Квитова го освои Токио - Канал 5

Квитова го освои Токио

Во првиот сет чешката тенисерка направи два брејка, за во вториот Кербер посилно да возврати со три освоени гемови на сервис на противничката.

Квитова го освои Токио
Квитова го освои Токио

Чешката тенисерка Петра Квитова е победничка на ВТА турнирот во Токио кој се играше за награден фонд од 2,4 милиони долари. Квитова утрово ја победи Анжелика Кербер (Германија) со 2:1 – по сетови 6:2; 0:6 и 6:3.

Во првиот сет чешката тенисерка направи два брејка, за во вториот Кербер посилно да возврати со три освоени гемови на сервис на противничката. Одлучувачкиот сет започна со четири освоени гемови на победничката што беше доволно за рутиниран финиш.

За Квитова ова е втора титула на силни турнири по триумфот во Дубаи, а вкупно 11 во кариерата./MIA/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 59: Партијата на Турците влегува во власта со министерско место

Пратеникот од Демократската партија на Турците се приклучи кон ВМРО-ДПМНЕ, со што владејачкото мнозинство сега брои 59 пратеници. 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 59: Партијата на Турците влегува во власта со министерско место

Парламентарното мнозинство доби уште еден пратеник - Демократската партија на Турците се приклучи кон коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што оваа пратеничка група сега ќе брои 59 пратеници. ДПТМ ќе добие министерско место во Владиниот кабинет како и раководни позиции во одредени институции, најави премиерот Христијан Мицкоски.

„Членот во Владиниот кабинет и неговите обврски ќе бидат претставени пред јавноста и парламентарците следната недела. Ќе има поголем опсег портфолиото на членот на Владата кој што доаѓа од ДПТМ, ќе опфаќа повеќе области, но нема да застанеме тука. Јас очекувам дека ДПТМ ќе предложи сериозни кандидати кои што ќе бидат дел од другите институции и ќе предводат други институции.“

Името на новиот министер ќе биде познато следната недела, а коалициската соработка со ДПТМ ќе важи и за следните изборни циклуси, посочи премиерот. ДПТМ во Собранието е застапена преку пратеникот Бејџан Иљаз, кој беше избран како дел од Европскиот фронт предводен од ДУИ. Сепак, партискиот лидер Зулфикар Зејнула, вели дека политичкото партнерство со ЕП е раскинато уште пред локалните избори и оттогаш во Собранието дејствуваат независно.

„Ние со Европскиот фронт пред година дена раскинавме договор, пред локални избори и година дена ДПТМ и во парламентот бевме како независна партија а исто така и во парламентот делувавме со пратеникот како независна партија. Затоа, не дека се направи пресврт, туку сега успеавме да се договориме и сега се направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за долги, долги години.“

Реконструкцијата на Владата се очекува да заврши следната недела најпрвин со разрешување на дел од акутелните а потоа и со гласање на новите осум министри.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чарли Шин мора да ѝ исплати 500.000 долари алиментација на поранешната сопруга

Чарли Шин и неговата поранешна сопруга Брук Милер го завршија долгогодишниот спор околу неплатената алиментација. 

Чарли Шин мора да ѝ исплати 500.000 долари алиментација на поранешната сопруга

Според постигнатиот договор, актерот ќе ѝ исплати вкупно 500.000 долари (околу 440.000 евра).

Судијата во Лос Анџелес ја потврди спогодбата на 7 јули, а според судските документи, 60-годишниот Шин мора да плати половина од износот до петок, 10 јули, додека преостанатиот дел треба да се плати до 1 септември.

Во судскиот поднесок се наведува дека Шин се согласил на спогодбата откако „го разгледал ризикот од судски спор и поврзаните трошоци и одлучил дека е подобро да се решат овие прашања отколку да се биде изложен на неизвесностите од судскиот спор“. Со ова се заврши спорот во врска со неплатената алиментација и камата поврзани со периодот од 1 март 2011 година до 1 јули оваа година.

Според договорот, Шин и 48-годишната Милер, кои ги имаат 17-годишните близнаци Боб и Макс, во иднина ќе ги сносат трошоците за грижа за децата додека се со нив. Покрај тоа, Шин ќе мора да плати 60.000 долари (околу 52.800 евра) за судските трошоци на неговата поранешна сопруга до 15 октомври.

Крај на правната битка

Спорот започна во декември минатата година, кога Милер поднесе тужба тврдејќи дека Шин ѝ должи речиси 9 милиони долари (околу 7,9 милиони евра) неплатена алиментација, со дополнителни повеќе од 6 милиони долари (околу 5,3 милиони евра) камата и 25.000 долари (околу 22.000 евра) судски трошоци.

Во судските документи, таа навела дека во април 2010 година, на Шин му било наредено да плаќа 55.000 долари месечно (околу 48.400 евра), но дека од јули 2011 година, тој не ги плаќал редовно тие обврски.

Турбулентно минато и помирна врска

Шин и Милер беа во брак од 2008 до 2011 година, а нивната врска беше нарушена од бројни проблеми, вклучувајќи битки за старателство над децата, медицински патувања и инцидент од 2009 година во кој актерот наводно ѝ се заканил на Милер со нож.

И покрај нивното турбулентно минато, нивната врска стана помирна во последниве години, а поранешните сопружници повремено јавно покажуваат поддршка еден кон друг.

Во 2019 година, Шин коментираше за одлуката на Милер да побара помош во трауматски центар, велејќи за TMZ: „Мислам дека е на вистинското место“, додавајќи: „Се надевам дека ќе ја добие потребната помош. Ние сме тука за неа секогаш кога ќе се јави. Таа знае каде да нè најде“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Удар за подземјето: Во Драч уапсени двајца членови на криминалната група „Беланоца“

Во Драч се уапсени двајца припадници на криминалниот клан „Беланоца“, кои се бараа со меѓународни потерници за убиства и шверц со оружје. 

Удар за подземјето: Во Драч уапсени двајца членови на криминалната група „Беланоца“

Уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“ во Драч Албанија. 26 годишниот М.Џ од Скопје и 34 годишниот С.Н роден во Норвешка за кои Интерпол имаше издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела: убиство, убиство во обид, тешка телесна повреда, недозволено држење и тргување со оружје и злосторничко здружување.

„При лишувањето од слобода, кај лицата пронајдени се фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата. Акцијата е резултат на повеќемесечна соработка на Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Р. Албанија“, соопшти МВР попладнево.

Инаку, сега уапсениот М. С, минатата година избега од Македонија, тој се сомневаше за убиство на армиски офицер пред селото Батинци, за него се водеше меѓународна потерница, а претходно за него имаше обвинение за уште едно убиство. Од МВР посочуваат дека оваа акција е резултат на повеќемесечна меѓународна соработка меѓу Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба и албанските безбедносни институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер