал на Килијан Мбапе во 70-тата минута.

Парагвајците играа поагресивно од Французите во текот на целиот натпревар. Направија 13 прекршоци, а не добија ниту еден картон. Узбечкиот судија Илгиз Танташев ја доби најлошата можна оценка од престижниот француски весник „Л'Екип“ – единица.

„Тој го уништи натпреварот. Не покажа ниту еден жолт картон за парагвајските играчи“, се наведува во написот на „Л'Екип“. Кој е Илгиз Танташев? Илгиз Танташев е 41-годишен узбечки судија кој е на листата на ФИФА од 2013 година.

Во 2021 година ја доби наградата за најдобар судија во Узбекистан. Има судено најмногу натпревари во Азија, на турнири како што се Азискиот куп, Индиската лига и Саудиската лига. Тој судеше и на Олимписките игри во 2024 година. Судењето на Светското првенство претставува најголемо достигнување во неговата кариера.

Натпреварот меѓу Парагвај и Франција е негов трет на ова првенство. Претходно, во групната фаза, судеше на натпреварите меѓу Шкотска и Мароко (0:1) и меѓу Алжир и Австрија (3:3).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Општина Центар  ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување.

„Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.

Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп.

На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер