РакометКузманоски го објави списокот играчи за Светското училишно првенство во СкопјеСелекторот на машката македонска ракометна репрезентација Горан Кузманоски го објави списокот на ракометари за настап на светското училишно првенство во период од 21-29 април 2026 година што ќе се игра во Скопје.Повикани се следниве ракометари: Атанасиј Труснов, Мели Фехми (голмани); Тома Симоновски, Андреј Георгиев, Лука Јовиќ (крила), Горазд Дамчевски, Марко Ѓорчевски, Петар Николовски, Трајче Костов, Давор Крстески, Стефан Ѓорѓиевски, Бобан Поповски (бекови), Ѓорѓи Лешниковски и Кристијан Вујичевски (пикери). Македонските малди ракометари се во групата А со селекциите на: Грузија, Саудиска Арабија, Бугарија и Република Српска. Свеченото отворање на шампионатот ќе се одржи утревечер со почеток во 19:30 часот. Тагови: Кузманоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Николоски ќе оствари работна посета во општина ТетовоДенес заменик претседателот на Владата и министер за транспрот, Александар Николоски ќе оствари работна посета во општина Тетово.Притоа ќе изврши увид во реконструираната улица "Штипска". Предвидено е министерот да даде изјава за медиумите.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривична пријава за полициски службеник: Испукал повеќе истрели од огнено оружје (ВИДЕО)Кривична пријава за полициски службеник за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.Р. полициски службеник од Полициска станица за граничен надзор Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“ по член 288 став 3 од Кривичниот законик. Имено на 22.05.2026 пријавениот полициски службеник во дворот на неговата семејна куќа, за време на семејна прослава, во присуство на поголем број гости испукал повеќе истрели од огнено оружје со што предизвикал опасност за животот и телото на присутните. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против З.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка–суспензија. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес сончево со мала облачностВремето денес ќе биде сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје, сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во недела ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец. Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter