Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото
1Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото
РакометКвалификации за ЛОИ: Хрватска на мегдан со ДанскаИ додека дуелот меѓу Македонија и Полска е во фокусот на вниманието на целокупната македонска спортска јавност, денеска во рамките од квалификациите за ракометниот Олимписки турнир во Рио, ќе се играат уште два интересни натпревари.Во рамките на третата квалификациска група, чиј домаќин е данскиот град Хернинг, попладнево ќе се сретнат домаќинот Данска и селекцијата на Хрватска. Вториот натпревар од оваа група е дуелот меѓу Норвешка и аутсајдерот Бахреин. Во група 2, чии средби се играат во Малме, селекцијата на Шпанија за противник ја има Словенија додека домаќинот Шведска ќе игра против репрезентацијата на Иран. Потсетување, дека покрај натпреварот Македонија – Полска кој ќе започне од 20.30 часот, во групата 1 денеска ќе играат и репрезентациите на Чиле и Тунис. Пласман на Олимпијадата во Рио ќе обезбедат двете првопласирани селекции од секоја група. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
МакедонијаСиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвотоПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се обрати на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата.За неа, Струга е град што живее во ритамот на поезијата и место каде што со децении се среќаваат светските поетски гласови и љубителите на убавата реч, нарекувајќи го „најпоетскиот град на планетата“, каде песните создаваат култура и трајни духовни вредности. Во своето обраќање, таа истакна дека веќе 65 години Струшките вечери на поезијата ги поврзуваат меридијаните и го обединуваат светскиот поетски сој во Струшката бунтовна република на поетите, којашто се залага за подобар и похуман свет. Сиљановска-Давкова потсети на минатогодишното прашање за смислата на поезијата во време на војни, конфликти, дигитализација и отуѓување, оценувајќи дека и покрај сè поизразеното влијание на алгоритмите и вештачката интелигенција, поезијата и натаму ја задржува моќта да го менува човекот и општеството. „Бедата на светот и отчовеченото до непрепознавање човештво, не се искоренети и сѐуште се тука, дури и повидливо од лани. Не е доволно да ги покриваме очите и да се затскриваме. Време е да се соочиме со бедата на светот, нашата човечка беда. Време е за катарза, клекнати пред ѕидот на срамот, подолг и од Кинескиот“, порача таа. Посочувајќи дека книжевноста не е само естетски израз, туку и форма на општествен бунт, претседателката ги истакна пораките од творештвото на овогодишната лауреатка Анеке Брасинга. На крајот од обраќањето, таа рече дека присуството на фестивалот за неа не е само церемонијална и протоколарна претседателска должност, туку претставува привилегија и радост, по што официјално ги прогласи 65. Струшки вечери на поезијата за отворени. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката. „Почитуван директор на Струшките вечери на поезијата, г. Никола Кукунеш, почитуван министер за култура и туризам, г. Зоран Љутков, почитувани поети, ценети присутни, драги стружани, Да се биде во Струга, е дар за сетилата и мелем за душата, не само за Констатин Миладинов, туку и за мене. Струга сѐ уште е град на убавите струшки моми и град во којшто еснафот сака да има дуќан. Во Струга завршува љубовната идила и прегратка на Охридското Езеро и Црн Дрим, реката што тече во ритамот на поезијата. Струга е најпоетскиот град на планетава, градот што живее од емотивни изблици и со нив, во којшто песните креираат слики на радост и тага, плач и смеа, еднината станува множина, односно дело и култура. Веќе 65 лета, овој поетски дом поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика. Струга видела и неа ја виделе многубројни врвни учесници и лауреати на Златниот венец, поетски роднини на Прличев. Нивните имиња се посеани во Паркот на поезијата, заедно со засадените дрвја, како верни сведоци на безграничноста на поезијата. Благодарение на нив и на неа, ја победуваме ефемерноста на настаните и нештата што нѐ вознемируваат и нервираат со вечноста на духот. И годинава, овде во Домот на поезијата „Браќа Миладиновци“ сведочиме за едноставноста и скромноста на маговите на зборот, кои рецитираат небаре водат битка на живот и смрт, нѐ тревожат или галат, отвораат универзуми, нѐ соочуваат со болните вистини, нѐ фрлаат или спасуваат од водите на Дрим, небаре јагули желни за Саргасовото Море, нѐ учат и поттикнуваат на непокор, слобода, пркос, чувствителност и мудрост. Како езерски самовили, Струга и Охрид се сакаат, разбираат и си помагаат, па стиховите традиционално ќе ја исполнат и Света Софија, како и црковните бисери, Св. Наум и Св. Богородица Перивлепта, зазвучувајќи божествено со божјиот благослов. Драги поетски пријатели, Минатата година токму овде, на почетокот 64-тите СВП, во духот на словенската антитеза, се запрашав себеси, но и присутните за смислата на поезијата во овие тегобни времиња на војни и конфликти, виртуелни дигитални ентитети, кастрирани емоции, лажна и патетична ПР солидарност, страотна рамнодушност и апатија, како и вулкански ерупции на гнев и омраза... И покрај наездата од алгоритми и сурова вештачка интелигенција, сепак, поверував дека поезијата сѐ уште има моќ да го менува, па и да го спаси светот, како што рече Жан Пјер Симеон. Затоа сум пак тука, „за да го чуеме и почувствуваме чудниот глас што не може и не сака да исчезне“, како што рече минатогодишниот лауреат Иван Штрпка. Големиот Андре Бретон, творецот на надреализмот, пред речиси осум децении во неговата „На патот за Сан Романо“, напиша дека „поетската како и љубовната прегратка го покриваат погледот на бедата на светот“. Инаку ако побарате од семоќната и сеумната вештачка интелигенција да ви го најде македонскиот препев на оваа песна, ќе останете без одговор, па ви остануваат старите, верни библиотеки и книги. Бедата на светот и отчовеченото до непрепознавање човештво, не се искоренети и сѐ уште се тука, дури и повидливо од лани. Не е доволно да ги покриваме очите и да се затскриваме. Време е да се соочиме со бедата на светот, нашата човечка беда. Време е за катарза, клекнати пред ѕидот на срамот, подолг и од Кинескиот. Но уметноста е буревесник. Книжевноста била и останува да биде не само естетски, туку и општествен бунт. Звучам утописки? Еве што велат стиховите на нашата овогодишна лауреатка, венценоска Анеке Брасинга во песната „Кракотрајно“. „Само атомите и празнината се бесмртни“, рече Лукрециј. Она што нè врзува е тоа што сите ние ќе бидеме разложени до атоми. Она што нè врзува е што сме минливи и се љубиме, што повеќе го чувствуваме нашето заедничко спознание за смртноста на битието, на еден кон друг, отколку за тие проклети атоми. Смртта е премала и преголема, но животот е посилен, се соединува со краткотрајната сила на слабото, во особената случајност на оваа телесна средба, во радоста што сите атоми ги надминува. Дозволете на крајот, уште еднаш да потенцирам дека, за мене, можноста да бидам со вас не е само церемонијална и протоколарна претседателска должност. Таа е привилегија и радост. Затоа, со особена чест и задоволство ги прогласувам 65. Струшки вечери на поезијата за отворени. Да уживаме во поезијата страсно! “Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Струшки вечери на поезијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураСвечено отворени 65-тите Струшки вечери на пoезијатаСо палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчеравечер во Домот на поезијата во Струга почна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата.Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателката на Република Македонија г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, а свои обраќања имаа и министерот за култура и туризам, г. Зоран Љутков и директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата г. Никола Кукунеш. Посакувајќи им топло добредојде во Струга, директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш на свеченото отворање во Домот на поезијата, забележа дека во ерата на дигитална глобализација, соочени сме со нов, тивок, егзистенцијален предизвик и оти големите јазици се сериозна закана за малите. „Големите јазици, носени на крилјата на технологијата, се сериозна закана за малите јазици, кои водат лавовска битка да си го сочуваат здивот. Со гаснењето на еден мал јазик, не исчезнуваат само неколку илјади зборови од некој речник. Умира еден уникатен начин на кој се набљудува светот. Се брише една уникатна нијанса на залезот, која само на тој јазик може да се именува, испаруваат една специфична тага и една автентична радост. Не верувам дека постои несогласување околу фактот дека малите јазици се чувари на уникатните кодови поврзани со душата кои, доколку исчезнат, ниту еден голем јазик нема да може да ги преведе, замени или надомести“, подвлече Кукунеш. Според директорот на Струшките вечери на поезијата, јазикот опстојува само доколку секојдневно го живееме, создаваме литература или ја преведуваме, го исполнуваме дигиталниот простор со него, да не остане празно ехо од минатото, туку да пулсира како жив глас во иднината. „Прометејска е целта на сите нас кои живееме и создаваме во мали јазични средини, да го сочуваме тој пламен и да им го пренесеме на идните поколенија. Ставањето на јазикот во строги рамки, далеку од влијанијата однадвор, не нуди оптимистичка перспектива. Јазикот опстојува само доколку секојдневно го живееме, создаваме литература или ја преведуваме, го исполнуваме дигиталниот простор со него, да не остане празно ехо од минатото, туку да пулсира како жив глас во иднината. И денес, како и во минатите 65 години, сме тука во чест на струшките браќа Димитрија и Константин Миладиновци, на 165 годишнината од излегувањето од печат на „Зборникот“ - капиталното дело на македонската преродба. Повторно сме тука да им се поклониме и да им изразиме најдлабока почит, со завет дека нивното дело нема да му го препуштиме на заборавот. Од нив научивме дека поезијата може да живее насекаде, а од „Струшките вечери на поезијата“ дека Струга е нејзин дом“, додаде Кукунеш. За претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова да се биде во Струга е дар за сетилата и мелем за душата. „Струга е најпоетскиот град на планетава, градот што живее од емотивни изблици и со нив, во којшто песните креираат слики на радост и тага, плач и смеа, еднината станува множина, односно дело и култура. Веќе 65 лета, овој поетски дом поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика“, рече Сиљановска-Давкова. Струга, подвлече, видела и неа ја виделе многубројни врвни учесници и лауреати на „Златниот венец“, поетски роднини на Прличев. „Нивните имиња се посеани во Паркот на поезијата, заедно со засадените дрвја, како верни сведоци на безграничноста на поезијата. Благодарение на нив и на неа, ја победуваме ефемерноста на настаните и нештата што нѐ вознемируваат и нервираат со вечноста на духот. И годинава, овде во Домот на поезијата „Браќа Миладиновци“ сведочиме за едноставноста и скромноста на маговите на зборот, кои рецитираат небаре водат битка на живот и смрт, нѐ тревожат или галат, отвораат универзуми, нѐ соочуваат со болните вистини, нѐ фрлаат или спасуваат од водите на Дрим, небаре јагули желни за Саргасовото Море, нѐ учат и поттикнуваат на непокор, слобода, пркос, чувствителност и мудрост“, истакна претседателката на државата и покровител на манифестацијата. Сиљановска-Давкова смета дека поезијата сѐ уште има моќ да го менува, па и да го спаси светот и покрај наездата од алгоритми и сурова вештачка интелигенција. Уметноста, подвлече, е буревесник, а книжевноста била и останува да биде не само естетски, туку и општествен бунт. Вечерва Струга, како што подвлече министерот за култура и туризам Зоран Љутков, повторно станува место каде што зборот ја надминува својата книжевна форма и добива сила на духовен настан. „Струшките вечери на поезијата претставуваат една од најуспешните културни приказни на современа Европа. Тежината на оваа манифестација не лежи во нејзиното времетраење, туку во влијанието што го оставила врз современата светска поезија. Нивната вистинска вредност се наоѓа во фактот што овде, од година во година, се потврдува достоинството на различноста. Поезијата отсекогаш била еден од најсигурните начини на кои човештвото разговара со својата совест. Во стихот се зачувани стравовите и надежите на епохите, сеќавањата на народите и вечната човечка потрага по смисла. Оттаму произлегува и нејзината трајна вредност: таа не нуди готови вистини, туку го проширува хоризонтот на нашето разбирање за светот и за самите себе си. Токму затоа Струшките вечери на поезијата се повеќе од книжевен настан. Тие претставуваат сведоштво дека културата сè уште поседува сила да создава блискост таму каде што постојат разлики и да гради доверба таму каде што постојат растојанија“, рече Љутков. За поезијата на лауреатот на 65-тите Струшки вечери на поезијата, холандската поетеса Анеке Брасинга заклучи дека ја истражува границата меѓу видливото и невидливото, меѓу секојдневието и тајната што живее зад него. „Во нејзините стихови зборовите не го опишуваат светот. Тие го преиспитуваат. Не нудат готови одговори, туку отвораат нови хоризонти на мислата. Брасинга припаѓа на оние ретки автори кои успеваат од обичниот миг да создадат чувство на вечност. Нејзината поезија нè потсетува дека човекот не живее единствено во времето што го мери часовникот, туку и во времето што го создаваат спомените, соништата и надежта“, подвлече Љутков. Доделувањето на Златниот венец на Анеке Брасинга, според него, носи и дополнителна симболика. Македонија и Холандија со децении градат пријателство засновано врз заемна почит, разбирање и соработка. „Вечерва тие врски добиваат нов израз во просторот на културата, каде што народите се среќаваат преку своите најдлабоки духовни искуства. Политиката ги обликува односите меѓу државите, но културата ја создава нивната подлабока смисла. Таа создава трајни мостови во просторот на човечкото искуство“, додаде Љутков. На јубилејните 65-ти Струшки вечери на поезијата, кои годинава се одржуваат под мотото „Каде што живее поезијата“ учествуваат околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство. Покрај добитничката на „Златен венец“ за 2026 година, Анеке Брасинга од Холандија, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Даниел Хајндс од Обединетото Кралство, учествуваат и еминентни поети од Македонија, Грција, Турција, Мексико, Шпанија, Кина, Италија, Монголија... НУМ Струшки вечери на поезијатаТагови: Струшки вечери на поезијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
МетеоДенес сончево и топло со мала до умерена облачностВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени. Утре и задутре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook