Kвалитетна здравствена заштита за децата, задоволни родители и персонал, приоритети на новата директорка на Детската клиника

Голем е предизвикот и одговорноста, посочи новата директорка и изрази надеж дека со мали чекори напред ќе може да се придвижуваат работите кон подобро.

Kвалитетна здравствена заштита за сите деца кои се лекуваат на Универзитетската клиника за детски болести, задоволни родители и персонал, се приоритетите кои денеска на средба со новинарите ги презентираше новата директорка на таа јавна здравствена установа, Наташа Најденовска Алулоска.

– Се надевам дека ќе можам да дадам свој придонес во подобрувањето на работите на Детската клиника во однос на организацијата на работењето, од аспект на лекување на новороденчињата, квалитетна здравствена заштита на сите деца кои се лекуваат на Клиниката и од аспект на заводолни родители и персонал, рече д-р Најденовска Алулоска.

Голем е предизвикот и одговорноста, посочи таа и изрази надеж дека со мали чекори напред ќе може да се придвижуваат работите кон подобро.

– Започнати се некои активности за подобрување на работењето, почнато е реновирање на Одделот за онкологија на кој престојуваат тешко болни деца. Ќе се залагам за воведување нови постапки и дијагностички и терапевтски процедури. Ќе поддржам и развој на Одделението за неонатологија, но и на сите други оддели на Клиниката, каде има потреба од доосовременување на протоколите на третман, просторниот и кадровскиот капацитет, доедукација и доопремување, додаде Најденовска Алулоска./МИА

76-годишна бабичка и нејзиниот 23-годишен сопруг снимаат порно видеа:Немаме цензура (ФОТО)

Има 53 години разлика помеѓу Алмеда и Гери Хардвик, но како што тврдат, тоа не е пречка за нивната љубов.

Алмеда (76) и Гери (23) се венчале во 2015 година откако се запознале на погребот на нејзиниот син Роберт, пишува The Sun.

Тие се среќни што го споделуваат својот приватен живот со следбениците на социјалните мрежи, а откако отвориле заеднички профил на „ТикТок“,започнале да снимаат порно и да продаваат еротска содржина на страницата за возрасни „ Only Fans“.

Оваа страница им овозможува на регистрираните членови да ги споделат нивните провокативни фотографии и снимки и да заработат пари на нив, а се чини дека Алмеда и Гери добро го искористиле тоа.

"Отворивме сметка и покажавме сè, без цензура. Само за една недела влеговме во топ 10 од најследените профили", напиша Гери на Твитер.

По венчавката, двојката се преселила во куќата на Алмеда и сега живеат со еден од нејзините внуци, кој е три години постар од Гери.

„Не барав момче, но Гери наиде самиот“, рече Алмеда. „Веднаш знаев дека тој е вистинскиот.

Две недели по нивниот прв состанок, Гери веднаш ја запросил по телефон и наскоро го истетовирал нејзиното име на неговите гради.

"Алмеда е млада по душа и возраста не ни е проблем. Ние дури и не размислуваме за тоа. Јас само знам дека Бог одговори на моите молитви денот кога таа влезе во мојот живот", заклучил Гери.

Португалија планира во првата фаза да вакцинира 10% од населението

Владата на Португалија денеска објави национален план за доброволно и бесплатно вакцинирање на граѓаните против коронавирус и објави дека во текот на првата фаза, која ќе започне следниот месец, ќе се вакцинираат скоро 10% од населението.

Предност ќе имаат оние над 50-годишна возраст со претходно постоечки болести, како што се васкуларни или респираторни заболувања, здравствените работници од првата линија и жителите и персоналот во домовите за стари лица.

Првата фаза на вакцинацијата треба да заврши меѓу јануари и февруари, изјави Франциско Рамос, координатор на владината работна група за вакцини. Тој додаде дека вакцините ќе се администрираат на 1.200 локации во здравствените домови низ целата земја.

Во втората фаза треба да се вакцинираат околу 2,7 милиони луѓе, пишува Ројтерс.

„Вакцинацијата е голем фактор на успех во борбата против пандемијата“, рече Рамос.

Министерката за здравство Марта Темидо рече дека Португалија купува 22 милиони дози вакцина против ковид-19 во вредност од 200 милиони евра. Властите потпишале договори со производителите на вакцини CureVac, Pfizer-BioNTech, Moderna, Johnson & Johnson, Sanofi и GSK.

Првиот човек на Барселона: би го продал Меси, ќе нема плата за фудбалерите

Привремениот претседател на Барселона, Карлес Тускетс изјави дека ќе го продадел Лионел Меси минатото лето ако можел и откри дека платите на играчите ќе бидат одложени во јануари.

Марка неодамна објави дека долговите на Барселона во јуни годинава изнесуваат дури 488 милиони евра.

Поради големите долгови, Барселона се согласи да ги намали платите на играчите и членовите на стручниот штаб на клубот, со што заштеди 122 милиони евра оваа сезона и 50 милиони евра во следните три години.

Тукетс изјави дека ќе го продадел Лионел Меси да можел, откако Аргентинецот изрази желба да го напушти клубот минатото лето.

"Гледајќи од економска страна, би го продал Меси. Кога ќе погледнете што би добиле и што би заштедиле. Ла Лига воведува ограничувања на платите", рече Тукетс.

Тој додаде дека клубот ќе доцни со исплати на платите во јануари.

"Играчите нема да добиваат плати во јануари. Тие имаат две исплати. Едната во јануари, а другата во јуни. Овој јануари нема да има исплати. Ова е одложено исто како и другите исплати," рече Тукетс.

притисни ентер