Кварацхелија повеќе не е недопирлив во Наполи - Канал 5

Кварацхелија повеќе не е недопирлив во Наполи

Наполи викендов во 9. коло од Серија А го совлада Лече со резултат 1:0 и е лидер во поредокот со 22 бода. Квича Кварацхелија му го отстапи местото во стартната постава на Бразилецот Давид Нерес и на теренот се појави дури во 72. минута.

Кварацхелија повеќе не е недопирлив во Наполи

Тренерот на наполитанците, Антонио Конте, јасно им порача на италијанските медиуми дека Кварацхелија треба да се насочи кон тимските интереси, а не кон продолжување на договорот со зголемување на платата.

„La Gazzetta dello Sport“ го оцени настапот на Кварацхелија со скромни 6,0 - исто како и на претходната средба со Емполи.

Во исто време, директниот конкурент на Грузиецот за место во составот, Нерес, кој беше заменет со Кварацхелија, доби 5,5.

Во вторник, 29 октомври, Наполи ќе игра против Милан во Серија А на „Сан Сиро“./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки

Поддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 - „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“,.

Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки

Поддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 - „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, и вкупно 100.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство преку Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност, чии средства со ребалансот се зголемени од еден на два и пол милиони денари, беа во фокусот на обраќањето на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица, на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во организација на Националната федерација на фармери.

„Современата механизација ја олеснува обработката на земјата, а дигиталните решенија и вештачката интелигенција отвораат можности за попрецизно планирање и поефикасно производство. Ќе работиме тие можности да им бидат подостапни на жените, преку стручен совет, обуки и поддршка за инвестиции“, порача министерот Серафимовски.

Министерот Серафимовски информираше дека, според условите на јавниот повик за мерката 115, регистрираните земјоделски стопанства чиј носител или член е жена можат до 13 ноември 2026 година да аплицираат за средства за набавка на опрема за преработка и доработка на примарни земјоделски производи и за услуги за спроведување на деловниот план.

„Сакам и надоместокот за мајчинство од Програмата за социјална сигурност да стигне до секоја жена за која е наменет. Ги охрабрувам жените со статус на осигуреник–индивидуален земјоделец кои ги исполнуваат условите да се информираат и да поднесат барање до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој најдоцна до 10 декември 2026 година“, рече министерот Серафимовски.

Осврнувајќи се на податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во кој се евидентирани 129.226 земјоделски стопанства и 29.971 жена, од кои 3.918 се помлади од 40 години, министерот Серафимовски ја нагласи заложбата за поголемо учество на жените во управувањето со стопанствата и развојот на сопствени дејности, како и за надминување на стереотипот за земјоделството како „машка професија“.

„Во вашите успеси се гледа силата на македонското земјоделство, а во вашите идеи се препознава насоката за неговиот следен исчекор. Како министер, преземам обврска тие идеи да добијат поддршка, а вашиот глас да има поголемо влијание врз одлуките што ги носиме“, им порача министерот Серафимовски на жените земјоделки кои денес присуствуваа на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во Струмица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци доби нов ЕМГ кабинет

Денеска официјално го промовиравме новиот ЕМГ кабинет во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, објави на социјалните мрежи градоначалникот Митко Јанчев. 

Јанчев: ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци доби нов ЕМГ кабинет

-ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци.

Денеска официјално го промовиравме новиот ЕМГ кабинет во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, со што се прошируваат можностите за современа невролошка дијагностика и унапредување на здравствената заштита на пациентите од Кавадарци и регионот.

На промоцијата присуствуваа градоначалникот Митко Јанчев и директорот на Клиниката за неврологија, Јован Божиновски.

Електромиографијата (ЕМГ) е значајна дијагностичка метода за испитување на функцијата на периферните нерви и мускулите, која помага во откривањето и процената на различни невролошки состојби. Со воведувањето на оваа услуга, на пациентите им се овозможува полесен пристап до потребните дијагностички испитувања, без потреба за патување во други здравствени установи за секоја ваква услуга.

Како раководство на болницата, остануваме посветени на модернизација на медицинската опрема, унапредување на стручните капацитети и создавање подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна здравствена грижа за пациентите.

Наш приоритет е здравјето на граѓаните и постојаното унапредување на здравствените услуги што им се достапни, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во Сплит – 500 хулигани се тепаа на ривата пред 100 полицајци

Во центарот на Сплит синоќа дошло до судир меѓу навивачите на Хајдук и Ајакс, по што се уапсени 57 лица.

Видео: Хаос во Сплит – 500 хулигани се тепаа на ривата пред 100 полицајци

Според извештаите на хрватските медиуми, околу 150 припадници на навивачката група на хајдук, „Торцида“ ги нападнале навивачите на холандскиот клуб, а полицијата брзо интервенирала за да спречи поголеми нереди.

Меѓу уапсените има 19 холандски државјани. Се наведува дека кај нив биле пронајдени ножеви и школки, а изречени им се седумдневни затворски казни, како и двегодишна забрана за пристап до „Пољуд“ и Сплит.

По повод инцидентите, претставникот на Здружението на навивачи на Ајакс, Фабијан Нагцам, даде изјава за телевизијата AT5, барајќи силна реакција од УЕФА.

Тој нагласи дека безбедноста на гостинските навивачи мора да биде приоритет и предупреди на можноста од повторување на слични напади при гостувањата на европските натпревари.

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на стадионот „Пољуд“ ќе се одигра вечерва со почеток од 18:45 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер